Опис на програмата:

Оваа еднодневна обука е наменета за професионалци од областа на човечки ресурси, развој на вработени и обучувачи кои сакаат да го подобрат процесот на евалуација на обуките преку примената на Киркпатрик моделот – еден од најпризнатите и најкористени модели во светот.

Преку интерактивни сесии, практични примери и групни активности, учесниците ќе научат како да ги применат четирите нивоа на евалуација:

  • Реакција – како учесниците ја доживуваат обуката
  • Учење – што навистина научиле
  • Однесување – дали го применуваат наученото на работното место
  • Резултати – какво влијание има обуката врз организациските цели

За кого е наменета  

  • HR професионалци – кои се одговорни за планирање и следење на ефективноста на обуките
  • Специјалисти за учење и развој (L&D) – кои дизајнираат и спроведуваат програми за развој
  • Внатрешни и надворешни обучувачи – кои сакаат да ги подобрат резултатите од своите обуки
  • Менаџери и супервизори – кои сакаат да разберат како да го проценат влијанието на обуките врз тимскиот и организацискиот перформанс
  • Аналитичари за човечки ресурси – кои работат со податоци и индикатори за евалуација

Од оваа обука ќе научите:

  1. Да го разберете концептот и структурата на Киркпатрик моделот
    – Идентификување на  четирите нивоа: реакција, учење, однесување и резултати
  2. Да ги примените практични методи за мерење на секое ниво
    – Како да креирате анкети, тестови, интервјуа и индикатори за евалуација.
  3. Како да дизајнирате план за евалуација на обука
    – Да ги поврзете целите на обуката со конкретни мерливи резултати.
  4. Како да анализирате и интерпретирате податоци од евалуација
    – Ќе стекнете вештини за обработка на податоци и извлекување заклучоци.
  5. Како да го поврзат влијанието од обуките со деловните цели на организацијата
    – Како евалуацијата придонесува за подобрување на перформансите и ROI.
  6. Како да ги препознаат и надминат предизвиците во процесот на евалуација
    – Совети и алатки за справување со реални ситуации.

Програма:

Добредојде и вовед

  • Запознавање со учесниците
  • Цели на обуката
  • Кратка анкета (Level 1 – Reaction)

Вовед во евалуација на обуки

  • Зошто е важна евалуацијата?
  • Преглед на различни модели
  • Фокус на Киркпатрик моделот

Четирите нивоа на Киркпатрик

  • Ниво 1: Реакција – анкети, повратни информации
  • Ниво 2: Учење – тестови, проценки
  • Ниво 3: Однесување – промени во работата
  • Ниво 4: Резултати – влијание врз бизнис цели
  • Примери и дискусија

Примена на моделот во пракса

  • Работа во групи: сценарија и студии на случај
  • Дизајнирање на план за евалуација
  • Презентација на групите

Алатки и техники за мерење

  • Квантитативни и квалитативни методи
  • Прибирање и анализа на податоци
  • Поврзување на резултати со деловни цели

Практични совети и следни чекори

  • Како да го вклучите моделот во вашите обуки
  • Чести предизвици и како да се надминат
  • Q&A

Завршна евалуација и затворање

  • Анкета за евалуација на обуката (Level 1)
  • Сертификати
  • Благодарност и следни активности

Обучувач:

Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 19 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 150 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1800 вработени од сите хиерархиски нивоа.

Пријава за учество:

Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 13.08.2025 година, преку потполнување на пријава за учество (линк).

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk  или на телефон 071-337-592.