Дата: 17 Септември 2025

Опис на програмата:
За успех во менаџментот потребно е разбирање на психологија која помага во дефинирање како на индивидуални, така и на однесувања на група. Успешните менаџери имаат карактеристики на високо ниво на самосвесност и емпатија, и имаат способност да ги искористат однесувањето на тимот, нивните ставови и верувања за да ги инспирираат и мотивираат за постигнување на високи резултати.
Цел на оваа обука е да ја претстави рамката и принципите кои на учесниците ќе им овозможи да ги истражат своите претпоставки за другите, да имаат подобро разбирање зошто луѓето го прават тоа што го прават и ќе можат поефективно да управуваат со себе и со другите.
Обуката е наменета за:
- Менаџери од сите хиерархиски нивоа – кои сакаат да ја подобрат својата ефикасност во водење на луѓе и тимови,
 - ЧР професионалци – кои се вклучени во развој на вработени и управување со организациска култура,
 - Претприемачи и сопственици на мали бизниси – кои се соочуваат со предизвиците на водење тимови и донесување одлуки,
 - Индивидуалци – кои сакаат да се развиваат во оваа област.
 
Програма:
- Вовед во психологија на менаџмент
- Функции и приници на лидерство
 - Психолошки теории на менаџмент
 - Менаџмент
 - Практични теории на лидерство
 - Лидерство
 - Лидерство vs Менаџмент
 - Формирање на група во организација и управување со организација
 - Формирање на група и нивна класификација
 - Главни карактеристики на организација, формирање и контрола
 - Организација како систем
 - Разбирање на организациона култура
 - Визија на организација како насока кон успех
 - Животен циклус на тим
 - Мотивација и лојалност
 - Правичност и фер третман во организација
 - Организационен стрес
 - Градење на оптимизам и фокус
 
 
Бенефити од обуката:
- Подобро разбирање на однесувањето на вработените и соработниците
 - Подобрување на лидерски вештини
 - Ефикасно управување со тимови и поединци
 - Подобрување во носење одлуки
 - Зголемување на мотивација и ангажираност во тимот
 - Подобрување на организациската култура.
 
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања
во организациите; - Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
 - Учење преку индивидуални и тимски вежби;
 - Проектна задача од работењето на компаниите на учесниците;
 
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 20 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 165 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Пријава за учество:
Цената на обуката изнесува 7.200 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 15.09.2025 година, преку потполнување на пријава за учество (Пријава) или аплицирање преку формата подолу.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
biljanamilanovska@yahoo.com
sihanaselmani1@outlook.com