Дата: 17 и 18 Декември 2025
Дводневна интензивна работилница за креирање, мерење и оптимизација на KPI системи и аналитика на податоци
+ AI во акција

Опис на програма:

Обуката Data-Driven Performance е практична дводневна работилница наменета за сите кои сакаат да воспостават или унапредат систем за мерење и оптимизација на продуктивноста во нивната организација. Учесниците ќе научат да креираат паметни KPI, да градат автоматизирани dashboard-и, да читаат податоци како детективи и да креираат 90-дневни акциони планови со реални пресметки на ROI. Сите модули се надградени со бесплатни AI алатки.

Обуката е наменета за:

  • Менаџери и лидери – кои сакаат да воспостават мерлив систем за резултати и квалитет во работењето на тимовите
  • Професионалци од областа на човечки ресурси – кои работат на развој на мерливи цели и показатели на успех и аналитика на резултати
  • Бизнис аналитичари – кои користат квантитативни методи за подобрување на процесите
  • Сопственици на мали и средни фирми – кои сакаат брзо да видат каде имаат неефективни трошоци и како да ги подобрат резултатите

Програма:

1 Ден: Градење на системот

  • Вовед + Што е вистинска продуктивност
  • Дизајн на SMART KPI + AI KPI генератор
  • Најдобрите KPI по индустрија
  • KPI Dashboard + AI
  • Автоматизација и заштита од манипулација

2 Ден: Анализа и акција

  • Task Inventory + Пресметка на потребен број на работна рака
  • Оптимален ratio менаџер/вработени + Продуктивност на работни процеси
  • Читање на податоци како data analyst + AI анализа
  • 10-те најбрзи интервенции што носат резултати
  • 90-дневен акционен план

Бенефити од обуката:

  • Си одите со готов KPI систем за вашата компанија – ваши 10–15 KPI готови за понеделник
  • Автоматизирани Excel/Google Sheets табели и dashboard-и што се ажурираат сами
  • Јасна слика колку луѓе ви требаат навистина + оптимален ratio менаџер/вработени
  • Пресметка каде точно се губат парите во процесите (Task Inventory + Value Stream Mapping)
  • 10 проверени интервенции со точен ROI
  • Персонализиран 90-дневен план со конкретни чекори и бројки
  • 10 AI трикови што за 10 секунди прават анализа што порано траеше часови
  • Затворена група со 3-месечна поддршка

Предавање:

  • Нема долги предавања.
  • Имате лаптоп/телефон пред вас и за 48 часа си одите со комплетен систем за мерење и оптимизација на продуктивноста.

Времетраење:  8 часа дневно (09:00 – 17:00) 

Обучувач:

Наташа Алексовска – Основач и постар консултант во Вивендум Ратио Солушнс, предавач во Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс.

Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.

Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.

Пријава за учество:

Цената на обуката изнесува 15.000 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува 10% попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 15.12.2025 година, преку аплицирање преку формата подолу или на info@vivendumsolutions.com.mk

За сите дополнителни информации контактирајте не на 071-337-592.

Пријава

Пријава

Име и презиме
Име и презиме
First
Last

“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот  и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”