Емоционална интелигенција или EQ – клучен елемент за нашиот личен и професионален развој и успех
Светскиот Економски Форум ја рангираше емоционалната интелигенција на шесто место на листата од топ 10 вештини кои вработените треба да ги поседуваат за да постигнат успех и напредување на работно место.
- 58% од случаевите на професионален успех се должат на поседување на висок коефициент на емоционална интелигенција.
 - 90% од вработените кои постигнуваат високи резултати во работата поседуваат висок коефициент на емоционална интелигенција.
 - Емоционална интелигенција претставува основа за развој на многу од клучните вештини на работни место, некои од нив се:
- Вештини за ефикасна комуникација
 - Ефикасно управување со време
 - Управување со промени
 - Иновативност
 - Продажни вештини и услуга на клиенти
 - Способност за решавање на проблеми
 - Ориентираност кон континуирано учење и постигнување на резултати
 - Менторски вештини
 - Лидерски вештини
 - и други.
 
 
Опис на програмата:
Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех.
Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив.
Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени.
Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени.
За кого е наменета
- Менаџери на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции
 - Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера и продуктивно управување со личниот живот преку развој на емоционална интелигенција
 - Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите лидерски вештини
 
Од оваа обука ќе научите:
Да ги разберете и примените принципите на емоционален развој на двете полиња во животот, личен и професионален
- Подобро разбирање на врската помеѓу мислите и емоциите, да направите разлика помеѓу нив со цел да направите подобри одлуки
 - Да станете отпорни и проактивни кога сте соочени со предизвици, стрес, притисок и големи очекувања
 - Да идентификувате начини на кои преку практична примена на емоционална интелигенција ќе постигнете подобри резултати со луѓето за кои сте одговорни
 - Да ги разберете различните модели на однесувања и очекувања и како да работите со луѓе кои имаат различно однесување и очекувања
 - Да го разберете лидерскиот модел и пристап кој е потребно да го примените кога се наоѓате во тешка ситуација
 - Важноста на конфликт и како преку конфликт може да се изградат односи со другите
 - Развој на социјални вештини и емоционална интелигенција
 - Подобрување на лидерски вештини преку примена на емоционална интелигенција
 
Програма:
Ден 1:
- Историја на настанок и развој на емоционална интелигенција
 - Модел на емоционална интелигенција на Daniel Goleman
 - Четири основни области на емоционална интелигенција
 - Компетенции кои произлегуваат од емоционална интелигенција
 - Самосвесност
- Емоции
 - Вредности
 - Способности и вештини
 - Комуникациски стил
 - Работен стил
 - Личен/персонален стил (карактер)
 - Стил на справување со конфликт
 - Лидерски стил
 
 - Развој на самосвесност
- Разбирање на сопствени чувства
 - Објективна перцепција за себе
 - Развој на самодоверба
 
 - Развој на самоконтрола
- Емоционална самоконтрола
 - Интегритет
 - Способност за постигнување на цели
 - Флексибилност и агилност
 
 
Ден 2:
- Развој на свесност за другите
- Запознавање на другите
 - Развој на емпатија
 - Предвидување на потреби на другите
 - Култивирање на социјална свесност
 - Почитување на различитости
 
 - Градење на односи со другите
- Ефективна комуникација
 - Развој на другите
 - Придонес кон резултатите на тимот
 - Управување со конфликти
 - Катализатор на промени
 - Градење на влијание
 - Инспирационо лидерство
 
 
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
 - Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
 - Учење преку индивидуални и тимски вежби;
 - Отворени дискусии;
 
Времетраење: 2 дена
Обучувач:
Наташа Алексовска
- Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс,
 
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.