Дата: 16 Јануари 2026
Во пресрет на 2030 година, човечкиот потенцијал останува клучот за успех, а отпорноста и прилагодливоста се вештини што ниту една технологија не може да ги замени.
Оваа еднодневна обука е дизајнирана за професионалци и лидери кои се соочуваат со брзи промени и предизвици во деловното опкружување. Програмата ги развива клучните компетенции за психолошка отпорност, флексибилност и адаптивно лидерство, преку комбинација на интерактивни модули, психометриски алатки (DISC, Connor-Davidson Resilience Scale, EQ самооценка) и практични вежби. Учесниците ќе научат како да изградат силни тимови, да управуваат со стрес и да донесуваат ефективни одлуки во динамични ситуации.
Обуката е наменета за:
- Менаџери и тим лидери кои управуваат со луѓе во динамични и променливи деловни услови.
- HR професионалци кои развиваат програми за ангажираност и отпорност кај вработените.
- Проектни менаџери кои се соочуваат со кратки рокови и чести промени во приоритетите.
- Раководители на оддели кои треба да одржат стабилност и продуктивност во време на организациски трансформации.
- Сите професионалци кои сакаат да ги подобрат своите вештини за адаптација, управување со стрес и ефективна комуникација.
Бенефити за учесниците по завршување на обуката:
- Разбирање на концептите отпорност и адаптивност
- Самопроценка на личната отпорност и стил на комуникација
- Техники за управување со стрес и промени
- Адаптивно лидерство во време на несигурност
- Градење силни и ангажирани тимови
- Развивање емоционална интелигенција (EQ)
- Креирање акционен план за личен и тимски развој
Програма:
- Разбирање на значењето на отпорност и адаптивност
- Дефиниции, деловна важност, примери од реалниот свет
- Идентификација на лична отпорност и тимска динамика – Connor-Davidson Resilience Scale (CD-RISC)
- Разбирање на стилови на комуникација и нивната улога во адаптација (DISC профил)
- Улогата на EQ во отпорност и лидерство ( EQ самопроценка)
- Искористување на различни профили за максимална отпорност.
- Стратегии за мотивирање и ангажираност
- Градење отпорни тимови
- Личен акционен план
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
Времетраење: 1 ден
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени.
Пријава за учество:
Цената на обуката изнесува 7.200 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 14.01.2026 година, преку аплицирање преку формата подолу.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”