Зошто компетенциите се особено важни за секоја Организација?

05/12/2015

Веќе неколку години наназад, сè повеќе компании на глобално ниво ја трансформираат својата организациона структура од традиционална корпоративна хиерархија во „организација како мрежа од контакти“. Прифаќањето на идејата на „тим како центар на случувања“ и градење на „групи и тимови“ кои им помагаат на тимовите да останат усогласени претставува темелен и различен модел од оној кој многу компании денес го користат за раководење со вработените.

Креирање на агилна организација

Согласно последното истражување на Deloitte, редизајн на компаниите за да станат повеќе подготвени за дигитализација претставува број 1 тренд на управување со човечки ресурси на глобално ниво.
59% од компаниите дел од глобалното истражување на Deloitte за 2017 година трансформацијата на организациона структура ја имаат оценето со приоритет „итна“.

Причини за промена и влијание врз практиките на човечки ресурси

  • Основната причина за промена на организациона структура е сè поголемата дигитализација на процесите во компаниите. Ова се однесува не само на создавање на „дигитално искуство на клиент“, туку и на реорганизација на компанијата за да дава дигитални услуги, континуирано подобрување на дигитални апликации и развој на голем број микроуслуги кои овозможуваат постојана интеракција со клиентите и потрошувачите.

Овој тренд ги насочува компаниите кон промена од функционални хиерархии кон структури базирани на агилни тимови.

  • Оваа промена има големо влијание врз практиките на човечки ресурси кои се однесуваат на управување со таленти, развој на идни лидери и процесите на функцијата човечки ресурси. Во организација која функционира како мрежа, менаџерите водат проекти, не раководат само со луѓе. Вработените ги користат своите вештини во повеќе тимови, кои често се мултифункционални, и потребна им е способност брзо да се формираат и променат по завршување на даден проект.

Оваа промена има влијание и врз начинот и одговорностите кои произлегуваат од работните позиции, процесите на регрутација, поставувањето на цели, кариерниот развој, наградувањето, организационата структура и улогата на менаџментот во организацијата.

Теми како континуиран процес на мерење на резултати и квалитет во работењето, дигитално учење и кариери на 21 век се резултат на оваа промена и претставуваат фундаментална и егзистенцијална трансформација на начинот на кој компаниите функционираат.

Нова индустрија и алатки за продуктивност

  • Оваа промена отвора врата за нова индустрија на софтвери и алатки дизајнирани да ја подобрат продуктивноста.
    Постојат растечки потреби за создавање стандарди и унифицирани алатки за мерење на резултати и квалитет, споделување на цели, тимска повратна информација, управување со проекти, комуникација и калибрација.

Што овие промени значат за професионалците во областа на човечки ресурси?

Потребно е професионалците во областа на човечки ресурси да ги ревидираат моделите за развој на кариера и управување со таленти според новите принципи и да одговорат на следните прашања:

  • Колку сте подготвени да привлечете, управувате и развивате вработени како дел од „мрежа“, а не од хиерархија?
  • Дали вашите практики и модели за развој на кариера, мерење на резултати и квалитет во работата, развој на лидери и систем за награди се соодветни на новата организациона структура?

И секако, потребно е сите овие практики да се усогласат со организационата структура на иднината.

Трансформирајте го вашиот бизнис со бесплатна едночасовна консултација

Free Consultation MK

Откријте како Вивендум може да го поддржи вашето трансформативно патување. Закажете бесплатна едночасовна консултација за да ги истражите нашите решенија, прилагодени на потребите на Вашиот бизнис.

Согласност за GDPR

Поврзани објави

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Отклучете го потенцијалот на вашата компанија преку ревизија на функција човечки ресурси

Ревизија на функција човечки ресурси претставува клучна алатка за компаниите кои се стремат кон континуиран раст и зголемување на агилност во денешната деловна клима која брзо се менува и е зависна од економските, политичките и демографските промени.Ние во Вивендум...

Лични работни практики

Лични работни практики

Откријте практични совети за поголема продуктивност при работа од дома — од фокус и навременост, до совети за менаџери кои водат виртуелни тимови.