Center of Excellence

Евалуација на обуки
  • Од Менаџер до Лидер
  • Предизвици на Современиот Менаџер
  • Мотивација и Самомотивација
  • Ефикасно Управување со Време
  • Современи Менаџерски Вештини

Center of excellence за професионален развој на Вивендум Ратио Солушнс комбинира академска извонредност со експертиза од реалниот свет за да создаде трансформативно искуствено учење за организации и поединци.

Нашиот иновативен центар е посветен на персонализирање на динамично искуствено учење, совршено усогласено со вашите организациски или индивидуални цели и култура. Нашите програми за развој предизвикуваат висока ангажираност и интерес кај учесниците, а нивното влијание го следиме согласно моделот за евалауција Kirkpatrick 2016.

Методологијата по која работиме е насочена кон покривање на  70% – 20% – 10% изворите на знаења потребни за успешно учење.

70% – учење преку активности поврзани со работата

Практични задачи, персонализирани проектни задачи, клучни показатели на успех дефинирани пред почеток на активности поврзани со професионален развој како и менторство и coaching овомозжува имплеметација на знаењата на професионалците учесници во програмите за професионален развој имплементација на знаењата во работните средини и следење на резултати од нивна успешност.

20% – споделување на знаења и искуства со професионалци од други професии и индустрии

Многубројните студии на случај, истражувања и практични искуства во комбинација со можноста да комуницираат со сите професионалци дел од Center of Excellence на Вивендум Ратио Солушнс на учесниците ќе им обезеди здобивање на знаења и практични искуства кои ѓе допринесат до подобро решавање на проблеми на работните места но и развој на нови пристапи и иновативни методи во секојдневното работење.

10% – формални обуки

Тренинг центар сместен во просториите на  Вивендум Ратио Солушнс, опремен со модерна аудио-визуелна опрема е локацијата на која учесниците ќе се здобиваат со теретски знаења од областа на развој согласно најновите програми и методлогии  во областа полето на развој.

Посветени на користење на бенефитите на најновите технологии  и социјалните медиуми, на учесниците дел од центарот ќе им овоможиме мобилност,поголема поврзаност (без разлика на локација), можност за live споделување на искуства, прашања, проекти, успешни приказни, учење преку социјални медиуми, дигитално учење, дигитални bit-size учења и други современи начини на учење овозможени од новите технологии. 

Наши Програми

Академија за развој на менаџерски и лидерски вештини

 

Живееме во општеството кое е динамично, комплексно и непредвидливо карактеризирано со континуирана политичка нестабилност, голема стапка на иселување, променета демографија на работна сила, предизвици со квалификуваност и  продуктивност на работна сила.

Успехот, растот и додадената вредност на организациите како од приватниот така и од јавниот сектор зависи од лидери на сите нивоа на хиерархија, способни да управуваат во комплексна средина, подготвени за брза промена и развој на вработените.

Организациите се свесни за важноста од добар менаџмент и создавање на идни лидери, и се поголем фокус ставаат на развој на лидери и обезбедување на континуитет и раст во работењето.

Нашиот пристап при развој на менаџерски и лидерски вештини

Лидерството и лидерскиот пристап не е универзален и во голема зависност од средината и ситуацијата во која лидерот се наоѓа и работи. Ова се причините поради кои ние блиску соработуваме со менаџментот на нашите клиенти, се со цел да ги утврдиме клучните лидерски однесувања, начин на размислување, способности потребни за исполнување на стратегијата на организациите. Овие параметри ги користиме за развој на програми за развој на лидерски вештини кои вклучуваат техники и алатки како што се евалуации, симулации, практична примена на здобиени знаења и вештини, coaching и др.

Принципи на кои е засновата нашата методологија

Фактот што сме инволвирани во деловен консалтинг како и обука и развој на вработени, ни овозможи пристап до деловните цели, стратешки приоритети и организациона култура на нашите клиенти.

Имаме искуство со стратегии за развој на лидери кои даваат резултати како и стратегии кои не ги даваат посакуваните резултати.

Оваа искуство ни помогна во креирање на фактори за успех и нов пристап кој на организациите ќе им помогне во развој на моментални и идни лидери а со тоа придонесе до исполнување на нивните стратешки цели.

Нашата рамка на развој на лидерски вештини се базира на четири основни приници, и тоа:

  1. Дефинирање на “профил на лидер“ за одредена позиција во хиерархија во рамките на условите на деловното работење, стратегија и организациона култура
  2. Евалуација на лидерите од компаниите согласно создадениот “профил на лидер“
  3. Учење преку практична примена на наученото
  4. Поддршка на имплементација на наученото преку персонализирани техники и алатки, повратна информација и coaching


Нашата методологија     |      Нашите програми

Теории на менаџмент и лидерство
Опис на програмата:

Теориите на менаџмент и лидерство се развиени и применети со цел да ја подобрат ефикасноста на организациите, квалитет на услугите и производите и висока продуктивност.

Една од улогите на теории на менаџмент на работните места е да ја подобри ефикасноста и ефективноста на вработените. Tрадиционалните теории на менаџмент вклучуваат ригидни структури на практиките за управување, постепено губат на важност во денешните деловни средини. Од друга страна, модерните теории имаат позитивно влијание на новите стратегии на управување и се соодветни со препорачаните стандарди на денешното време.

Сепак практиките укажуваат дека организациите е потребно да применуваат концепти од традиционалните и модерните теории на менаџмент за да постигнат максимално ниво на ефикасност но и да не изгубат фокус од човечкиот фактор и развој и искористување на човечкиот потенцијал.

Со познавање и разбирање на теории на менаџмент и лидерство, менаџерите ќе имаат способност да утврдат која теорија е соодветна и од бенефит согласно видот и карактеристиките на работната средина.

Од оваа обука ќе научите:
  • Класични теории на менаџмент
  • Современи теории на менаџмент
  • Класични теории на лидерство
  • Модерни теории на лидерство
  • Кај учесниците ќе се изгради способност за идентификување на соодветни теории на менаџмент и лидерство кои соодтветствуваат на карактеристиките на работното место
  • Практична примена на принципи на теории на менаџмент и лидерство на работно место

Програма на обука

  1. Менаџмент – историја и современ пристап
    • Класичен пристап кон менаџментот
    • Анализа на пониско ниво на менаџмент
    • Детална анализа на менаџмент
    • Ограничувања на класичниот пристап на менаџмент
    • Бихејвиорален пристап на менаџмент
      • Истражување на Hawthorne
      • Препознавање на човечкото влијание
      • Движење на човечките ресурси
    • Научен пристап во менаџирање
    • Примена на научен пристап во менаџирање
    • Системски пристап во менаџирање
    • Нов пристап во менаџирање – организации кои континуирано учат
  2. Лидерство – историја и современ пристап
    • Теорија на “Големиот човек“
    • Теорија на “ карактер“
    • Бихејвиорална теорија
    • Ситуационо лидерство
    • Трансакционо лидерство
    • Трансформационо лидерство
    • Современо лидерство
    • Инспирационо лидерство
Стратешки менаџер
Опис на програмата:

Обуката Стратешки менаџер на учесниците им дава кратко и концизно објаснување за најважните концепти и техники на стратешко менаџирање.

Од оваа обука ќе научите:

  • Современи концепти на стратешко менаџирање
  • Да идентификувате проблеми и предизвици во комплексни ситуации и да идентификувате соодветни решенија и препораки
  • Да ги интегрирате здобиените знаења соодветно во ваша организација
  • Да се здобието со јасно разбирање за улога на организациона усогласеност во стратешки менаџмент
  • Да се здобиете со разбирање на моментална и идна средина во која организациите мора да функционираат
  • Да развиете аналитички и способност за носење на одлуки за решавање на концептуални проблеми на етички начин

Програма на обука

  1. Предизвици на современо менаџирање
    • Корпоративна социјална одговорност, етика и одржливост
    • Основи на социјална одговорност
      • Модел на Davis за социјална одговорност
      • Области на корпоративна социјална одговорност
      • Pros-cons опции за корпоративна социјална орговорност
    • Корпоративна социјална агилност
      • Утврдување на постоење на социјална одговорност
      • Агилност на социјална одговорност и носење на одлуки
      • Пристапи за постигнување на социјална одговорност
    • Менаџмент и активности поврзани со социјална одговорност
      • Планирање на активности
      • Организирање на активности
      • Влијание на индивидуи за активно учество во активности за социјална одговорност
      • Контрола на активности за социјална одговорност
    • Деловна етика
      • Дефиниција на етика и зошто етиката е витален дел од практиките во менаџментот
      • Етички кодекс
      • Создавање на етичка работна средина
    • Одржливост
      • Дефинирање на одржливост и одржливи организации
      • Чекори за постигнување на одржливост

  2. Менаџмент и различитост
    • Дефинирање на различитост
    • Предности од различитост во организација
      • Заштеда на трошоци
      • Зголемена продуктивност и иновативност
      • Подобро управување со квалитет
    • Стратегии за промовирање на различитост во организација
    • Улога на менаџер во активности за промовирање на различитост во организација

  3. Менаџмент во време на глобализација
    • Основи на интернационален менаџмент
      • Локални организации
      • Интернационални организации
      • Мултинационални организации
        • Комплексност на менаџирање со мултинационални организации
        • Ризик и мултинационални организации
        • Работна сила во мултинационални организации
    • Функции на менаџмент во мултинационални организации

  4. Менаџмент и претприемништво
    • Основи на претприемништво
    • Претприемачки вештини
    • Деловни можности
      • Видови на можности
      • Идентификување на можности
      • Евалуација на можности
      • Искористување на можности
    • Корпоративно претприемништво
    • Социјално претприемништво
    • Разлика помеѓу социјално и комерцијално претприемништво
Современи менаџерски вештини
Опис на програмата:

Обуката покрива три основни менаџерски принципи и области на работа и тоа: планирање, организација и контрола.

Првиот дел од обуката ти покрива основните принципи на планирањето како една од најважните функции на менаџментот. Посебен фокус се става на стратешкото планирање, односно на планирањето стратегии, тактики и компетитивна динамика на организациите. Во овој дел се обработува и процесот на носење на одлуки, а учесниците исто така ќе се здобијат со практично знаење за основните алатки кои се користат за подобрување на процесот на планирање.

Во дел организација се обработува клучниот концепт на организирање во менаџментот. Се нагласуваат важноста на одговорноста, авторитетот и делегирањето за постигање на менаџерска ефикасност. Во овој дел се посветува внимание и на разбирање на основните концепти за ефикасно управување со човечките ресурси, како и на процесот на управување со промени низ кои поминува секоја организација.

Последниот дел ја претставува контролата како една од главните функции на менаџментот. Главните теми опфаќаат обработка на основите на функцијата контрола, контрола и контролни алатки во производство, а исто така се обработува и поврзаноста на контролата со информационите системи и технологии со цел зголемување на оперативната ефективност и ефикасност на организациите.

Од оваа обука ќе научите:

  • Планирање, организација и контрола на својата и работата на подредените за да обезбедите постигнување на организационите цели
  • Идентификување и доделување на потребни ресурси за постигнување на организациони цели на оптимален начин
  • Поставување на цели и нивно усогласување со организациони стратешки цели
  • Континуирано следење и известување за резултати и промовирање на одговорност

Програма на обука

  1. Принципи на планирање
    • Дефинирање и цел на планирање
    • Предности и потенцијал на планирање
    • Вештини потребни за планирање
    • Чекори во процесот на планирање
    • Цели на организација
      • Утврдување на цели на организација
      • Области за поставување на цели во една организација
      • Работа согласно цели на организација
      • Насоки за поставување на цели
      • Менаџирање преку поставување на цели
    • Планирање и Извршен Директор
      • Финална одговорност
      • Асистирање во процес на планирање

  2. Носење на одлуки
    • Основи и дефиниција на процес на носење на одлуки
    • Одговорност за носење на организациски одлуки
    • Елементи на ситуација на носење на одлука
      • Рационален процес на носење на одлуки
      • Идентификување на проблем
      • Утврдување на алтернативни решенија
      • Избор на најповолно решение на пролем
      • Вештини потребни за носење на одлуки
      • Имплементација на решение
      • Собирање на повратна информација поврзана со проблем
    • Ограничена рационалност
    • Интуиција и носење на одлуки
    • Алатки за носење на одлуки
      • Теорија на веројатност
      • Мрежа за носење на одлуки
    • Групно носење на одлуки

  3. Стратешко планирање: стратегија, тактика и компетитивна динамика
    • Основи на стратешко планирање
    • Тактичко планирање
    • Споредба и комбинирање на стратешко и тактичко планирање
    • Компетитивна динамика

  4. Планови и алатки за планирање
    • Планирање
      • Видови на планови
      • Вештини потребни за планирање
      • Области на планирање
    • Алатки за планирање
      • Предвидување
      • Динамика на план

  5. Основи на организирање
    • Дефиниција на организирње и вештини за организирање
    • Процес на организирање
      • Класична теорија на организирање
      • Теорија за организирање, бирократски модел на Weber

  6. Одговорност, авторитет и делегирање
    • Одговорност
      • Опис на работно место
      • Поделба на активности на работа
      • Утврдување на работни активности на менаџери
    • Авторитет
      • Авторитет на работно место
      • Прифаќање на авторитет
      • Видови на авторитет
      • Надлежност
    • Делегирање
      • Чекори во процес на делегирање
      • Пречки во процес на делегирање и нивно елиминирање
      • Централизација и децентрализација
      • Одговорност и вештини за делегирање

  7. Управување со промени
    • Основи и дефиниција на управување со промени во организација
    • Промена наспроти стабилност
    • Фактори кои треба да се земат во предвид при управување со промени
      • Агент на промени
      • Утврување на област за промени
      • Вработени опфатени со промена
      • Вештини за управување со промени
      • Евалуација на промена
    • Промена и стрес
      • Дефиниција на стрес
      • Важност за следење на ниво на стрес во организација при промени
      • Управување со стрес во организација
    • Промена и конфликт
      • Дефиниција на конфликт
      • Стратегии за справување со конфликт
  8. Контрола, информации и технологија
    • Основи на контрола
      • Дефинирање на контрола и контролирање
    • Моќ и контрола
      • Дефинирање на моќ
      • Потполна контрола на менаџер
      • Чекори за зголемување на моќ
      • Како контролирањето да биде успешно
    • Суштина на информација
      • Фактори кои влијаат на вредност на информација
      • Евалуација на информација
    • Информатички технологии
    • Систем на информации
      • Опис на систем на информации
      • Управување со систем на информации

  9. Производство и контрола
    • Производство
      • Дефиниција на производство
      • Продуктивност
      • Енергија
      • Квалитет и продуктивност
      • Автоматизација
      • Стратегии, системи и процеси
    • Менаџирање на операции
      • Дефинирање на оперативен менаџмент
      • Контрола на операции
      • JIT контрола на инвентар
      • Контрола на одржување
      • Контрола на трошок
      • Контрола на буџет
      • Анализа на односи (ratio analysis)
      • Контрола на материјали
    • Алатки за контрола на операции
      • Управување по исклучок
      • Управување со поставување на цели
      • Break-even анализа
      • Останати алатки за контрола
Data driven менаџер
Опис на програмата:

Аналитика е дефинирана како процес на разбирање на дата преку создавање на соодветни и релевантни модели. Аналитиката во денешното вереме станува витален елемент и аспект во деловниот свет со помош на која тие не само што ги следат деловните резултати туку и ги квантификуваат резултатите како би дошле до подобро разбирање на тренdовите.

На оваа обука на учесниците ќе им бидат претставени основните принципи на data analytics. Обуката ја покрива важноста на data analytics и визуелизација за процесот на носење на одлуки во деловното работење, разлика помеѓу  data analytics, машинско учење како и начини како да изградите рамка за аналитика и искористите алатки за аналитика за да идентификувате важни информации поврзани со успех на деловното работење.

Од оваа обука ќе научите:

  • Како да решите аналитички проблем во секојдневното деловно работење
  • Утврдување на ефективни цели за аналитички проекти
  • Да работите со различни видови на дата
  • Важност од визуелизација на дата за подобрување на носење на деловни одлуки
  • Разберете и интерпретирате табели, графикони и алатки кои се користат во аналитика и визуелизација
  • Да создадете рамка за усвојување и интеграција на аналитика во деловно работење
  • Идентификување на нови трендови во областа на data analytics

Програма на обука

  1. Основи на data analytics
    • Термини и дефиниции
      • Аналитика
      • Бихевиорална аналитика
      • Big Data
      • Аналитика од различни канали
      • Степен на одбивање
      • Квалитет на дата
      • Чистење на дата
      • Визуелизација на дата
      • Машинско учење
      • Структурирана дата
      • Неструктурирана дата
  2. Употреба на data analytics
  3. Предизвици и ризици од користење на data analytics
  4. Видови на аналитика
    • Предвидувачка аналитика
    • Дескриптивна аналитика
    • Прескриптивна аналитика
  5. Техники кои се применуваат во data analytics
    • Association rule learning
    • Decision tree анализа
    • Генетски алгоритми
    • Машинско учење
    • Sentiment анализа
    • Анализа на социјални мрежи
  6. Основи на data mining
    • Бенефити од data mining
    • Примери на прашања во data mining
    • Популација и примерок
    • Подготовка на дата
    • Супервизирани и несупервизирани пристапи
    • Предиктивно моделирање
    • Прескриптивно моделирање
  7. Разбирање на дата
    • Дата објекти и видови на атрибути
    • Атрибути
    • Номинални атрибути
    • Бинарни атрибути
  8. Како да се подготви дата
    • Пренос и екстракција на карактеристики
    • Чистење на дата
    • Селектирање, редуцирање и трансформирање на дата
  9. Практична примена на data analytics
    • Интегрирање на data analytics во деловното работење
Менторски и coaching вештини
Опис на програмата:

Цел на оваа обука е на учесниците да им даде јасно разбирање на теорија и пркатика на развој на луѓе преку менторство и coaching. Учесниците преку оваа обука ќе бидат во можност да ја разберат улогата на менторство во поддршка и насочување на поединци во остварување на цели како и бенефити од култура на coaching во процес на развој на вработени и транзиција на нова работна позиција. Учесниците ќе имаат можност да ги истражат вредностите, однесувањата, вештините и способностите кои ќе им овозможат да се развијат себе и другите.

Од оваа обука ќе научите:
  • Разбирање на причина, вредности и природа на менторство и coaching во програми за наследување и развој на таленти
  • Да ја истражат улогата на ментор и природата на ментрски однос
  • Да ги совладаат клучните принципи на coaching за резултати и да развојат клучни вештини и способности
  • Практично да го применат и измерат импактот на coaching на себе и другите
Програма на обука
  1. Основи на менторство и coaching
    • Цел на менторство и coaching
    • Основни принципи на coaching
    • Карактеристики на добри ментори и coach-и
  2. Елементи на coaching
    • Улоги на coach и вработен под развој
    • Предуслови на coaching
    • Клучни вештини и способности на coach
  3. Градење на доверба и ваземен однос
    • Природа на взаемен однос
    • Високо ефективно слушање
  4. Развој на разбирање, резултати и постапка на поставување на цели
    • Јазикот на coaching
    • GROW модел
    • Развој на релевнатни цели
  5. Пронаоѓање на ресурси, давање на повратна информација и решавање на конфликти
    • Начини за наоѓање на ресурси
    • Техники за решавање на конфликти
    • Методологии за давање на повратна информација
  6. Нивоа на coaching
    • Нивоа на учење
    • Вредности и верувања
    • Coaching на виртуелни тимови
  7. Елементи на менторство
  8. Градење на култура на менторство и coach – инг
  9. Практична примена на методи на менторство и coaching
Психологија на менаџмент
Опис на програмата:

На оваа обука учесниците ќе имаат можност да добијат јасна слика за психологија на менаџментот со цел да ги искористат потенцијалите на луѓето со кои раководат. На учесниците дополнително ќе им овозможи потполно искористување на своите моментални вештини и способности и ќе им даде нови техники за подобрување на личните и тимските резултати кои ќе придонесат до иден успех на организациите.

Од оваа обука ќе научите:

Како психологијата може да биде применета на работно место, да разберете и да управувате со вработените, тимови како и со предизвици на работно место.

Програма на обука

  1. Односи со вработени и мотивација
  2. Вовед во психологија на менаџмент
  3. Советување на работно место и развој на кариера
  4. Организационен развој и управување со промени
  5. Обука во организација
  6. Кариери и професионален развој
  7. Градење и управување со тимови
    • Тимови кои постигнуваат високи резултати
    • Нивоа на градење на тим
  8. Мотивација и постигање на цели
    • Теории на мотивација
    • Поставување на цели
    • Ангажирање
    • Мотивација за промена
  9. Управување со резултати
    • Ефективни тимови
    • Системи за мерење на резултати во работењето
    • Идентификување и поддршка на континуиран развој
  10. Управување со промени
    • Планирање на промена
    • Надминување на отпор на промена
    • Управување со комуникација и идентификување на предизвици
  11. Управување со конфликт
Емоционална интелигенција
Опис на програмата:

Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех.

Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив.

Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени.

Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени.

Од оваа обука ќе научите:

  • Да ги разберете и примените принципите на емоционален развој на двете полиња во животот, личен и професионален
  • Подобро разбирање на врската помеѓу мислите и емоциите, да направите разлика помеѓу нив со цел да направите подобри одлуки
  • Да станете отпорни и проактивни кога сте соочени со предизвици, стрес, притисок и големи очекувања
  • Да идентификувате начини на кои преку практична примена на емоционална интелигенција ќе постигнете подобри резултати со луѓето за кои сте одговорни
  • Да ги разберете различните модели на однесувања и очекувања и како да работите со луѓе кои имаат различно однесување и очекувања
  • Да го разберете лидерскиот модел и пристап кој е потребно да го примените кога се наоѓате во тешка ситуација
  • Важноста на конфликт и како преку конфликт може да се изградат односи со другите
  • Развој на социјални вештини и емоционална интелигенција
  • Подобрување на лидерски вештини преку примена на емоционална интелигенција

Програма на обука

  1. Историја на настанок и развој на емоционална интелигенција
  2. Модел на емоционална интелигенција на Daniel Goleman
  3. Четири основни области на емоционална интелигенција
  4. Компетенции кои произлегуваат од емоционална интелигенција
  5. Самосвесност
    • Емоции
    • Вредности
    • Способности и вештини
    • Комуникациски стил
    • Работен стил
    • Личен/персонален стил (карактер)
    • Стил на справување со конфликт
    • Лидерски стил
  6. Развој на самосвесност
    • Разбирање на сопствени чувства
    • Објективна перцепција за себе
    • Развој на самодоверба
  7. Развој на самоконтрола
    • Емоционална самоконтрола
    • Интегритет
    • Способност за постигнување на цели
    • Флексибилност и агилност
  8. Развој на свесност за другите
    • Запознавање на другите
    • Развој на емпатија
    • Предвидување на потреби на другите
    • Култивирање на социјална свесност
    • Почитување на различитости
  9. Градење на односи со другите
    • Ефективна комуникација
    • Развој на другите
    • Придонес кон резултатите на тимот
    • Управување со конфликти
    • Катализатор на промени
    • Градење на влијание
    • Инспирационо лидерство
Законска регулатива поврзана со работни односи
Опис на програмата:

Обуката на учесниците ќе им овозможи преглед на клучните области на законска регулатива поврзана со работни односи и како овие области имаат влијание на секојдневни ситуации на работно место. Оваа практична обука на менаџерите ќе им обезбеди знаење и вештини кои ќе им овозможат ефикасно управање на персонални предизвици на работно место, дискретно, доверливо и во согласност со закон.

Од оваа обука ќе научите:
  • Клучни принципи на законска регулатива поврзана со работен однос и како истата влијае на одлуките на работно место
  • Решавате секојдневни работни ситуации согласно најдобрите практики согласно законите
  • Решавање на проблеми на работно место на фер и законски начин
Програма на обука
  1. Закони со кои се уредува работниот однос
  2. Дискриминација, вознемирување на работно место
  3. Интервјуирање, селекција и вработување
  4. Видови договори за вработување
  5. Работно време, паузи и одмори
  6. Плаќање на работа: Основна плата, додатоци на плата, работна успешност
  7. Управување со дисциплина и дисциплински постапки
  8. Прекин на работен однос
  9. Електронска комуникација и заштита на лични податоци
  10. Синдикално организирање
  11. Безбедност и здравје при работа
Управување со човечки ресурси за менаџери од други функции
Опис на програмата:

Во денешните организации од менаџерите се очекува да управуваат со ситуации поврзани со управување со човечки ресурси. Од менаџерите се бара да земат активно учество во создавање на описи на работно место, учествуваат во интервјуа за вработување, да бидат одговорни за развој, наградување но и дисциплинирање на вработените.

Цел на оваа обука е на менаџерите од функции кои не се управување со човечки ресурси да им го претстави концептот на управување со човечки ресурси.

Од оваа обука ќе научите:
  • Идентификувате клучни копметенции и создавање на опис на работно место
  • Примена на методи за идентификување, селекција и задржување на вработени на работно место преку користење на техники за бихејвиорално интервјуирање
  • Постигање на продуктивност на вработеи преку програми за воведување и ориентација
  • Разбирање на платни системи, бонуси и дополнителни бенефити
  • Создавање на позитивни взаемни односи со вработените
  • Продуктивен и кооперативен процес на мерење на резултати и квалитет во работењето

Програма на обука
  1. Основи на управување со човечки ресурси
  2. Техника на идентификување на способности и вештини на работно место
  3. Техники за планирање и предвидување на работна сила
  4. Техники за анализа на работна позиција
  5. Идентификување на компетенции на работна позиција
  6. Подготовка на профил на позиција и опис на работно место
  7. Утврдување на потреба од регрутација
  8. Регрутација: скенирање на резиме, подготовка за интервју, бихејвиорално интервју
  9. Ориентација и воведување на нововработен
  10. Обука и развој на вработени: Утврдување на потреба од обука и евауација на ефективност од обука
  11. Системи за управување со резултати и квалитет во работењето
  12. Системи за плата, бонуси  и дополнителни бенефити
  13. Управување со дисциплина
  14. Прекин на работен однос и излезно интервју
Лидерски вештини
Опис на програмата:

Ефективните и почитуваните лидери имаат јасна појдовна точка – ги знаат карактеристиките, однесувањата и ставовите кои се суштински за остварување на нивната визија. Тие, исто така поседуваат квалитети со кои ги инспирираат луѓето да ги следат и да ја споделат таа визија. На оваа обука ќе се запознаете со различни модели на лидерство и практични алатки кои ќе Ви помогнат да го обликувате вашиот личен стил на лидерство и да станете поефективен лидер.

Од оваа обука ќе научите:

Согледувањето на главните карактеристики на големите лидери и споредувањето со вашите карактеристики, земајќи ги во предвид разликите во лидерските и менаџерските стилови и начинот на кои тие влијаат, ќе Ви помогнат во идентификување на Вашиот претпочитан лидерски стил и како можете истиот да го развивате преку одедени карактеристики, алатки и техники кои ќе Ви помогнат да станете лидер каков што посакувате.

Програма на обука

  1. Влијание и комуникација
    • Основи на влијание
    • Дефиниција
    • Суб-систем на влијание
    • Емоционална интелегенција
    • Комуникација
    • Интерперсонална комуникација
    • Интерперсонална комуникација во организации
  2. Лидерство 
    • Дефиниција на лидерство
    • Лидер наспроти менаџер
    • Ситуационен пристап кон лидерство: Фокус кон однесување на лидер
    • Лидерски ситуации и одлуки
    • Лидерски вештини
    • Лидерско однесување
    • Современо лидерство
    • Трансформационо лидерство
    • Coaching
    • Супер-лидерство
    • „Услужно“ лидерство
    • Претприемничко лидерство
  3. Мотивација 
    • Процес на мотивација
    • Дефиниција на мотивација
    • Теории на мотивација
    • Мотивација на вработени во организација
    • Стратегии за мотивација на вработени
  4. Групи и тимови
    • Групи и тимови
    • Групи
    • Видови на групи во организација
    • Формални групи
    • Неформални групи
    • Управување со работни групи
    • Утврдување на постоење на групи
    • Еволуција на неформални групи
    • Тимови
    • Групи наспроти тимови
    • Видови на тимови во организација
    • Фази на развој на тим
    • Ефективност на тим
    • Вештини за работа со тим
    • Доверба и ефективни тимови
  5. Управување со организациона култура
    • Основи на управување со организациона култура
    • Дефинирање на организациона култура
    • Важност на организациона култура
    • Функции на организациона култура
    • Видови на организациона култура
    • Градење на организациона култура на постигнување на високи резултати во работењето
    • Одржување на организациона култура
    • Воспоставување на визија за организациона култура
    • Градење и одржување на организациона култура
    • Интегрирање на нови вработени во организациона култура
  6. Креативност и иновативност
    • Креативност
    • Дефинирање на креативност
    • Важност на креативност за организација
    • Креативност кај поединци
    • Зголемување на креативност во организација
    • Иновативност
    • Дефинирање на иновативност
    • Поврзување на иновативност и креативност
    • Вештини за креативност и иновативност
    • Процес на иновативност
    • Каталист на креативност и иновативност
Развој на критичко размислување и способност за решавање на проблеми
Опис на програмата:

Развиена способност за критичко размислување и решавање на проблеми придонесуваат до подобра способност за носење на одлуки и препораки – која претставува клучна компетенција во денешното време и современата работна средина.

Способност за критичко размислување придонесува при анализирање и подобрување на процесот на размислување, поставување на вистински прашања, преиспитување на претпоставки и разгледување на различни ставови.

Способност за ефективно решавање на проблеми помага соодветно да се идентификува и систематски е сеопфатно да се работи на проблемот, обезбедувајќи јасност при носење на одлуки и препораки.

Оваа обука на учесниците ќе им демонстрира како критичкото размислување и способност за носење на одлуки оптимално функционираат заедно и ќе им обезбеди практични примери и алатки кои можат да бидат применети во секојневниот личен и професионален живот и на задачи и проекти без разлика на нивната големина и комплексност.

Од оваа обука ќе научите:

  • Да го дефинирате критичкото размислување и да го идентификувате својот личен стил за критичко размислување
  • Да го изградите својот процес на критичко размислување и да изградите, анализирате и евалуирате различни погледи и ставови
  • Да ги подобрите клучните вештини поврзани со критичко размислување кои вклучуваат и активно слушање и техники на прашување
  • Јасно да анализирате контекст и информација за да го раберете и идентификувате проблемот
  • Примена на постапки и алатки за носење на одлуки
  • Да идентификувате соодветни решенија користејќи специфични пристапи
  • Да ја одберете најдобрата техника за носење на одлуки
  • Да избегнете најчести грешки при носење на одлуки

Програма на обука

  1. Вовед во критичко рзамислување
  2. Логика и критичко размислување
  3. Недостатоци во човечко размислување
    • Верување, мотивација и причина
    • Мотивација, емоции и однесување
    • Грешки во перцепција
    • Препознавање на шеми
  4. Логика и аргументи
  5. Логички грешки
  6. Хеуристичкa и когнитивнa пристрасност
  7. Способност за предвидување – цифри и случајност
  8. Наука и критичко размислување
    • Експериментални vs методи на набљудување
  9. Наука vs псеудонаука
    • Видови на псеудонаука и размислување
  10. Маркетинг, измами и урбани легенди
  11. Наука, медиуми и демократија
  12. Критичко размислување и наука во секојденвниот живот
    • Примена на принципи на критичко размислување во секојдневниот живот
  13. Методи за носење на одлуки
    • Индукција, пропорција, корелација
    • Индукција, дедукција, конфирмација
    • Идентификување на причина и причински поврзаности
    • Анализа и синтеза
    • Апстракција и конкретизација
    • Генерализација и специјализација
    • Сценарија за практична примена на работно место и секојдневен живот
Вештини за раководење со тим
Опис на програмата:

Цел на оваа обука е да ја демонстрира клучната разлика помеѓу традиционланиот менаџмент и инспирационото лидерство. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да се запознаат со  многу важни аспекти од организациониот живот вклучувајќи ги темите како однесување на тим, мотивација, делегирање, организациона култура, системи за управување со резултати од работа и многу други.

За време на обуката учесниците ќе се запознаат со уметноста на ефективно лидерство и начините како да се инспирира секој член на тим да го постигне својот вистински потенцијал.

Од оваа обука ќе научите:
  • Клучните разлики помеѓу менаџирање и лидерство
  • Улога и одговорности на супервизорски и менаџерски позиции
  • Како ефективно да мотивирате и инспирирате тим
  • Напредни вештини за управување со конфликт на работно место
  • Важност на веродостојна комуникација на работно место
  • Како да евалуирате и утврдите потенцијал и резултати од работа на вработен
  • Управување со слаби резултати од работа
Програма на обука

  1. Основни вештини за раководење со тим
    • Важност на делегирање
    • Способност за мотивирање на тим
    • Способност за развој на тим
    • Способност за комуникација во и вон тим
    • Управување со дисциплина
  2. Улоги на раководител
  3. Погрешни претпоставки за улога на раководител
  4. Подобрување на ефикасност на тим
  5. Динамика на тим
  6. Градење на доверба на тим
  7. Развој на тим
  8. Мотивирање на тим
  9. Мерење на резултат и квалитет во работењето
  10. Решавање на конфликт во тим
  11. Неприфатливо однесување на работа
  12. Намалување на боледувања и отсуства од работа
  13. Управување со негативност на тим
  14. Од реактивно до проактивно раководење
Вештини за супервизирање
Опис на програмата:

Обуката е наменета да помогне во транзиција од член на тим во негов водач. За да може успешно да се превземе раководната позиција и постигнат резултати преку работа со луѓе потребни се вештини за супервизирање на тим.

Оваа обука на учесниците ќе им овозможи успешна транзиција од член на тим во ефикасен и почитуван раководител.

Темите кои ги обработуваме на оваа обука ги опфаќаат најважните области на работа на раководителите. Преку вежби, студии на случај, практични примери и јасни насоки ќе допринесеме до развој на потребните вештини и знаење потребни за постигнување на резултати во работа преку ефективно супервизирање на вработени.

Од оваа обука ќе научите:
  • Планирање и организација на работа
  • Управување со работни задачи
  • Следење на резултати од работа и утврдување на начини за подобрување
  • Одржување на здрава и безбедна работна средина
  • Приоретизирање на работа
  • Планирање и прераспределба на работа на дневна основа
  • Поставување на стандарди и клучни показатели на успех (KPI)
Програма на обука

  1. Задачи на раководител
    • Планирање
    • Организација
    • Раководење
    • Контрола
  2. Дефинирање на очекувања од вработен
  3. Идентификување и утврдување на очекувања
  4. Дефинирање на цели
  5. S.M.A.R.T. методологија за поставување на цели
  6. Стилови на раководење
  7. Утврдување на ниво на зрелост на вработени
  8. Делегирање
  9. Нивоа на делегирање
  10. Модел на делегирање
    • Евалуација
    • Предавање
    • Поддршка
    • Евалуација
  11. Методологија на давање на повратна информација
  12. Карактеристики на ефективна повратна информација
  13. Видови на повратна информација
  14. Процес на давање на повратна информација
  15. Одговор на негативни ситуации
  16. Управување со конфликт
  17. Модел на управување со конфликт
  18. Работа во чувствителни ситуации
Вештини за ефикасна комуникација
Опис на програмата:

Што е потребно да се инспирираат другите, да се промовира нова идеја, или пак како да водите “тежок“ разговор? Како да се позиционирате како лидер преку инклузивна комуникација? Како да проверите пораката која сте ја испратиле е примена и разбрана соодветно?

Многу често имаме потешкотии во секојдневната комуникација, особено со личностите кои се на некој начин поразлични од нас. Оваа обука на учесниците ќе им покаже како ефективната комуникација е клучна за развој на влијание како лидер, како и карактеристиките на ефективна лидерска комуникација.

Преку теории, истражувања и практични примери од секојдневниот живот и работа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со стратегии кои ќе ги подобрат нивните вештини и пристап во комуникација.

Во тек на оваа обука учесниците ќе создадат акционен план кој ќе им помогне во практична примена на научените стратегии како во работната средина така и во секојдневниот живот.

Од оваа обука ќе научите:

  • Пристапи, рамки и алатки за ефективна комуникација
  • Начин на кој ефективна комуникација и лидерство се интегрирани
  • Како да ги надминете секојдневните предизвици во комуникација
  • Стратегии за создавање на средина која се карактеризира со транспарентност и автентична комуникација во која луѓето и покрај своите различитости се чувствуваат сигурно да разговараат искрено и споделуваат идеи
  • Да ја идентификувате својата индивидуална силна страна во комуникација која ќе ви помогне да изградите ефективни взаемни односи во професионалниот и приватниот живот

Програма на обука

  1. Вовед во концепт на ефикасна комуникација
  2. Пречки на ефикасна комуникација
  3. Циклус на комуникација
  4. Седум „C“ на ефикасна комуникација
  5. Најчести грешки во комуникација
  6. Мотивациска секвенца на Monroe – storytelling
  7. Техники на прашување
  8. Градење добри односи на работно место
  9. Говор на тело – разбирање на невербална комуникација
  10. Активно слушање
  11. Давање и примање на повратна информација
  12. Техника на давање на повратна информација
  13. Позитивна и негативна повратна информација
  14. Одговор на негативна реакција на повратна информација
  15. Комуникација во тешки ситуации
    • Давање на “лоши“ вести
    • Како да му соопштите на претпоставениот дека има направено грешка
    • Кога е вистинско време да проговориме
    • Кога не е вистинско време да проговориме
  16. Ефективно водење на состанок
  17. Ефективно презентирање
  18. Техники на преговори
  19. Писмена комуникација 
Вештини за ефикасно управување со време
Опис на програмата:

Живееме во динамично време во кое сме континуирано зафатени и оптоварени со многубројни обврски. Обемот на работа континуирано се зголемува, се работи со кратки рокови, промени во последна минута, дополнително модерните комуникациски алатки и фреквенција додаваат на секојдневниот притисок.

Повеќе од било кога, потребно е да бидеме ефективни во планирање на работните обврски и управување со нашето време.

Обуката за ефикасно управување со време на учесниците ќе им ги презентира стратегиите и техниките со кои времето на располагање ќе биде максимално и продуктивно искористено. На обуката учесниците ќе имаат можност да направат анализа на своите јаки и слаби страни во управување со време, да постават лични приоритети, управуваат со очекувања кои другите ги имаат од нив и како да станат повеќе ефективни на работното место.

Од оваа обука ќе научите:

  • Ефикасно да ја планирање и приоретизирате вашата работа
  • Ефикасно да управувате со попречувања
  • Да развиете практични техники и стратегии за ефективно управување со време
  • Потполно искористите бенефитите од денешната технологија
  • Да ги идентификувате вашите лични предизвици во ефикасно управување со време и како истите се појавуваат

Програма на обука

  1. Вовед во концепт на ефикасно управување со време
  2. Пречки за ефикасно управување со време
  3. Стилови на продуктивност
  4. Мит за способност за мултитаскинг
  5. Три принципи на ефикасно управување со време
  6. Основни алатки за ефикасно управување со време
  7. Ефикасно управување со документација
    • Хартиена документација
    • Електронска документација
    • e-mail
  8. Приоретизирање
  9. Scheduling
  10. Управување со лично време
  11. Концентрација и фокус
Законска регулатива поврзана со работни односи
Опис на програмата:

Обуката на учесниците ќе им овозможи преглед на клучните области на законска регулатива поврзана со работни односи и како овие области имаат влијание на секојдневни ситуации на работно место. Оваа практична обука на менаџерите ќе им обезбеди знаење и вештини кои ќе им овозможат ефикасно управање на персонални предизвици на работно место, дискретно, доверливо и во согласност со закон.

Од оваа обука ќе научите:

  • Клучни принципи на законска регулатива поврзана со работен однос и како истата влијае на одлуките на работно место
  • Решавате секојдневни работни ситуации согласно најдобрите практики согласно законите
  • Решавање на проблеми на работно место на фер и законски начин

Програма на обука

  1. Закони со кои се уредува работниот однос
  2. Дискриминација, вознемирување на работно место
  3. Интервјуирање, селекција и вработување
  4. Видови договори за вработување
  5. Работно време, паузи и одмори
  6. Плаќање на работа: Основна плата, додатоци на плата, работна успешност
  7. Управување со дисциплина и дисциплински постапки
  8. Прекин на работен однос
  9. Електронска комуникација и заштита на лични податоци
  10. Синдикално организирање
  11. Безбедност и здравје при работа

Center of Excellence за развој на човечки ресурси

Center of Excellence за развој на човечки ресурси на Вивендум Ратио Солушнс, се стреми на стане центар на современи знаења и практики од областа на човечки ресурси и претпочитано место на ЧР заедницата поврзана преку иницијативи за континуирано учење  кое ги комбинира традиционалните, дигиталните и мобилните методи на учење.

Да може да се соочи со современите предизвици на работнота средина, функцијата човечки ресурси мора да има способност за брза адаптација, континуирани промени и агилност

Дигиталната трансформација, промена во демографија на работната сила ( Генерација Z  и Миленијали), глабалната мобилност на талентите, недостаток на работна сила и предизвиците како што се еднаквост на плати и инклузија допринесуваат организациите да го редефинираат начинот на кој работат.

Да се соочат со предизвикот, професионалците од областа на човечки ресурси е потребно да почнат со менување на својата перцепција за функцијата, континуирано да работат на нови вештини и способности, и да останат во чекор со деловните, технолошките и трендовите на работната сила.

Center of Excellence на Вивендум Ратио Солушнс, работи на континуирано надоградување на знаењата и способностите на професионалците од областа на човечки ресурси со современи знаења базирани на најнови истражувања, фокусирани на иднината со цел развој на способности кои ќе можат да решаваат стратешки деловни предизвици кои имаат влијание на моменталната и идна работната .

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Индивидуални учесници на почетно ниво

Оваа програма е создадена и наменета за индивидуални учесници на почетно ниво во областа на човечки ресурси. Теми покриени со оваа програма:

  • Стратегија и планирање во човечки ресурси
  • Законска регулатива поврзана со управување на човечки ресурси
  • Sourcing, селекција и регрутација
  • Ориентација на нововработен
  • Системи за мерење на резултати и квалитет во работењето
  • Системи за плата и дополнителни бенефити
  • Обука и развој на вработени
  • Мотивација и ангажираност на вработени
  • Управување со таленти
  • Технологија во човечки ресурси

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

За тимови од област на човечки ресурси

Оваа програма е креирана и наменета за тимови кои работат во областа на човечки ресурси, кои би сакале да подобрат одредена функција и/или воведат нова функција во своите практики за управување со човечки ресурси или да започнат со трансформација на функцијата.

Покрај темите кои се опфатени во основни функции на човечки ресурси, оваа програма ги содржи и:

  • Стратегија и планирање во човечки ресурси
  • Основи на управување со човечки ресурси
  • Промена на контекст на работа ( редизајн на организациона структура и работни места, дигитализација, автоматизација, способности и вештини во време на дигитализација и автоматизација)
  • Организациона култура и однесување
  • Sourcing, селекција и регрутација
  • Ориентација на нововработен и продуктивност на вработени
  • Системи за мерење на резултати и квалитет во работењето
  • Системи за плата и дополнителни бенефити
  • Обука и развој на вработени
  • Мотивација и ангажираност на вработени
  • Управување со таленти
  • Технологија во човечки ресурси
  • Аналитика во човечки ресурси

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Професионален развој на тимови од област на ЧР

Оваа програма е креирана и наменета за професионален развој на тимови од областа на човечки ресурси, и ги покрива најважните предизвици со кои се соочува функцијата човечки ресурси

  • Работилница за технологии во човечки ресурси
  • Луѓето како конкурентска предност
  • Редизајн на системите за мерење на резултати и квалитет во работењето
  • Добросостојба на вработените
  • Креирање на агилна организација посветена на континуирано учење
  • Аналитика на човечки ресурси
  • Трансформација на функција човечки ресурси

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

За ЧР заедницата

Центарот за инзвонредност на Вивендум Ратио Солушнс претставува и заедница каде професионалците од областа на човечки ресурси ќе можат да се поврзат, споделуваат и соработуваат со своите колеги од други индустрии и на различни локации.

Користејќи ја дигиталната алатка на Вивендум Ратио Солушнс, членовите на заедницата ќе бидат во можност да:

  • Допринесуваат за развој на човечките ресурси преку споделување на идеи, содржини и експертиза
  • Споделуваат успешни проекти
  • Комуницираат со професионалци од областа надвор од својата организација
  • Поставуваат прашања и добијат практична помош од професионалците од индустријата и експерти од областа

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Менторство и coaching на менаџери

Лидерите во деловниот свет редовно се соочуваат со стресни или предизвикувачки ситуации. Можеби се соочувате со барања за постигнување на цели за раст или подобрување на профитот, промени во конкуренцијата или условите на пазарот, интерни проблеми со организационата култура или едноставно забележувате дека одредени членови на вашиот менаџерски тим се соочуваат со сериозни предизвици и им е потребна  директна поддршка.

Соочени со вакви ситуации, организациите можат да побараат и ангажираат  ментор или coach за менеџери, кој со своето  искуство,методологии и техники на работа може да придонесе да се развие најефикасно и економично решение за вас и за вашата организација.

Имаме повеќегодишно искуство во менторски coaching , со докажани позитивни резултати врз менаџерските и лидерски вештини на менторираните менаџери, зголемента ангажираност на вработени во одделите на менторираните менаџери, подобрени деловни процеси, како и резултати во работењето (поголема, ефикасност, намален трошок и подобрен квалитет).

Нашите менторски и услуги за коучинг на менаџери се персонализирани за специфичните цели, потреби и барања на нашите клиенти, и се изведуваат од страна на ментор / coach кој има практично искуство на високи менаџерски позиции како и експертиза за менторство и coaching.

Од искуство, сметаме дека комбинација од состаноци еден-на-еден, поддржани од телефонски или видео разговори, е најефикасниот модел за менторство и коучинг на менаџерите. Сите дискусии се фокусирани кон одредена цел, а белешките од сесиите и препорачаните активности се евидентираат, при што напредокот се разгледува на секоја следна сесија.

Нашите клиенти го ценат споделувањето и проучувањето на идеи во доверба, дискусија која предизвикува размислување, здраво комплементарно размислување и размислување за нашите насоки засновани на релевантно искуство.

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Отворени семинари

Вивендум Ратио Солушнс организира отворени семинари за индивидуалци и организации за следните области на личен и професионален развој:

      • Управување со време
      • Комуникациски вештини
      • Управување со стрес
      • Мотивација и самомотивација
      • Управување со промени
      • Емоционална интелигенција
      • Управување со конфликти
      • Вештини за ефикасна повратна информација 
      • Градење на тимови за постигнување високи резултати
      • Модерни менаџерски вештини
      • Влијание – основни вештини за ефективно лидерство
      • Вештини за супервизирање
      • Бихејвиорална економија
      • Управување со тимови
      • Управување со проекти
      • Вештини за решавање проблеми – Критичко мислење
      • Вештини за решавање проблеми: Основи на научно мислење
      • Услуга на клиент
      • Продажни вештини

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Персонализирани обуки

Согласно потребите на нашите клиенти од обука и развој на вработени, Вивендум Ратио Солушнс развива персонализирани програми за обука на вработени.

За повеќе детали, времетраење, методологија, контактирајте не

Евалуација на Ефикасност на Обука

Евалуација на обука по Киркпатрик 2016

Методологија на „Kirkpatrick“ моделот за евалуација на обуки, е претставена во 2016 година, како најприменлива за целосна евалуација на обуките за професионален развој на врабoтени. Овој модел ја евалуира обуката од четири аспекти:

  • Реакција: Степен до кој учесниците ја оценуваат обуката за корисна, оценуваат ниво на нивна ангажираност во обуката и нејзина релевантност за нивните работни места.
  • Учење: Степен до кој учесниците се здобиваат со предвидените знаења, вештини, ставови, самодоверба и посветеност да ги применат во работењето, врз основа на учеството во обуката.
  • Однесување: Степен до кој учесниците го примениле она што го научиле во текот на обуката кога се вратиле на своите работни места.
  • Резултати: На кое ниво таргетираниот исход се исполнил како резултат на обуката и механизмите за подршка и одговорност.

Вивендум Ратио Солушнс ја евалуира ефикасноста на обуките од аспектите на Реакција и Учење, додека евалуација на останатите аспекти спроведува организацијата каде што работат учесниците на програмата за професионален развој.

Наши Програми

Програма за високо и средно ниво на менаџмент
Програма за линиско ниво на менаџмент

Евалуација на Ефикасност на Обука