Вивендум Ратио Солушнс е компанија ориентирана кон вработените пред се поради тоа што овозможува динамична работна средина во која вработените континуирано се здобиваат со нови знаења, вештини и искуства што претставува услов за личен и професионален развој, и овозможува организациска култура која е насочена кон взаемна почит и доверба, професионалност, споделени вредности и поддршка за иницирање промени за континуирано подобрување на самите себе и нашето опкружување.
Во 11тото издание на „Човечки капитал“ – е-весник на Македонската асоцијација за човечки ресурси, прочитајте зошто нашата компанија е одлично место за развој на вработените преку искуството на Ивона Вељаноска – помлад деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Е-весникот „Човечки капитал“ може да го погледнете на овој линк.
Recent Comments