Ефективност на менаџер при управување со виртуелни тимови

16/04/2020

Додека голем број од менаџерските вештини потребни за работа со тимови на работна локација се применливи кога се работи со виртуелни тимови, сепак дополнително e потребно да се поседува и вистински сет практики и соодветен ритам во работењето.

75% од ефективноста на менаџер кога управува со виртуелен тим се сведува на обезбедување на редовен ритам на обврски и соодветен разговор во вистинско време.

Со однапред креирана структура, возможно е да се постигне потребната ефективност. Во текстот подолу ќе ви дадеме неколку насоки како да ја изградите оваа структура.

Неделни проверки

Поради тоа што менаџерите не се во можност физички да имаат контакт со вработените, потребно е да се здобијат со доверба во вработените и да изградат однос кој се базира на поголема автономија на вработените. Од друга страна, кај менаџерите е потребна поголема транспарентност наместо микроменаџмент.

Неделните проверки се најдобра опција да се постигне оваа цел.

Континуирани проверки обезбедуваат фреквентна и редовна комуникација помеѓу менаџерите и нивните вработени. Истражувањата укажуваат дека редовните проверки допринесуваат до подобрување на продуктивност кај вработените, подобро исполнување на цели, како и подобар морал, доверба и ангажираност.

Неделните проверки е потребно да бидат добро структуирани и со добро дефинирана агенда.

Како да изгледа структурата на неделна проверка?

  • Краток осврт на улогата и статусот: Секој вработен треба да направи краток осврт на својата улога, да даде краток статус и да сподели следни информации со менаџерите.

1. Проверка на пулс – како се чувствуваат

Едноставна скала од 1 до 5 може да функционира одлично, со тоа што вработените може да дадат краток коментар за оценката која ја даваат.

2. Црвено, жолто и зелено за моменталниот статус на целите

Бојата ја претставува довербата на вработениот дека целите/задачите ќе бидат исполнети во дадената временска рамка, заедно со статус на прогрес кон исполнување на задачата.

На ваков начин менаџерот прави real-time проценка за тоа кои цели/задачи на тимот се согласно плановите, а кои се под ризик за исполнување, како би можеле да се превземат чекори за целите/задачите да не бидат неисполнети или задоцнети.

3. Кратка листа на топ приоритети за неделата која следи

Дополнително, вработените може да споделат статус на приоритетите кои биле поставени минатата недела, со кратко објаснување — завршено/незавршено.

4. Кратки одговори на едноставни прашања

Се препорачува да се вклучат едноставни прашања како:

  • Кои задачи и обврски одат добро?
  • Дали имаш да споделиш некои успеси?
  • Дали се соочуваш со одредени предизвици?
  • Што не оди добро?

Горенаведените прашања се основни, но менаџерот секогаш може да додаде ново прашање секоја недела за да не се доведе до монотонија, да добие корисни информации и да поттикне битен дијалог со вработените.

Потребна ви е помош?

Доколку ви е потребна помош или совет поврзан со раководење на виртуелни тимови, контактирајте на e-mail адреси и телефонски броеви кои се наоѓаат на нашата веб страница: www.vivendumsolutions.com.mk. Услугите во период на вонредна состојба се бесплатни за сите компании.

Трансформирајте го вашиот бизнис со бесплатна едночасовна консултација

Free Consultation MK

Откријте како Вивендум може да го поддржи вашето трансформативно патување. Закажете бесплатна едночасовна консултација за да ги истражите нашите решенија, прилагодени на потребите на Вашиот бизнис.

Согласност за GDPR

Поврзани објави

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Ревизија на функција човечки ресурси претставува клучна алатка за компаниите кои се стремат кон континуиран раст и зголемување на агилност во денешната деловна клима која брзо се менува и е зависна од економските, политичките и демографските промени.Ние во Вивендум...

Лични работни практики

Лични работни практики

Откријте практични совети за поголема продуктивност при работа од дома — од фокус и навременост, до совети за менаџери кои водат виртуелни тимови.