Центар за Евалуација
Евалуациите на вработените обезбедуваат голем број на информации кои им помагаат на организациите и на лидерите да разберат зошто луѓето размислуваат и се однесуваат на одреден начин.
Организациите и лидерите честопати имаат прашања во врска со своите вработени, како:
- Колку се мотивирани нашите вработени?
- Дали се однесуваме кон нив фер?
- Колку ни се ангажирани вработените и што може да направиме за да ја зголемиме нивната ангажираност?
- Кој вработен е најдобар избор за да превземе менаџерска работна позиција?
- Како функционираат вработените во тим?
- И така натаму …
Вивендум Ратио Солушнс може да помогне на вашата организација во идентификување и мерење на однесувањето на вработените. Користиме различни и комплексни модели кои можат да ви помогнат во процесот на селекција, идентификување на лидерски вештини, потреби за обука и развој, планирање на човечките ресурси, утврдување на ниво на задоволство и ангажираност, и во подготовка на програми кој ќе овозможат зголемување на моралот и ангажираноста на вработените.
Центарот за евалауција на Вивендум Ратио Солушнс користи комбинација на различни методи за идентификација на компетенциите и карактеристиките на вработените, наведени подолу:
Методологии
180⁰и 360 Повратна информација
180⁰ и 360⁰ повратната информација (исто така наречена и 180⁰ и 360⁰ анкета/прашалник или повратна информација од повеќе извори) е популарна алатка која обезбедува повратна информација што доаѓа од целото опкружување на вработениот. Обично повратната информација се обезбедува од менаџерот на вработениот, директниот надреден, колегите на исто ниво и од самиот вработен. Може да вклучува и повратни информации од надворешни извори – клиенти, добавувачи или други страни на интерес.
180⁰ и 360⁰ повратната информација може да се употребува за мерење на компетентноста и однесувањето на вработените, како и за собирање на повратни информации од вработените и организацијата.