Дата: 29 Октомври 2025
Опис на програмата
Дизајнирање на процеси е техника на илустрирање на текот на деловните процеси, чекорите и активностите кои се случуваат во процесот, улогите, врските за известување, одобрување, документацијата, роковите и слично, и претставува основа за идно подобрување на организациската ефикасност.
Со цел континуирано подобрување организациите имаат потреба од ре-дизајнирање на постоечките процеси поради елиминирање на непотребни активности, намалување на грешките, побрз тек на информации, скратување на временските рокови и зголемување на квалитетот и продуктивноста на генералниот процес на своето деловно работење.
Програма на обука
1. Потреба од дизјан и ре-дизајн на деловените процеси
2. Дефинирање на деловен процес
3. Цели, задачи и улоги во деловен процес
4. Алатки и техники за дизајн на деловни процеси
5. Дизајн на деловен процес – мапирање на деловен процес
6. Мерење и анализа на ефикасност на моментален деловен процес
7. Идентификување на „тесни грла“, чекори за елиминација, точки на интеграција,
дигитализација и автоматизација на деловните процеси
8. Дизајн Vs. Ре-дизјан на деловни процеси
9. Ре-дизајн на деловни процеси
10. Развој на идни промени
11. Имплементација на ре-дизајниран процес
Од оваа обука ќе научите:
Дефинирање на цели, задачи и улоги во деловните процеси
Читање на процесни мапи на веќе дизајнирани процеси
Практични техники и алатки за дизајнирање на деловни процеси
Мерење и анализа на ефикасност на деловни процеси и откривање “тесни грла“
Употреба на технологија за зголемување на ефикасност на процеси
Ре-дизајн на деловни процеси со предлог промени за организациска ефикасност
Имплементација на ре-дизајниран процес
За кого е наменета
Оваа обука е наменета за професионалци кои се сопственици на деловни процеси, менаџери од сите хиерархски нивоа, деловни аналитичари, како и за професионалци
од областа на управување со квалитет кои ќе научат како да ги дизајнираат своите процеси, да извршат анализа на нивната ефикасност и да креираат, односно да ги ре-дизајнираат деловните процеси согласно целите и стратегијата на целата организација.
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени.
Пријава за учество:
Цената на обуката изнесува 7.200 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 27.10.2025 година, преку потполнување на пријава за учество (Пријава) или аплицирање преку формата подолу.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
Скорешни коментари