Дата: 30 Јуни 2023 година
Продажните претставници кои имаат висока емоционална интелигенција (EQ) остваруваат двојно повеќе приходи од оние со просечен резултат за EQ.
До ваков резултат довеле повеќе истражувања, меѓу кои и истражувањето на The hay Group – компанија за менаџмент консалтинг во глобални рамки, извршено на 44 компании од Fortune 500. Во една од компаниите, измериле дека продажните претставници кои добиле обука за EQ, ги надминале резултатите за склучени зделки на тие од контролната група за 12%.
Програма на обука:
- Профил на клиент
- Емоција – Логика – Време
- Експеримент на Антонио Демасио
- Основи на Бихејвиорална економија
- Видови клиенти
- Процес на носење одлука за купување
- Профил на продавач
- Самосвесност
- Емоции
- Вредности
- Комуникациски, работен и личен стил
- Стил на управување со конфликт
- Развој на самосвесност
- Емоционална самоконтрола
- Способност за постигнување на цели
- Развој на свесност за другите
- Идентификување на продажни можности
- База на клиенти
- Чекори во утврдување на продажни можности
- Квалификување на продажни можности
- Градање на односи со купувачи
За кого е наменета
- Професионалци и тимови од областа на продажба, дистрибуција, односи со клиенти, услуга на клиент и останати сродни дејности.
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
- Отворени дискусии;
Времетраење: 1 ден
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 18 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 130 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1500 вработени од сите хиерархиски нивоа.
За да извршите регистрација за учество на обуката потребно е да испратете потполнета Пријава за учество (download) на info@vivendumsolutions.com.mk најдоцна до 28.06.2023 година
Recent Comments