Политика на Приватност

Вивендум Ратио Солушнс е посветен да ја почитува вашата приватност и да ги заштити вашите лични податоци. Оваа политика објаснува како ги собираме и користиме личните информации што ги добиваме преку нашата веб-страница, е-пошта, лично или од други извори.
Сите информации се користат во согласност со Законот за заштита на лични податоци од 1998 година и Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR 2018). Ова значи дека податоците нема да бидат откриени, продадени, изнајмени или позајмени на трети страни надвор од Вивендум Ратио Солушнс.
Податоци што ги добиваме од вас
Вие може да ни дадете лични податоци кога ќе контактирате со нас преку нашата веб-страница, прашалници за повратна информација, формулар за контакт, формулар за претплата на веб-страна, кога ќе се сретнеме лично или кога сме во контакт преку телефон, е-пошта или на друг начин. Личните податоци што ги давате може да содржат:
Вашето име
Вашата е-маил адреса
Во принцип, посетата на нашата веб-страница (vivendumsolutions.com.mk) се смета за анонимна. Веб – страницата на Вивендум Ратио Солушнс не ги идентификува лично своите посетители.

Заштита на лични податоци

Личните податоци што ги собираме од вас не се зачувани во рамките на Вивендум Ратио Солушнс. Единствениот начин за што се користат овие податоци е да ве контактираме повратно. Вие ќе бидете контактирани преку деталите за контакт што свесно сте ги дале или оставиле преку формуларот за контакт / претплата на нашата веб-страна.

Вашите лични информации се достапни само за овластени вработени заради контактирање со вас, во зависност од вашите преференции.
Имаме спроведено разумни административни, технички и физички безбедносни контроли за заштита од загуба, злоупотреба или промена на вашите податоци.
Меѓутоа, не можеме да гарантираме безбедност на информациите објавени преку Интернет или дека неовластени лица нема да добијат пристап до лични податоци. Во случај на пробив во личните податоци, Вивендум Ратио Солушнс ќе ве извести вас и соодветните регулатори за ваков прекршок, доколку е потребно.
Ако имате какви било прашања во врска со нашата политика за приватност или вашите информации, Ве молиме контактирајте не:

Вивендум Ратио Солушнс ДООЕЛ
Ул.Аминта III, 33А, кат.4, стан.17
1000 Скопје
Северна Македонија
Телефон: +389 71 33 75 82 или +389 71 33 75 92
E-mail: info@vivendumsolutions.com.mk