Неделните проверки претставуваат многу добар начин да се охрабрат вработените да превземат сопственост на своите индивидуални задачи и проекти. Обезбедува можност за самостојна и несинхронизирана проверка за вработените кои сеуште ја градат самодовербата и култура на двонасочна повратна информација. Оваа практика овозможува агилно движење и промена.
Неделните проверки не се замена за индивидуални 1-на-1 состаноци помеѓу менаџерот и вработениот. Личниот пристап претставува основна менаџерска практика, особено при работа со виртуелни тимови во кои face-time не се случува спонтано на работното место.
Редовни 1-на-1 состаноци
Face-time е особено важно за градење на меѓусебни односи и доверба и претставува основа за лична одговорност и постигнување на резултати. Претставува пракса преку која менаџерите го поддржуваат растот и развојот на своите вработени и им помагаат во решавање на проблеми и предизвици со кои се соочуваат.
Неделните состаноци сепак претставуваат можност за максимизирање на ефектот на состаноците 1-на-1, поради фактот што овие состаноци бараат повеќе време и заедничко закажување на одреден термин во неделата. Со добро структуирани неделни проверки, состаноците добиваат на ефективност и ефикасност.
Преку неделните состаноци менаџерите добиваат редовен статус за задачите кои претставуваат теми за разговор на состаноците 1-на-1, на кои се решаваат можните проблеми и предизвици на вработените. Исто така, овозможуваат фокус на најбитните теми и креирање на листа на теми за следните состаноци 1-на-1.
Се препорачува редовен ритам на состаноци еден на еден — ист ден и ист термин, а фреквенцијата може да биде еднаш на една или две недели, во траење од 30 до 60 минути.
Спонтани пораки, телефонски или видео повици
Претставува добра практика при раководење со виртуелен тим, на одреден период, менаџерот да ги контактира вработените преку порака, видео или телефонски повик — само за да провери како се чувствуваат и каква е состојбата. Овие пораки или повици треба да бидат кратки и да содржат кратки прашања како на пример:
- Како си?
- Каков е статусот на проектот Х?
- Кој е последниот статус на задачата Y?
- Дали постои нешто со што можам да ти помогнам?
- Кое е твоето мислење за темата XYZ?
Понекогаш овие проверки можат да траат неколку минути, па се до 45 минути, но кај нив е карактеристично што не постои некоја особена агенда — тие се повеќе за поддршка и проверка на пулсот на тимот.
Период за достапност за вработените
Со самиот факт што тимот не работи во канцеларија и не е физички лоциран заедно, вработените немаат можност да го контактираат менаџерот во секое време за прашање, предизвик или добивање на одредена насока.
Менаџерите треба да дефинираат неколку часа достапност неделно во својот календар — период во кој вработените или колегите ќе можат да ги контактираат за сите важни прашања или пак едноставен совет.
Овозможувањето на достапност за сите важни предизвици и проблеми кои се појавуваат во текот на неделата ја зголемува блискоста со вработените и колегите и дава чувство на поврзаност и очекувана поддршка.
Оценување на резултати и квалитет во работењето
Неделните проверки и состаноците еден на еден даваат добар ритам за проценка, контрола и следење на исполнување на задачи и проекти. Оваа практика сепак не претставува доволна основа за долгорочна оценка и развој.
За оценување на резултати и квалитет во работењето се препорачува разгледување на исполнување на задачите и проектите ретроспективно, на фреквенција од 2 до 4 пати годишно. При тоа, предмет на евалуација не треба да бидат само исполнетите задачи, туку и иден развој на вработените во иднина.
Потребна ви е помош?
Доколку ви е потребна помош или совет поврзан со раководење на виртуелни тимови, контактирајте на e-mail адресите и телефонските броеви кои се наоѓаат на нашата веб страница: www.vivendumsolutions.com.mk. Услугите во период на вонредна состојба се бесплатни за сите компании.