Додека голем број од менаџерските вештини потребни за работа со тимови на работна локација се применливи кога се работи со виртуелни тимови, сепак дополнително e потребно да се поседува и вистински сет практики и соодветен ритам во работењето.
75% од ефективноста на менаџер кога управува со виртуелен тим се сведува на обезбедување на редовен ритам на обврски и соодветен разговор во вистинско време.
Со однапред креирана структура, возможно е да се постигне потребната ефективност.
Во текстот подолу ќе ви дадеме неколку насоки како да ја изградите оваа структура.
Неделни проверки
Поради тоа што менаџерите не се во можност физички да имаат контакт со вработените, потребно е да се здобијат со доверба во вработените и да изградат однос кој се базира на поголема автономија на вработените. Од друга страна кај менаџерите е потребна поголема транспарентност наместо микроменаџмент.
Неделните проверки се најдобра опција да се постигне оваа цел.
Континуирани проверки обезбедуваат фреквентна и редовна комуникација помеѓу менаџерите и нивните вработени. Истражувањата укажуваат дека редовните проверки допринесуваат до подобрување на продуктивност кај вработените, подобро исполнување на цели како и подобар морал, доверба и ангажираност кај вработените.
Неделните проверки е потребно да бидат добро структуирани и со добро дефинирана агенда.
На почетокот на состанокот секој вработен е потребно да направи краток осврт на својата улога, да даде краток статус и да сподели следни информации со менаџерите:
- Кратка проверка на пулс како се чувствуваат
Едноставна скала од 1 до 5 може да фукционира одлично, со тоа што вработените може да дадат краток коментар за оценката која ја даваат
- Црвено, жолто и зелено на моменталниот статус на нивните цели
Бојата ја претставува довербата на вработениот дека целите/задачите ќе бидат исполнети/завршени во дадената временска рамка, заедно со статус на прогрес кон исполнување на задачата
На ваков начин менаџерот прави real-time проценка за тоа кои цели/задачи на тимот се согласно плановите а кои се под ризик за исполнување, како би можеле да се превземат чекори целите/задачите да не бидат неисполнети или премногу задоцнети.
- Кратка листа на топ приоритети за неделата која следи
Дополнително, вработените може да споделат статус на приоритетите кои биле поставени минатата недела со кратко објаснување завршено/незавршено.
- Кратки одговори на едноставни прашања
Се препорачува да се вклучат едноставни прашања како:
- Кои задачи и обврски одат добро?
- Дали имаш да споделиш некои успеси?
- Дали се соочуваш со одредени предизвици?
- Што не оди добро?
Горенаведените прашања се основни, но менаџерот сегогаш може да додаде ново прашање секоја недела за да не се доведе до монтонија, да добие корисни информации и предизвика битен дијалог со вработените.
Во следните текстови ќе продолжиме со практики кои менаџерите треба да ги применуваат за подобрување на својата лична ефективност.
Доколку ви е потребна помош или совет поврзан со раководење на виртуелни тимови контактирајте на e-mail адреси и телефонски броеви кои се наоѓаат на нашата web страница: www.vivendumsolutions.com.mk , услугите во период на вонредна сосотојба се бесплатни за сите компании.
Можете да ја искористите и можноста да се пријавите на бесплатната обука „Раководење со виртуелни тимови“ која се одржува на LMS платформата на Вивендум Ратио Солушнс www.vivendumratiosolutions.learnworlds.com секој петок.