Vivendum Ratio Solutions 10 Years Anniversary Square

10 Години Вивендум- Трансформација што трае

 

Прославете ја деценијата на трансформативни деловни и  решенија за Човечки ресурси со ексклузивни понуди и сознанија

Vivendum Ratio Solutions 10 Years Anniversary Square

Нашето 10 годишно патување 

Од 2015 година, Вивендум ги оспособува организациите во Северна Македонија
и пошироко со иновативни решенија за човечки ресурси, коучинг и деловна трансформација.

2015
ВИВЕНДУМ РАТИО СОЛУШНС
ОСНОВАЊЕ

Основана од страна на Наташа Алексовска, ВРС е компанија за деловен консалтинг, посветена на креирање на промени и организациона агилност на организациите од приватниот и јавниот сектор, потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија.

2015
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА / ПРОДАЖБА / УСЛУЖНА ДЕЈНОСТ
Воспоставување и целосна имплементација на функција човечки ресурси

Со нашите први клиенти соработувавме на воспоставување на функцијата Човечки ресурси со целосна имплементација на документација, процеси и системи за ефикасно управување со персоналната администрација и човечките ресурси во компаниите.

2015 - 2016
АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА
Консултантски услуги од областа на човечки ресурси

За клиент од автомобилската индустрија, со повеќе илјади вработени, соработувавме на повеќе проекти:

  • Outsourcing на операции за Човечки ресурси и оптимизација на процеси,
  • Менторство и coaching на вработени во ЧР и менаџерска позиција,
  • Програма за професиоанлен развој на вработени,
  • Истражување на причини и спроведување активности за намалување на фклуктуација и апсентизам
2016 - 2017
ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА
Воспоставување и трансформација на функција човечки ресурси

Со цел трансформација на функцијата за Човечки ресурси: направивме ревизија на организациската структура и систематизација, имплементиравме политики, процеси и документација за ефикасна персонална администрација, подготвивме спецификација на софтвер за ЧР персонализиран за потребите на нашиот клиент, ги воспоставивме главните ЧР системи и програми и обезбедивме менторство и coaching на вработените во службата, за самостојно управување со функцијата.

2017
ПРЕХРАМБЕНА ИНДУСТРИЈА
Audit на сектор Човечки ресурси

Преку овој надворешен audit, беше спроведена целосна анализа на  системите, процедурите, политиките и документацијата за работењето на секторот Човечки ресурси  во компанијата, врз основа на кој беа подготвени соодветни препораки и насоки за подобрување.

2017
МЕТАЛУРГИЈА
Програма за професионален развој

Персонализирана програма за професионален развој на 120 вработени на раководни позици, поделена во 4 модули, со одржани 24 посебни обуки.

2017 - 2018
ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА
Менторство и coaching, организациски дизајн, ре-дизајн на процеси, KPIs

Во неколку служби од компанија клиент од фармацевтската индустрија, преку change management пристап, работевме на:

  • Менторство и coaching на менаџерски позиции,
  • Анализа и ре-дизајн на процеси,
  • Ревизија на KPI’s,
  • Евалуација на вработени (Психометриски тестирања, бихејвиорални интервјуа и 360 повратна информација),
  • Програма за професионален развој на вработени.

2018
МАЛОПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА
Организациски ре-дизајн и трансформација на функцијата Човечки ресурси

Од наш клиент кој работи со најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа за производи од својата дејност во земјата, бевме ангажирани за:

  • Ревизија на организациска структура и систематизација,
  • Истражување на пазар на труд,
  • Ревизија на систем на плати и бонуси,
  • Трансформација на функцијата Човечки ресурси преку ре-дизајн на процесите, ревизија на политики, роцедури и документација во службата.

2019
АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА / БАНКАРСКИ УСЛУГИ
Програма за професионален развој

За клиент од автомобилско хемиската индустрија, бевме ангажирани за подготовка и одржување на програма за професионален развој, составена од 5 различни модули, 12 сесии на обуки, за над 20 вработени од сектор логистика.

Набргу потоа, одржавме персонализирана обука за развој на продажни вештини, за вработените во банкарските експузитури низ земјава.

2019
НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Консултантски услуги и воспоставување на функција човечки ресурси

Во соработка со невладина и непрофитна, европски ориентирана организација, преку outsourcing услуги воспоставивме целосна функција за управување со Човечки ресурси, вклучувајќи подготовка на политики, процедури, процеси и целосна документација за ефикасно управување со персонална администрација.

2019 - 2021
ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА
Менторство и coaching, организациски дизајн, ре-дизајн на процеси, KPIs

За различни служби од компанија клиент од фармацевтската индустрија,  работевме на:

  • Ревизија на организациска структура и систематизација,
  • Анализа и ре-дизајн на процеси,
  • Ревизија на KPI’s,
  • Евалуација на вработени (Психометриски тестирања, бихејвиорални интервјуа и 360 повратна информација),
  • Платформа за учење, развој и тестирање на вработени,
  • Програма за професионален развој на вработени.
2020
CENTER OF EXCELLENCE

Поради бројните проекти за персонализирани програми за обука и развој, како и зголемениот број на отворени семинари организирани од наша страна, одлучивме да основаме Center of excellence на ВРС, чија цел ќе биде пренесување нови знаења, вештини и искуства на нашите учесници.

2020
CENTER OF EXCELLENCE
Академија за развој на менаџерски и лидерски вештини

Заедно со основањето на Center of excellence, организиравме „Академија за развој на менаџерски и лидерски вештини“, која освен соодветни модули за изучување на овие вештини, вклучуваше:

  • Aнализа на процеси кои беа предмет на работа на учесниците,
  • Сеопфатна евалуација на учесниците пред почеток на наставата,
  • Континуирано менторство и coahing од страна на предавачот при сите зададени задачи и проекти,
  • Финална евалуација на учесниците по завршување на наставата,
  • Подготовка на индивидуални планови за понатамошен развој.
2021
ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА - ВЕЛЕДРОГЕРИЈА
Ревизија на организациска структура, систематизација и систем на плати

Во овој проект бевме ангажирани за да направиме ревизија на постоечката организациска структура и систематизација, како и ревизија на системот за плати. При исполнувањето на оваа задача, направивме анализа и ре-дизајн на главните процеси, развивме рамка на потребни компетенции и работевме со раководителите на развој на нивните менаџерски и лидерски вештини. Дополнително, за време на проектот се одвиваа менторство и coaching активности за идно самостојно работење на имплеменираните промени.

2022
МЕТАЛУРГИЈА
Програма за развој на менаџерски и лидерски вештини

Персонализирана програма за развој на менаџерски и лидерски вештини, наменета за 80 вработени на раководни позици.

2023
ЛОГИСТИКА И ШПЕДИЦИЈА / МЕТАЛУРГИЈА / ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНДУСТРИЈА / ВЕЛЕДРОГЕРИЈА
Програми за професионален развој

Персонализирани in-house програми за професионален развој, за наши клиенти од различни индустрии и области,  вклучувајќи и team building активност за над 30 вработени.

2022 - 2025
ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА
Ревизија на организациска структура, систематизација и систем на плати

Во нашиот најголем и обемен проект досега, за наш клиент од фармацевтската индустрија, работевме на ревизија на постоечката организациска структура,  систематизацијата и платниот систем за целата компанија.

2025
10 ГОДИНИ ВИВЕНДУМ РАТИО СОЛУШНС

Трансформации што Траат

Истражете како Вивендум предизвика трајни промени за бизнисите преку консалтинг за човечки ресурси, коучинг и технологија.

Оптимизација на организацискиот дизајн и компензација за фармацевтски дистрибутер

Оптимизација на организацискиот дизајн и компензација за фармацевтски дистрибутер

Вивендум ги подобри работните улоги и изгради конкурентен систем на плати за трговец на големо со фармацевтски производи, поттикнувајќи го лидерството, кариерниот раст и задржувањето на талентите.
View Showcase →
Иницијативи за управување со промени во специјализирани магацини

Иницијативи за управување со промени во специјализирани магацини

Вивендум ги трансформираше специјализираните магацини со нови структури, стандардни оперативни процедури и системи за таленти — зголемувајќи ја усогласеноста, ефикасноста и ангажманот на вработените.
View Showcase →
Oрганизацискиот дизајн и компензација во малопродажба

Oрганизацискиот дизајн и компензација во малопродажба

Вивендум ја поедностави структурата на малопродажната компанија и воведе фер, конкурентен систем на плати и бонуси, зголемувајќи ја ефикасноста, стабилноста и задржувањето на продажната сила.
View Showcase →
лидерски успех преку менторство и коучинг

лидерски успех преку менторство и коучинг

Преку менторство и коучинг, Vivendum ја зголеми ефикасноста на 103%, го намали прометот на персонал под 1% и ги намали поплаките на речиси нула за само три месеци.
View Showcase →
оптимизација на HR процеси

оптимизација на HR процеси

Vivendum го поедностави администрирањето на човечки ресурси во автомобилската индустрија, намалувајќи го работното оптоварување за 53%, елиминирајќи ги заостанатите предмети и обезбедувајќи брзи, усогласени процеси.
View Showcase →
Трансформација на функција Човечки Ресурси во FMCG индустријата

Трансформација на функција Човечки Ресурси во FMCG индустријата

Vivendum го трансформираше одделот за човечки ресурси на компанија за производи за широка потрошувачка од само административен во стратешки партнер со нови политики, ERP автоматизација и системи за таленти што поттикнуваат трајна ефикасност и раст.
View Showcase →
успешна регрутација

успешна регрутација

Vivendum го скрати времето за регрутирање од 30 на 7 дена со главна база на податоци, поедноставени процеси и претходно квалификувани таленти за автомобилската индустрија.
View Showcase →
Раст на мал бизнис преку структурираност

Раст на мал бизнис преку структурираност

Од хаос до јасност: Vivendum им помогна на три семејни бизниси да се прошират со структура, јасни процеси и одржливи системи за човечки ресурси.
View Showcase →

Прославете со нас – Ексклузивна понуда

За да ја одбележиме нашата 10-годишнина, нудиме ексклузивни понуди за нови клиенти кои ќе потпишат договор до 31 декември 2025 година.

Детали за понудата:

  • 10% попуст организациски дизајн, оптимизација на процеси и трансформација на човечки ресурси.
  • Бесплатен HR audit за првите 10 клиенти.
  • Пакет „Diamond Solution“!
Diamond Solution Package

Дијамантски пакет на решенија

Менторски и коучинг сесии
(10 сесии)

10 едночасовни извршни или тимски коучинг сесии (виртуелни или во живо) водени од коуч на VRS. Фокусот е на развој на лидерство, донесување одлуки или усогласување на тимот, прилагодено на потребите на клиентот.

    Програма за искуство на вработените
    (Прилагоден 3-месечен план)

    Прилагодена програма за зголемување на ангажираноста на вработените, културата на работното место и задржување на кадар.

    Вклучува:

    • Анкета за ангажираност на вработените
    • Анализа на резултатите од анкетата со препораки за акција
    • Една работилница (виртуелна или во живо) за поттикнување позитивна работна култура
    • Имплементација на една програма за признавање или политика за флексибилно работење

    Иницијатива за заштеда на трошоци
    (Проценка на организациска ефикасност)

    Ефикасна проценка за идентификување можности за заштеда на трошоци, вклучувајќи:

    • Анализа на работната сила за оптимизација на распределбата на кадар
    • Инвентар на задачи за идентификување на дупликати или можности за автоматизација
    • Една препорака за економична технологија

    Годишнина бонус: Бесплатен вебинар

    Виртуелен вебинар за тимот на клиентот на тема лидерски коучинг

    Вклучува Q&A сесија со тимот на Vivendum

    Diamond Solution Package

    Дијамантскиот пакет на решенија на прв поглед

    Времетраење

    3–6 месеци, со флексибилно распоредување според потребите на клиентот

    Испорака

    Хибридно (виртуелна и во живо опција)

    Цени

    Стандардна цена: €8,500

    Попуст за годишнина: 10% за договори потпишани во текот на 3-месечната кампања

    Ова е вашата шанса да инвестирате во докажана програма за трансформација која дава мерливи резултати.

    Понудата завршува за

    Day(s)

    :

    Hour(s)

    :

    Minute(s)

    :

    Second(s)

    Целосна трансформација

    Вивендум ни помогна во трансформација на функцијата Човечки ресурси, најпрво преку ревизија на организациска структура и систематизација на вработени.

    Беа воспоставени процеси и политики за управување со персонална администрација и подготовка на спецификација за персонализиран HR софтвер.

    Соработувавме на воспоставување на главните HR системи – менаџмент перформанс, наградување, управување со таленти, планови за наследување, менторски и ориентациски програми, како и механизми за кревање на свесноста во организациската култура.

    Соработката беше исклучително професионална, со постојана комуникација и континуирана поддршка преку менторство и coaching од страна на Вивендум.

    _____________

    Раководител на сектор за Човечки ресурси 

    Дистрибуција и продажба

    Исклучително позитивно искуство

    Тимот на Вивендум реализираше обуки кои ни помогнаа во развој на лидерски способности, да ја подобриме тимската соработка, комуникацијата, мотивацијата кај вработените и да примениме стратегии за подобрување на задоволството и ангажираноста на вработените.

    Дополнително, добивме насоки за идентификација на потребите за развој, како и за креирање на програми за обука со цел континуирано унапредување на компетентноста на вработените.

    Како резултат на обуките беа забележани зголемена ангажираност и мотивација, подобрена продуктивност, намалување на конфликтите и притисокот во работењето, како и подобрување на меѓучовечките односи и општата атмосфера во работната средина.

    Соработката со ВРС претставуваше исклучително позитивно искуство. За време на процесот се чувствуваше зголемена мотивација за личен развој и за унапредување на процесите во организацијата.

    _____________

    Управител

    Фармацевтска индустрија Фармацевтска индустрија 

    Ориентирани и фокусирани кон целта

    Вивендум креираше и реализира специфично наменета програма за развој на менаџерски вештини за раководители од средно и стратешко ниво. Пред и по завршување на програмата за развој беше спроведена формална евалуација, која демонстрира зголемување на самодовербата на учесниците за примена на стекнатите вештини и знаења.

    Соработката со Вивендум е секогаш високо професионална, ориентирана кон постигнување на планираните цели преку обезбедување квалитетни услуги и базирана на заедничка почит, доверба и несебично споделување на знаење.

    _____________

    Специјалист за човечки ресурси

    Фармацевтска индустрија – веледрогерија

    Висококвалитетна реализација

    Со Вивендум соработувавме на неколку проекти и целата соработка се одвиваше на високо професионално ниво, со навремено и квалитетно исполнување на договорените активности.

    Преку проект за евалуација на вработените во службата имавме успех во назначување на менаџери и координатори согласно предлогот за вработени со висок потенцијал, назначување на тимови согласно задачите што најмногу одговараа на нивните компетенции. Ова резултираше со поголема ефикасност која се гледа во подобра организација на работните задачи, намалување на времето за завршување на проектите кој ги координира ОК, зголемена мотивација и ангажираност кај вработените.

    Како придобивки од ревизија на организациска структура и систематизација добивме дефинирање на јасни улоги и одговорности, избегнување на преклопувања и празнини во процесите, подобра комуникација и координација во рамки на одделот, со другите оддели во компанијата и капитално поврзаните друштва, поголема транспарентност и отчетност. Дополнително, тимот на ВРС реализираше обуки за преку 50 вработени од службата, со цел нивен личен и професионален раст и развој.

    _____________

    Раководител на Обезбедување квалитет

    Фармацевтска индустрија

    Одлична соработка

    Со Вивендум соработувавме на дефинирање на организациска структура и систематизација на работните места во организацијата, а потоа преку outsourcing услуги беа креирани и имплементирани сите потребни документи, правилници, политики, договори, досиеја и останати материјали потребни за ефикасно управување со персоналната администрација, која беше основа за идните процеси во организацијата.

    Преку одлична соработка, со отворена комуникација и јасно дефинирани цели успеавме да воспоставиме јасна структура и распределба на одговорности, дефинирани политики и правилници за работа, како и база на сите документи и материјали потребни за правилно управување со вработените и со процесите на организацијата.

    _____________

    Административен раководител

    Невладина организација

    Искрена благодарност

    Како менаџер во производство на финална електрична инсталација за автомобили, раководам со повеќе од 500 вработени. Моите главни одговорности опфаќаат планирање и организирање на производството, раководење со тимови, контрола на квалитетот на производот и оптимизирање на процесите.

    Голема благодарност до тимот на Вивендум Ратио Солушнс за нивната професионалност и постојана поддршка која ја добивав секогаш кога ми беше потребна консултација. Нивниот пристап ми помогна значително во подобрување на личната ефикасност, зголемување на тимската продуктивност и постигнување подобри резултати во производството по парчиња.

    _____________

    Менаџер во производство

    Автомобилска индустрија

    Управување со промени

    Со Вивендум работевме на целосен change management во одделот, преку ревизија на организациската структура и систематизација на работни места, евалуација на вработени, редизајн на деловните процеси и целосна ревизија на процедурите и СОП-овите за работа, дефинирање на KPI’s и воспоставување систем за нивно следење и мерење, креирање платформа за обука и тестирање на вработени, како и воспоставување на систем на бодови и бонуси, со дефинирање на соодветни механизми за промоција на вработени. Со цел успешна имплементација и идна самостојна реализација на овие промени, имав целосна поддршка од страна на Наташа, во вид на менторство и континуиран coaching.

    По завршување на проектот, имавме успех во намалување на рекламации од купувачи, подигнување на задоволство на вработени, забелешките од интерни и екстерни audit-и се трансформираа во препораки, целосно се смени организациската култура на вработените и истата ја усогласивме со визијата и целите на компанијата.

    Тимот на ВРС во целост беше навлезен и имаше познавање за потребите на одделот како и организациските потреби на компанијата па затоа нашата соработка беше на високо ефикасно ниво. Сите предизвици заедно ги надминуваме со одличен партнерски однос. И покрај тоа што проектот во нашиот оддел заврши ние оставаме во континуирана комуникација и поддршка.

    _____________

    Менаџер на магацини

    Фармацевтска индустрија

    Подобрена ефикасност

    Добив задача од генералниот директор да подобрам ефикасност, да намалам флуктуација на вработени и да подобрам квалитет во нов оддел во истата компанија, каде што ефикасноста во тој момент беше 72%, флуктуацијата на вработени повеќе од 6%, а во однос на квалитет имаше 30 – 40 рекламации на неделно ниво.

    Преку менторските и coaching услуги од страна на Наташа Алексовска, кои помогнаа во поставување на таргети и нивно следење, комуникација со вработените, решавање на проблеми, градење на доверба и многу важно – развој на соработка со другите оддели, дојдовме до развој на тим кој што понатаму беше спремен да работи самостојно, подобрување на ефикасноста на 103%, намалување на флуктуација на >1% и намалување на рекламациите на 0-1 во текот на една седмица.

    _____________

    Директор на производство

    Автомобилска индустрија

    Висока професионалност

    Преку услугите на Вивендум добивме професионална подршка во процесот на регрутирање и ефикасно управување со персоналната администрација. За време на проектот максимално не запознаваа и вклучува во сите чекори кои ги превземаа се со цел да добиеме персонализирана документација, која е целосно усогласена со нашите потреби и внатрешни процеси.  Дополнително, беше воспоставен систем за мерење на перформансите на вработените, преку квалитативни и квантитативни мерки како и изготвени прашалници за мерење на задолството на клиентите.

    Со систематизирање на документацијата успеавме побрзо и поедноставно да ја водиме администрацијата. Ја зголемивме продуктивноста кај вработените, ги намаливме рекламациите од клиенти, отсуствата од работа, односно ја зголемивме ефикасноста во сите процеси.

    Соработката беше крајно професионална, точна и ориентирана кон конкретни, практични решенија. Тимот на ВРС беше секогаш достапен и подготвен да помогне, предложи конкретни алатки што веднаш можевме да ги примениме во секојдневното работење.

    _____________

    Оперативен менаџер

    Компанија за хигиенски услуги

    Аналитички пристап

    Со зголемување на обемот на работа и бројот на вработени, се појави потреба од ревизија на процесите за управување со човечки ресурси, усогласеност со законските прописи, како и ревизија на правилници за работа.

    Услугите на Вивендум ни овозможија успешна трансформација на деловниот процес, не подготвија за самостојно справување со предизвиците и ни помогнаа во зголемување на ефикасноста согласно мерен учинок, целосна усогласеност со прописите за работа и во намалување на стапката на флуктуација на работната сила во компанијата.

    Соработката со Вивендум е препознатлива по нивната професионалност, приспособувањето на потребите на компанијата и по нивниот аналитички пристап кој одлично детектира аномалии во работењето.

    _____________

    Генерален менаџер

    Угостителство, индустриски кетеринг

    посветеност, темелност и прецизност

    Се соочив со предизвик поврзан со реорганизација на работните места и процеси, како и со потреба од поддготовка на вработени, кои од извршителски преминуваа на раководни позиции на средно менаџерско ниво, што подразбираше унапредување на нивните вештини во планирање, управување со ресурси и водење тимови, но и поддршка во редефинирањето на работните места.

    Соработката со Вивендум ја доживеав како вистински партнерски процес. Преку обуки и насочена стручна поддршка, успеавме да ја олесниме транзицијата на нашите вработени и да го зајакнеме нивниот менаџерски капацитет, што резултираше со подобрена организираност во одделите, поефикасни процеси без празни одови, повисока одговорност и посветеност кај вработените.

    Кај учесниците во едукациите се забележа поголема самодоверба, проактивност и креативност – кои директно влијаеја на работната атмосфера и резултатите.

    За тимот на ВРС можам да кажам само најпофални зборови – нивната посветеност, темелност, професионалност и прецизност во пристапот беа препознатливи во секоја сесија. Соработката ја доживеав како инспиративна и мотивирачка, бидејќи не беше само обука, туку вистинска трансформација во начинот на кој размислуваме и работиме.

    _____________

    Раководител на Човечки ресурси и Техничка поддршка

    Фармацевтска индустрија

    Jасна и Oтворена Kомуникација

    Од страна на Вивендум беше подготвена и одржана обука за развој, прилагодена на нашите специфични предизвици, која помогна вработените да се здобијат со нови знаења, вештини и примена на алатки за подобрување на меѓусебната соработка, комуникација, ефикасна организација на работа и време, мерење и достигнување на KPIs, како и подобрување во тимското работење.

    По завршувањето на обуката, беше спроведена формална евалуација за задоволството од обуката, согласно која можеше да се заклучи дека учесниците беа задоволни од обуката и предавачот, сметаа дека истата е интересна и навистина интерактивна, а темите кои беа обработувани се релевантни и дека ќе придонесат во нивното понатамошно работење.

    Наташа, како предавач на оваа обука, покажа висока професионалност, одлични презентациски вештини, сподели многу примери од досегашното искуство и имаше јасна и отворена комуникација со сите учесници на обуката.

    _____________

    Директор на човечки ресурси

    Железничка индустрија

    Преземете ја нашата бесплатна е-Книга

    Откријте ги „10-те клучни фактори за трајна трансформација на бизнисот и функцијата човечки ресурси“ – вашиот водич за оптимизирање на функцијата човечки ресурси, коучинг и ефикасност.

    Во овој водич, ќе научите како да:

    ✔ Ја усогласите ја вашата визија, структура и таленти за траен раст

    ✔ Ги оптимизирате процесите и вработените за поголема ефикасност и ангажираност

    ✔ Воспоставите системи базирани на податоци и поедноставени решенија кои поттикнуваат трансформација

    Придружете ни се на нашите јубилејни настани

    Прославете со нас на нашиот хибриден настан во Скопје (октомври 2025 година) и вебинарот „Ви благодариме“ (декември 2025 година).

    Деценија на извонредност,
    Иднина на решенијата

    Октомври 2025 година

    Фокус на решенија за човечки ресурси и коучинг за лидерство.

    Регистрирајте се за лично или виртуелно присуство.

    Вебинар „Ви благодараме“

    Декември 2025 година

    Студии на случај и прашања и одговори за нови услуги

    Придружете ни се online за да го прославиме нашето патување и да видиме како ќе ја обликуваме иднината.

    Контактирајте нè за вашата трансформација

    Contact Us МК

    Би сакале да чуеме од вас. Ве молиме испратете ни порака со пополнување на формуларот подолу и ние ќе ви се јавиме наскоро.

    Vivendum Ratio Solutions 10 Years Anniversary

    Вивендум Ратио Солушнс ДООЕЛ
    Ул.Аминта III, 33А, кат.4, стан.17
    1000 Скопје
    Северна Македонија

    Телефон: +389 71 33 75 82 или +389 71 33 75 92
    E-mail: info@vivendumsolutions.com.mk