Нашата Мисија

Основана во 2014 година, Вивендум Ратио Солушнс е компанија за деловен консалтинг, посветена на креирање на промени и организациона агилност на организациите од приватниот и јавниот сектор, потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија.

Нашите трансформациони активности се насочени кон дизајн на организација, ре-дизајн на деловни процеси преку воведување на дигитализација, аналитика и дизајн на основните процеси и организационата култура. Градење на способности кои на организацијата и вработените ќе им овозможат успех во деловната средина која постојано се менува, ќе развијат инзвонредност во исполнување на целите за да обезбедат резултати од превзементите активности и одржливост на организацијата.

Нашиот пристап е уникатен модел на практична примена на модел на управување со промени.

Потребите од промени, нивното креирање, иницирање и имплементирање ги креираме во соработка со вработени на сите нивоа на хиерархија на организациите кои се наши клиенти.

Овој модел ни овозможува брза и ефективна трансформација, можност да изградиме персонализирани решенија и да ги оствариме резултатите согласно однапред поставените цели од нашите проекти во согласност со деловните и стратешките цели на нашите клиенти.

Нашата експертиза и најголем фокус е во развојот на човечкиот потенцијал, затоа што веруваме во иновативната моќ на луѓето и нивната способност да создадат стратешки, организациски и општествени промени.

Нашите Вредности

Професионализам

Специјализирано знаење

Поседуваме јасна и силна лична посветеност за континуиран развој и подобрување нашите знаења, вештини и експертиза потребни за исполнување на нашата мисија.

Во време кога технологијата и социјалните промени драматично ја менуваат средината во која организациите функционираат, континуираното учење ни овозможува брза адаптација и агилност, знаења за нови технологии, практики и трендови во индустријата, која ни ги дава потребните алатки и знаења за крeирање на додадена вредност на нашите клиенти.

Компетентност

Ние сме веродостојни,ги одржуваме нашите ветувања и го демонстрираме ова однесување во нашата секојдневна работа, во проектите и со клиентите со кои соработуваме како и во нашите односи со заедницата во која делуваме. Овие однесувања имаат основа во деловните, техничките, консултантските и социјалните вештини кои ги поседуваме како и нашите високи етички стандарди.

Интегритет и чесност

Секогаш се држиме за дадениот збор, што не прави доверлив партнер и соработник. Никогаш не превземаме дејствија со што ќе ги загрозиме нашите вредности и секогаш ја бираме правилната постапка , дури и кога тоа значи да се оди по потешкиот пат.

Одговорност

Стоиме одговорни за нашите мисли, зборови и постапки, особено во случај на пропуст или грешка.

Самоконтрола

Остануваме професионални под притисок и секогаш покажуваме почит кон луѓето околу нас, без оглед каква е нивната улога или ситуација.

Луѓето се важни

Веруваме дека луѓето се основа и движечка сила на секоја организација; тие се единствени, достојни за грижа, разбирање и инвестирање. 

Веруваме дека луѓето треба да имаат пристап и можности за работа, да им се обезбеди поддршка, развој и ресурси за да бидат ефективни; за возврат, тие имаат лична одговорност за своето работење, развој и однесување.

Создаваме улоги, можности и работни средини кои помагаат да се извлече најдоброто од луѓето, да се постигнат одлични организациски резултати, што за возврат придонесува за подобрување на нашите економии.

Фокус кон клиенти

Постојано се стремиме да ја подобриме нашата способност да ги задоволиме нашите клиенти. Ги учиме деловните потреби на нашите клиенти, нивната организација, култура, предизвици и цели за да можеме да обезбедиме услуга прилагодена на нивните потреби.

Постојано го следиме и мериме задоволството на нашите клиенти, преку секој контакт со нашата компанија, не само за услугите што ги нудиме.

Стратешки фокус

Иновативноста е клучна за способност на организација да постигне и да ја одржи конкурентската предност на пазарот. Стратешкиот фокус служи за стимулација на иновациите.

Нашите решенија ги дизајнираме на начин на кој  создавме единствена цел и визија која е потребна на секоја организација за да може да создаде основна и дистинктивна компетентност.

Ова компетентност служи како насока мотивација и инспирација за иновациите потребни за постигнување и одржување на конкурентска предност на нашите клиенти.

Водени од вредност и резултати

Веруваме дека споделените вредности и фокусот кон резултати водат кон успех.

Работиме со нашите клиенти во креирање на визија за промена, ги поттикнуваме организациите кон таа визија и го мериме напредокот на заедничките цели кои водат до очекуваната промената.

Партнерство

Работиме континуирано во градењето на долгорочни односи интерно, со нашите клиенти, соработници и средината во која делуваме

Влијание на општество

Општественото влијание го претставува ефектот на дејствијата на една организација врз благосостојбата на заедницата.

Суштината на нашата работа е во можноста да соработуваме и да создадеме инклузивни работни модели кои помагаат на секоја организација да ги постигне своите стратешки цели во кои е максимизирана нејзината економска вредност, како и општественото влијание.

Основач

Основач

Вивендум Ратио Солушнс е основана од Наташа Алексовска.

Со повеќе од 15 години во индустријата, Наташа успева да изгради имиџ на професионалец кој се истакнува со својот отворен и иновативен стил, стратешки фокус, насоченост кон идентификување на решавање на организациони проблеми, иницијатива за континуирано продобрување и високи етички стандарди. Нејзиното искуство во областа на човечки ресурси е изградено преку работа во различни индустрии и видови на организации кои вклучуваат интернационални и мултикултурни средини, приватни и јавни организации како и јавни организации трансформирани во приватни ентитети.

Поседува докажано и успешно лидерство во организации, преку имплементација на иницијативи за управување со промени, развој и примена на современи практики во управување со човечки ресурси – регрутација, развој на вработени, управување со таленти, системи за мерење на резултати и квалитет во работењето, примена на најнови технологии и софтверски решенија во функцијата како и успешно превземање на улога на внатрешен консултант на извршниот менаџмент со цел постигање на оптимизација на планирање, управување и континуирано зголемување потенцијал на човечките ресурси во организациите во кои делувала.

Наташа поседува широко познавање и практично искуство во буџетирање, анализи и инцијативи за заштеда на средства, ре-дизајн на организациони структури, оптимизација на деловни процеси, имплементација на нови технолошки решенија како и односи со вработени и синдикати.