Дата: 20 Maj 2026
Online training
Контекст и цели на програмата
Стекнување знаење и вештини за изработка, анализа и имплементација на систематизација на работни места во компаниите согласното законските и организациските барања.
За кого е наменета
Oваа обука е наменета за професионалци и организации кои сакаат да ја подобрат својата продуктивност преку ефикасна систематизација на работните места. Особено е корисна за:
- Менаџери на компании/оддели – кои имаат цел да ја структурираат својата организација/оддел во насока на постигнување поголема продуктивност.
- Професионалци од HR, правна служба или финансии – кои се одговорни за управување со процесот.
- Државни институции и јавни служби – каде систематизацијата игра важна улога во функционалноста и транспарентноста.
- Вработени – кои сакаат да ги разберат работните одговорности, како и да се подготват за напредок и развој во кариерата.
Бенефити:
- Оптимизација на човечките ресурси – Подобро планирање и распределување на вработените согласно нивните вештини и способности
- Подобрена организациска структура – Јасно дефинирани работни места и одговорности.
- Зголемена продуктивност – Јасно дефинирани очекувања, подобра комуникација, побрзо носење одлуки и ефикасност во деловните процеси.
- Поддршка за развој на кариерата – Основа за градење кариерни патеки за вработените, за нивно унапредување и професионален развој.
- Намалување на правни ризици и зголемена транспарентност.
- Подобра подготовка за ревизија и интерна контрола.
Програма:
- Значење и бенефити од систематизација
- Барања согласно законска рамка
- Процес на воспоставување / ревизија на систематизација
- Анализа и дефинирање на организациона структура и хиерархиска поставеност
- Анализа на потреба и дефинирање оптимален број на работни места
- Идентификација на клучни задачи, знаења и компетенции
- Изработка на опис на работно место
- Имплементација и примена на систематизација
- Поврзување на систематизацијата со клучните системи за управување со човечки ресурси
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
- Отворени дискусии;
Времетраење: (1 ден) од 10:00 до 14:00 часот
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени.
Пријава за учество:
Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 19.05.2026 година, преку аплицирање преку формата подолу. Цената на обуката изнесува 4,500 денари +ддв, а за корпоративно учество следува попуст.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”