Системско размислување – Најголем тренд на Човечки Ресурси за 2016

16/06/2016

Вештина на создавање на позитивно искуство на вработен

Системското размислување се појавува како најголем тренд во Човечки Ресурси согласно истражувањето направено од страна на Deloitte и издадено во 2016 Global Human Capital Trends извештајот, заснован на повеќе од 7.000 одговори на прашалник спроведен во 130 земји во светот.

Глобалните трендови и „вработениот кој е преоптоварен“

Глобалните трендови на Човечки Ресурси го навестија овој тренд пред две години кога го идентификуваа „вработениот кој е преоптоварен“ како значаен ризик за развој и задржување на таленти во организација. Овој тренд го актуелизира вработениот кој пред себе има предизвик ефикасно да управува со наплив на електронски пораки и информации додека се „бори“ да одговори на зголемените и комплексни работни обврски и одговорноста да биде достапен 24/7.

Во 2015 година, Глобалните трендови на Човечки Ресурси ги забележаа првите обиди на Човечки Ресурси за „поедноставување“ на работната средина како одговор на преоптовареност на вработените.

Инкорпорирање на системско размислување

Во денешно време, иновативните оддели за Човечки Ресурси ги насочуваат своите активности кон инкорпорирање на системско размислување во раководење, поддршка и обука на вработените во нивните организации.

Наместо градење на „програми“ и „процеси“, одделите за Човечки Ресурси ги евалуираат вработените со цел создавање на апликации и алатки преку кои ќе го намалат стресот на вработените и ќе ја зголемат нивната продуктивност.

Клучни резултати од истражувањето на Deloitte

Во истражување на Deloitte, 79% од Извршните Директори го оцениле системското размислување како највисок приоритет кога станува збор за промените во областа на управување со таленти, додека само 12% од испитаните сметаат дека системското размислување е застапено во нивните програми за управување со таленти во организацијата.

50% од овие Извршни Директори кои ги оцениле нивните програми за управување со таленти како извонредни поради примена на системско размислување, спаѓаат во категорија на компании кои имаат високи резултати во работењето.

Станува јасно дека системското размислување се појавува како најдобра практика за водечките компании и иновативните оддели за Човечки Ресурси.

Трансформирајте го вашиот бизнис со бесплатна едночасовна консултација

Free Consultation MK

Откријте како Вивендум може да го поддржи вашето трансформативно патување. Закажете бесплатна едночасовна консултација за да ги истражите нашите решенија, прилагодени на потребите на Вашиот бизнис.

Согласност за GDPR

Поврзани објави

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Ревизија на функција човечки ресурси претставува клучна алатка за компаниите кои се стремат кон континуиран раст и зголемување на агилност во денешната деловна клима која брзо се менува и е зависна од економските, политичките и демографските промени.Ние во Вивендум...

Лични работни практики

Лични работни практики

Откријте практични совети за поголема продуктивност при работа од дома — од фокус и навременост, до совети за менаџери кои водат виртуелни тимови.