Агилни организации-организациска структура на иднина

26/01/2018

Веќе неколку години наназад се повеќе компании на глобално ниво ја трансформираат својата организациона структура од традиционална-корпоративна хиерархија во „организација како мрежа од контакти“. Прифаќањето на идејата на „тим како центар на случувања“ и градење на „групи и тимови“ кој помага тимовите да останат усогласени е темелен и различен модел од оној кој многу компании денеска го користат за раководење со вработените.

Креирање на агилна организација

Согласно последното истражување на Deloitte, ре-дизајн на компаниите да станат повеќе подготвени за дигитализација претставува број 1 тренд на управување со човечки ресурси на глобално ниво (59% од компаниите дел од глобалното истражување на Deloitte за 2017 година трансформацијата на организациона структура ја имаат оценето со приоритет „итна“).

Причини за промена и влијание врз човечките ресурси

Основната причина за промена на организациона структура е се поголемата дигитализација на процесите во компаниите. Оваа се однесува не само на создавање на „дигитално искуство на клиент“ туку и на реорганизација на компанијата да дава дигитални услуги, континуирано подобрување на дигитални апликации и голем број на микро-услуги кои на клиентите и потрошувачите им дозволуваат регуларна комуникација и интеракција со производите и услугите кои компанијата ги обезбедува.

Овој тренд ги насочува компаниите кон промена на организациона структура од функционални хиерархии кон структури базирани на агилни тимови.

Оваа промена има големо влијание врз практиките на човечки ресурси кои се однесуваат на управување со таленти, развој на идни лидери и практиките во функцијата човечки ресурси. Во организација која функционира како мрежа, менаџерите водат проекти, не раководат само со луѓе. Вработените ги користат своите вештини во повеќе тимови. Тимовите се често повеќе функционални и потребна им е способност брзо да се формираат и променат по завршување на даден проект.

Влијание врз организационите практики

Оваа промена има влијание и на начинот и одговорностите кои произлегуваат од работна позиција, регрутација, процес на поставување на цели, кариери, наградување, организациона структура и улога на менаџментот во организацијата.

Теми како континуиран процес на мерење на резултати и квалитет во работењето, дигитално учење и кариери на 21 век се резултат на оваа промена и претставуваат фундаментална и егзистенцијална промена на начинот на кој компаниите работат.

Оваа промена отвора врата на нова индустрија на софтвери и алатки дизајнирани да ја подобрат продуктивноста. Моменталната потреба е создавање на стандарни алатки за мерење на резултати и квалитет во работата на тимовите, споделување на цели, тимска повратна информација, управување со проекти и комуникација и калибрација.

Што значи ова за професионалците од човечки ресурси?

Потребно е професионалците во областа на човечки ресурси да ги ревидираат моделите за развој на кариера и управување со таленти согласно новите принципи прикажани во табелата, како и да одговорат на следните прашања:

  • Колку сте подготвени да привлечете, управувате и развивате вработени дел од „мрежа“, а не од хиерархија?
  • Дали вашите практики и модели за развој на кариера, мерење на резултати и квалитет во работата, развој на лидери и систем за награди се соодветни за новата организациона структура?

И секако, да ги усогласат со организационата структура на иднината.

Трансформирајте го вашиот бизнис со бесплатна едночасовна консултација

Free Consultation MK

Откријте како Вивендум може да го поддржи вашето трансформативно патување. Закажете бесплатна едночасовна консултација за да ги истражите нашите решенија, прилагодени на потребите на Вашиот бизнис.

Согласност за GDPR

Поврзани објави

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Ревизија на функција човечки ресурси претставува клучна алатка за компаниите кои се стремат кон континуиран раст и зголемување на агилност во денешната деловна клима која брзо се менува и е зависна од економските, политичките и демографските промени.Ние во Вивендум...

Лични работни практики

Лични работни практики

Откријте практични совети за поголема продуктивност при работа од дома — од фокус и навременост, до совети за менаџери кои водат виртуелни тимови.