Наши Клиенти

посветеност, темелност и прецизност

Се соочив со предизвик поврзан со реорганизација на работните места и процеси, како и со потреба од поддготовка на вработени, кои од извршителски преминуваа на раководни позиции на средно менаџерско ниво, што подразбираше унапредување на нивните вештини во планирање, управување со ресурси и водење тимови, но и поддршка во редефинирањето на работните места.

Соработката со Вивендум ја доживеав како вистински партнерски процес. Преку обуки и насочена стручна поддршка, успеавме да ја олесниме транзицијата на нашите вработени и да го зајакнеме нивниот менаџерски капацитет, што резултираше со подобрена организираност во одделите, поефикасни процеси без празни одови, повисока одговорност и посветеност кај вработените.

Кај учесниците во едукациите се забележа поголема самодоверба, проактивност и креативност – кои директно влијаеја на работната атмосфера и резултатите.

За тимот на ВРС можам да кажам само најпофални зборови – нивната посветеност, темелност, професионалност и прецизност во пристапот беа препознатливи во секоја сесија. Соработката ја доживеав како инспиративна и мотивирачка, бидејќи не беше само обука, туку вистинска трансформација во начинот на кој размислуваме и работиме.

_____________

Раководител на Човечки ресурси и Техничка поддршка

Фармацевтска индустрија

Целосна трансформација

Вивендум ни помогна во трансформација на функцијата Човечки ресурси, најпрво преку ревизија на организациска структура и систематизација на вработени.

Беа воспоставени процеси и политики за управување со персонална администрација и подготовка на спецификација за персонализиран HR софтвер.

Соработувавме на воспоставување на главните HR системи – менаџмент перформанс, наградување, управување со таленти, планови за наследување, менторски и ориентациски програми, како и механизми за кревање на свесноста во организациската култура.

Соработката беше исклучително професионална, со постојана комуникација и континуирана поддршка преку менторство и coaching од страна на Вивендум.

_____________

Раководител на сектор за Човечки ресурси 

Дистрибуција и продажба

Длабоко разбирање на организациски потреби

Во текот на нашата соработка беа дизајнирани и имплементирани повеќе специфично креирани програми за професионален развој, усогласени со конкретните организациски приоритети и развојни потреби на различни целни групи вработени. Во рамки на првиот проект, беше реализирана сеопфатна програма која опфати 24 обуки, наменети за вкупно 120 учесници од линиско, средно и високо менаџмент ниво, со фокус на јакнење на клучни управувачки и комуникациски компетенции.

Следниот заеднички проект таргетираше 80 вработени од средното и високо ниво на менаџмент.

Во третата фаза беше успешно спроведена специјализирана програма за развој на супервизорски вештини, прилагодена за 66 учесници на линиско менаџерско ниво.

Секоја од овие интервенции беше изведена со висок степен на професионалност, методолошка прецизност и практична релевантност, што придонесе за постигнување мерливи резултати и значајно унапредување на менаџерските капацитети во нашата организација.

Соработката со Вивендум Ратио Солушнс се одвиваше на исклучително високо професионално и партнерско ниво, одликувана со висок степен на посветеност, квалитетна комуникација и доследно и навремено исполнување на сите договорени активности. Од самиот почеток, ВРС покажа длабоко разбирање на нашите организациски потреби и контекст, што резултираше со прецизно прилагодени решенија и извонредна имплементација на програмите за развој.

Врз основа на ваквото искуство, можеме со целосна увереност да ја препознаеме оваа соработка како пример за ефективен и стратешки ориентиран партнерски однос.

__________

Директор на сектор Човечки ресурси

Металургија

Исклучително позитивно искуство

Тимот на Вивендум реализираше обуки кои ни помогнаа во развој на лидерски способности, да ја подобриме тимската соработка, комуникацијата, мотивацијата кај вработените и да примениме стратегии за подобрување на задоволството и ангажираноста на вработените.

Дополнително, добивме насоки за идентификација на потребите за развој, како и за креирање на програми за обука со цел континуирано унапредување на компетентноста на вработените.

Како резултат на обуките беа забележани зголемена ангажираност и мотивација, подобрена продуктивност, намалување на конфликтите и притисокот во работењето, како и подобрување на меѓучовечките односи и општата атмосфера во работната средина.

Соработката со ВРС претставуваше исклучително позитивно искуство. За време на процесот се чувствуваше зголемена мотивација за личен развој и за унапредување на процесите во организацијата.

_____________

Управител

Фармацевтска индустрија 

Ориентирани и фокусирани кон целта

Вивендум креираше и реализира специфично наменета програма за развој на менаџерски вештини за раководители од средно и стратешко ниво. Пред и по завршување на програмата за развој беше спроведена формална евалуација, која демонстрира зголемување на самодовербата на учесниците за примена на стекнатите вештини и знаења.

Соработката со Вивендум е секогаш високо професионална, ориентирана кон постигнување на планираните цели преку обезбедување квалитетни услуги и базирана на заедничка почит, доверба и несебично споделување на знаење.

_____________

Специјалист за човечки ресурси

Фармацевтска индустрија – веледрогерија

Висококвалитетна реализација

Со Вивендум соработувавме на неколку проекти и целата соработка се одвиваше на високо професионално ниво, со навремено и квалитетно исполнување на договорените активности.

Преку проект за евалуација на вработените во службата имавме успех во назначување на менаџери и координатори согласно предлогот за вработени со висок потенцијал, назначување на тимови согласно задачите што најмногу одговараа на нивните компетенции. Ова резултираше со поголема ефикасност која се гледа во подобра организација на работните задачи, намалување на времето за завршување на проектите кој ги координира ОК, зголемена мотивација и ангажираност кај вработените.

Како придобивки од ревизија на организациска структура и систематизација добивме дефинирање на јасни улоги и одговорности, избегнување на преклопувања и празнини во процесите, подобра комуникација и координација во рамки на одделот, со другите оддели во компанијата и капитално поврзаните друштва, поголема транспарентност и отчетност. Дополнително, тимот на ВРС реализираше обуки за преку 50 вработени од службата, со цел нивен личен и професионален раст и развој.

_____________

Раководител на Обезбедување квалитет

Фармацевтска индустрија

Одлична соработка

Со Вивендум соработувавме на дефинирање на организациска структура и систематизација на работните места во организацијата, а потоа преку outsourcing услуги беа креирани и имплементирани сите потребни документи, правилници, политики, договори, досиеја и останати материјали потребни за ефикасно управување со персоналната администрација, која беше основа за идните процеси во организацијата.

Преку одлична соработка, со отворена комуникација и јасно дефинирани цели успеавме да воспоставиме јасна структура и распределба на одговорности, дефинирани политики и правилници за работа, како и база на сите документи и материјали потребни за правилно управување со вработените и со процесите на организацијата.

_____________

Административен раководител

Невладина организација

Искрена благодарност

Како менаџер во производство на финална електрична инсталација за автомобили, раководам со повеќе од 500 вработени. Моите главни одговорности опфаќаат планирање и организирање на производството, раководење со тимови, контрола на квалитетот на производот и оптимизирање на процесите.

Голема благодарност до тимот на Вивендум Ратио Солушнс за нивната професионалност и постојана поддршка која ја добивав секогаш кога ми беше потребна консултација. Нивниот пристап ми помогна значително во подобрување на личната ефикасност, зголемување на тимската продуктивност и постигнување подобри резултати во производството по парчиња.

_____________

Менаџер во производство

Автомобилска индустрија

Управување со промени

Со Вивендум работевме на целосен change management во одделот, преку ревизија на организациската структура и систематизација на работни места, евалуација на вработени, редизајн на деловните процеси и целосна ревизија на процедурите и СОП-овите за работа, дефинирање на KPI’s и воспоставување систем за нивно следење и мерење, креирање платформа за обука и тестирање на вработени, како и воспоставување на систем на бодови и бонуси, со дефинирање на соодветни механизми за промоција на вработени. Со цел успешна имплементација и идна самостојна реализација на овие промени, имав целосна поддршка од страна на Наташа, во вид на менторство и континуиран coaching.

По завршување на проектот, имавме успех во намалување на рекламации од купувачи, подигнување на задоволство на вработени, забелешките од интерни и екстерни audit-и се трансформираа во препораки, целосно се смени организациската култура на вработените и истата ја усогласивме со визијата и целите на компанијата.

Тимот на ВРС во целост беше навлезен и имаше познавање за потребите на одделот како и организациските потреби на компанијата па затоа нашата соработка беше на високо ефикасно ниво. Сите предизвици заедно ги надминуваме со одличен партнерски однос. И покрај тоа што проектот во нашиот оддел заврши ние оставаме во континуирана комуникација и поддршка.

_____________

Менаџер на магацини

Фармацевтска индустрија

Подобрена ефикасност

Добив задача од генералниот директор да подобрам ефикасност, да намалам флуктуација на вработени и да подобрам квалитет во нов оддел во истата компанија, каде што ефикасноста во тој момент беше 72%, флуктуацијата на вработени повеќе од 6%, а во однос на квалитет имаше 30 – 40 рекламации на неделно ниво.

Преку менторските и coaching услуги од страна на Наташа Алексовска, кои помогнаа во поставување на таргети и нивно следење, комуникација со вработените, решавање на проблеми, градење на доверба и многу важно – развој на соработка со другите оддели, дојдовме до развој на тим кој што понатаму беше спремен да работи самостојно, подобрување на ефикасноста на 103%, намалување на флуктуација на >1% и намалување на рекламациите на 0-1 во текот на една седмица.

_____________

Директор на производство

Автомобилска индустрија

Висока професионалност

Преку услугите на Вивендум добивме професионална подршка во процесот на регрутирање и ефикасно управување со персоналната администрација. За време на проектот максимално не запознаваа и вклучува во сите чекори кои ги превземаа се со цел да добиеме персонализирана документација, која е целосно усогласена со нашите потреби и внатрешни процеси.  Дополнително, беше воспоставен систем за мерење на перформансите на вработените, преку квалитативни и квантитативни мерки како и изготвени прашалници за мерење на задолството на клиентите.

Со систематизирање на документацијата успеавме побрзо и поедноставно да ја водиме администрацијата. Ја зголемивме продуктивноста кај вработените, ги намаливме рекламациите од клиенти, отсуствата од работа, односно ја зголемивме ефикасноста во сите процеси.

Соработката беше крајно професионална, точна и ориентирана кон конкретни, практични решенија. Тимот на ВРС беше секогаш достапен и подготвен да помогне, предложи конкретни алатки што веднаш можевме да ги примениме во секојдневното работење.

_____________

Оперативен менаџер

Компанија за хигиенски услуги

Аналитички пристап

Со зголемување на обемот на работа и бројот на вработени, се појави потреба од ревизија на процесите за управување со човечки ресурси, усогласеност со законските прописи, како и ревизија на правилници за работа.

Услугите на Вивендум ни овозможија успешна трансформација на деловниот процес, не подготвија за самостојно справување со предизвиците и ни помогнаа во зголемување на ефикасноста согласно мерен учинок, целосна усогласеност со прописите за работа и во намалување на стапката на флуктуација на работната сила во компанијата.

Соработката со Вивендум е препознатлива по нивната професионалност, приспособувањето на потребите на компанијата и по нивниот аналитички пристап кој одлично детектира аномалии во работењето.

_____________

Генерален менаџер

Угостителство, индустриски кетеринг

Jасна и Oтворена Kомуникација

Од страна на Вивендум беше подготвена и одржана обука за развој, прилагодена на нашите специфични предизвици, која помогна вработените да се здобијат со нови знаења, вештини и примена на алатки за подобрување на меѓусебната соработка, комуникација, ефикасна организација на работа и време, мерење и достигнување на KPIs, како и подобрување во тимското работење.

По завршувањето на обуката, беше спроведена формална евалуација за задоволството од обуката, согласно која можеше да се заклучи дека учесниците беа задоволни од обуката и предавачот, сметаа дека истата е интересна и навистина интерактивна, а темите кои беа обработувани се релевантни и дека ќе придонесат во нивното понатамошно работење.

Наташа, како предавач на оваа обука, покажа висока професионалност, одлични презентациски вештини, сподели многу примери од досегашното искуство и имаше јасна и отворена комуникација со сите учесници на обуката.

_____________

Директор на човечки ресурси

Железничка индустрија