Дaтум: 03 Јули 2025

Опис на програмата:
Обуката за квантитативна продуктивност е фокусирана на мерење, анализа и подобрување на резултатите од работа на вработените. Програмата ги опфаќа најважните методи за проценка на индивидуалната и тимската ефикасност, стратегии за зголемување на продуктивноста, дигитални алатки и техники за мотивација. Учесниците ќе научат како да користат KPI, анализи на временски серии, корелациона анализа и напредни техники за оптимизација на работните процеси.
Обуката е наменета за:
- Менаџери и лидери – кои сакаат да применат методи за мерење и оптимизација на продуктивноста на тимовите.
- Професионалци од областа на човечки ресурси – кои работат на анализа на перформансите и развој на стратегија за подобрување на продуктивноста.
- Бизнис аналитичари – кои користат квантитативни методи за анализа на продуктивноста и идентификација на области за подобрување.
- Економисти и финансиски експерти – кои ја следат продуктивноста во однос на финансиските резултати и корпоративната одржливост.
- Вработени – кои сакаат да ги подобрат своите работни навики и да ја зголемат личната и тимската ефикасност
Програма:
- Вовед во квантитативна продуктивност
- Дефиниција и значење
- Разлика меѓу ефикасност и ефективност
- Врска со организациските цели
2. Клучни индикатори за перформанси (KPI)
- Што се KPI и како се дефинираат
- KPI по индустрии (производство, услуги, администрација и др.)
- SMART критериуми за KPI
3. Методи за мерење на продуктивност
- Output/Input модели
- Време на извршување
- Мерење на индивидуална и тимска продуктивност
5. Анализа на податоци за продуктивност
- Основна статистика (просек, медијана, варијација)
- Визуелизација на податоци (табели, графици)
- Идентификација на трендови и аномалии
7. Практични KPI табели и dashboard-и
- Како да се креира табела за следење на продуктивност
- Автоматизација на извештаи
- Интерпретација на резултати
8. Case Studies и реални примери
- Анализа на успешни компании
- Работа на реални податоци
- Групна дискусија и решавање проблеми
9. Планирање и имплементација на подобрувања
- Како да се користат резултатите од анализата
- Поставување цели за подобрување
- Следење на напредок
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
Времетраење: Еднодневна обука
Начин на одржување: Физичко присуство и/или online, согласно потреба и барање на учесниците.
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 19 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 150 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1800 вработени од сите хиерархиски нивоа.
За да извршите регистрација за учество на обуката потребно е да испратете потполнета Пријава за учество (клик за download) на info@vivendumsolutions.com.mk најдоцна до 10.06.2025 година.
За сите дополнителни информации, контактирајте не на 071 337 592.
Recent Comments