Дата: 17 и 18 Декември 2025
Дводневна интензивна работилница за креирање, мерење и оптимизација на KPI системи и аналитика на податоци
+ AI во акција
Опис на програма:
Обуката Data-Driven Performance е практична дводневна работилница наменета за сите кои сакаат да воспостават или унапредат систем за мерење и оптимизација на продуктивноста во нивната организација. Учесниците ќе научат да креираат паметни KPI, да градат автоматизирани dashboard-и, да читаат податоци како детективи и да креираат 90-дневни акциони планови со реални пресметки на ROI. Сите модули се надградени со бесплатни AI алатки.
Обуката е наменета за:
- Менаџери и лидери – кои сакаат да воспостават мерлив систем за резултати и квалитет во работењето на тимовите
- Професионалци од областа на човечки ресурси – кои работат на развој на мерливи цели и показатели на успех и аналитика на резултати
- Бизнис аналитичари – кои користат квантитативни методи за подобрување на процесите
- Сопственици на мали и средни фирми – кои сакаат брзо да видат каде имаат неефективни трошоци и како да ги подобрат резултатите
Програма:
1 Ден: Градење на системот
- Вовед + Што е вистинска продуктивност
- Дизајн на SMART KPI + AI KPI генератор
- Најдобрите KPI по индустрија
- KPI Dashboard + AI
- Автоматизација и заштита од манипулација
2 Ден: Анализа и акција
- Task Inventory + Пресметка на потребен број на работна рака
- Оптимален ratio менаџер/вработени + Продуктивност на работни процеси
- Читање на податоци како data analyst + AI анализа
- 10-те најбрзи интервенции што носат резултати
- 90-дневен акционен план
Бенефити од обуката:
- Си одите со готов KPI систем за вашата компанија – ваши 10–15 KPI готови за понеделник
- Автоматизирани Excel/Google Sheets табели и dashboard-и што се ажурираат сами
- Јасна слика колку луѓе ви требаат навистина + оптимален ratio менаџер/вработени
- Пресметка каде точно се губат парите во процесите (Task Inventory + Value Stream Mapping)
- 10 проверени интервенции со точен ROI
- Персонализиран 90-дневен план со конкретни чекори и бројки
- 10 AI трикови што за 10 секунди прават анализа што порано траеше часови
- Затворена група со 3-месечна поддршка
Предавање:
- Нема долги предавања.
- Имате лаптоп/телефон пред вас и за 48 часа си одите со комплетен систем за мерење и оптимизација на продуктивноста.
Времетраење: 8 часа дневно (09:00 – 17:00)
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и постар консултант во Вивендум Ратио Солушнс, предавач во Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Пријава за учество:
Цената на обуката изнесува 15.000 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува 10% попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 15.12.2025 година, преку аплицирање преку формата подолу или на info@vivendumsolutions.com.mk
За сите дополнителни информации контактирајте не на 071-337-592.
“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”