Дата: 27 Март 2026
Опис на програмата:
Оваа обука е насочена кон зајакнување на комуникациските капацитети на професионалците преку усвојување на асертивни техники и стратегии за управување со конфликтни ситуации. Програмата нуди систематизиран пристап во воспоставувањето професионални граници, со посебен фокус на деескалација на тензиите и одржување на конструктивен дијалог. Покрај вербалната интеракција, обуката ја обработува и дигиталната асертивност, оспособувајќи ги учесниците за ефикасна и прецизна писмена кореспонденција во комплексно деловно опкружување.
За кого е наменета
- Менаџери и лидери на тимови кои треба да балансираат помеѓу постигнувањето резултати и одржувањето на здрава работна атмосфера.
- HR професионалци и деловни консултанти кои се вклучени во решавање на внатрешни конфликти и градење на организациска култура.
- Професионалци во сектори каде што работата е под висок притисок (продажба, снабдување, грижа за корисници) каде секојдневната комуникација со различни карактери бара висок степен на самоконтрола и асертивност.
- Сите професионалци кои сакаат да го унапредат својот личен авторитет и да научат како дипломатски да управуваат со отпорот и тешките соговорници.
Од оваа обука ќе научите:
- Прецизно артикулирање на ставови: Совладување на техники за јасно и директно изразување на мислењето, без агресија или дефанзивност.
- Управување со професионални граници: Како на дипломатски начин да се одбијат нереални барања и да се заштитат сопствените ресурси и интегритет.
- Управување со конфликти: Препознавање на различните стилови на однесување во конфликт и избор на најефективна стратегија за нивно решавање.
- Техники за деескалација: Вештини за одржување присебност и професионалност при комуникација со тешки соговорници или во високостресни ситуации.
- Асертивна писмена кореспонденција: Креирање на e-mail пораки кои се истовремено одлучни и професионални, со цел да се избегнат недоразбирања.
- Win-Win преговори: Постигнување решенија каде што фокусот е ставен на заедничкиот интерес и долгорочната соработка.
Програма:
I Модул: Основи на асертивноста во хиерархиски структури
- Разлика помеѓу асертивност и агресија
- Внатрешниот дијалог
- Правата на асертивната личност
II Модул: Психологија на професионалното влијание
- Трансформација на стилот на комуникација
- Архитектура на асертивната порака
- Лични граници и авторитет
III Модул: Алатки за конструктивно изразување
- Техниката на „Јас-пораки“ (I-statements)
- Асертивно одбивање
- Примање и давање на повратна информација
IV Модул: Менаџирање на конфликти и деескалација
- Дијагностика на конфликт
- Техники за неутрализација на тензија
- Патот до заедничко решение
V Модул: Дигитална асертивност (Писмена комуникација)
- Етикета и тон во писмената кореспонденција
- Структурирање на „тешки“ мејлови
Практична работилница и заклучоци
- Симулации на реални случаи и „акционен план“ за учесниците.
Методологија на предавање:
Обуката е високо интерактивна, базирана на реални деловни сценарија и искуствено учење (Learning by doing).
Времетраење: 8 часа ( 1 ден) од 09:00 до 17:00 часот
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени.
Пријава за учество:
Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 24.03.2026 година, преку аплицирање преку формата подолу. За рана пријава и корпоративно учество следува попуст.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”