Дата: 20 Март 2020 година
Опис на програмата:
Живееме во динамично време во кое сме континуирано зафатени и оптоварени со многубројни обврски. Обемот на работа континуирано се зголемува, се работи со кратки рокови, промени во последна минута, дополнително модерните комуникациски алатки и фреквенција додаваат на секојдневниот притисок.
Повеќе од било кога, потребно е да бидеме ефективни во планирање на работните обврски и управување со нашето време.
Обуката за ефикасно управување со време на учесниците ќе им ги презентира стратегиите и техниките со кои времето на располагање ќе биде максимално и продуктивно искористено. На обуката учесниците ќе имаат можност да направат анализа на своите јаки и слаби страни во управување со време, да постават лични приоритети, управуваат со очекувања кои другите ги имаат од нив и како да станат повеќе ефективни на работното место.
Од оваа обука ќе научите:
- Ефикасно да ја планирање и приоретизирате вашата работа
 - Ефикасно да управувате со попречувања
 - Да развиете практични техники и стратегии за ефективно управување со време
 - Потполно искористите бенефитите од денешната технологија
 - Да ги идентификувате вашите лични предизвици во ефикасно управување со време и како истите се појавуваат
 
Програма на обука
- Вовед во концепт на ефикасно управување со време
 - Пречки за ефикасно управување со време
 - Стилови на продуктивност
 - Мит за способност за мултитаскинг
 - Три принципи на ефикасно управување со време
 - Основни алатки за ефикасно управување со време
 - Ефикасно управување со документација 
- Хартиена документација
 - Електронска документација
 
 - Приоретизирање
 - Scheduling
 - Управување со лично време
 - Концентрација и фокус
 
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
 - Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
 - Учење преку индивидуални и тимски вежби;
 - Отворени дискусии;
 
Времетраење: 8 часа ( 1 ден ) од 09:00 до 17:00 часот
Обучувач:
Наташа Алексовска
- Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс,
 
За учесниците ќе биде обезбедено:
- Материјали – презентација, вежби, тестови, студии на случај;
 - Сертификат за учество;
 - Закуска и освежување;
 
Пријава за учество:
Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 18.03.2020 година, преку потполнување на пријава за учество.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.