Новости

Сертификат за бонитетна извонредност за Вивендум Ратио Солушнс

Почитувани, чест и задоволство ни е со Вас да го споделиме добиениот сертификатот за бонитетна извонредност, кој претставува показател за добра работа и одлична финансиската состојба на нашата компанија.

Добиениот сертификат за бонитетна извонредност потврдува дека Вивендум Ратио Солушнс е:

  • Доверлива компанија која има кредибилитет на пазарот,
  • Има лесна и ефикасна соработка со партнерите, клиентите и добавувачите,
  • Има одлична позиција на деловниот пазар и се наоѓа во добра финансиска состојба.

Голема благодарност за признанието за компанијата за бонитетен рејтинг CompanyWall, која сертифицира македонски компании кои постигнале најдобри деловни резултати и перформанси во претходната година и работеле со највисоки бонитетни оцени.

Вивендум Ратио Солушнс, како и досега, и понатаму ќе продолжи да ги следи трендовите во бизнисот и да применува практики кои го поддржуваат нашиот деловен успех.

Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс успешно организираше вкупно 11 теми на одржани обуки, реализирани преку 24 тренинг сесии, за повеќе од 120 задоволни учесници.
Следната година целиме кон поголеми успеси и обуки на теми кои му се и повеќе од потребни на секој поединец и на секоја организација.

Наскоро ! Учењето го правиме
достапно и интерактивно …

Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс најавува скоро
лансирање на персонализирана LMS  платформа за online
учење

Известување за престојните обуки на Вивендум Ратио Солушнс
Искуство на вработените - фактор зa зголемување ангажираност и продуктивност
Прочитајте ја новата статија на Наташа Алексовска – Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс на тема „ Искуство на вработените – фактор зa зголемување ангажираност и продуктивност“ во 11тото издание на „Човечки капитал“
Од Менаџер до Лидер - Влијанието на лидерот врз успешноста на организацијата!

Потребите на современото деловно работење и променета демографија на работната сила бараат промена во лидерските стилови. Моделите на трансформационо и инспиративно лидерство претставуваат пример за успешни лидерски модели кои гарантираат успех на компаниите, континуиран раст и напредок, иновативни пристапи, мотивирани и ангажирани вработени и позитивен импакт на опшетството.Вивендум Ратио Солушнс на денешната обука го претстави концептот на влијание при развој на современи лидерски вештини и насоки за развој и имплементација на програми за развој на лидерски вештини на учесниците дел од клубот на менаџери при Стопанска комора на Македонија. 

Промена е краен резултат на вистинско учење
Состојбата на пазарот на трудот претставува фактор кој сериозно се заканува на стабилност на економијата
[ИНТЕРВЈУ] HR WEEKEND 2.0: „HR МЕНАЏЕРОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ВИЗИОНЕР КОЈ ПРОАКТИВНО ДЕЛУВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА“
HR менаџерот треба да биде визионер којшто проактивно делува во организацијата
Интервју со Наташа Алексовска, директор на Вивендум ратио солушнс
Алексовска: Притисокот на општеството влијае на развојот на компаниите