Outsourcing

“Ние овозможуваме разновидни и персонализирани услуги од областа на човечки ресурси соодветни за видот и големината на вашата организација..”

Ревизија на функцијата човечки ресурси

“Оценете ги јаките страни на вашата организација и идентификувајте ги областите за подобрување поврзани со вашите практики за управување со човечки ресурси.”

Трансформација на функцијата чр

“На нашите клиенти им помагаме во трите главни области на трансформација на функцијата човечки ресурси: воспоставување на стратегија на функцијата, подршка низ процесот на промени и ре-дизајн на процеси во човечки ресурси. “

Аналитика во човечки ресурси

“Најголем дел од софтверите можат да ги оптимизираат постојаните деловни процеси, но аналитика (правилно поставена) може да генерира потполно нови иницијативи. Аналитиката во човечки ресурси треба да даде одговор на тоа дали вашата работа има импакт, а не само како ги завршувате работите. “

Системи и политики на човечки ресурси

“Ние овозможуваме стратешки, практични и трошковно ефективни решенија за управување со човечки ресурси кои ќе допринесат до исполнување на вашите оперативни и стратешки цели. “

Рамка на компетенции

“Разбирајќи ја вашата деловна стратегија и организациона структура, можеме да ви помогнеме да развиете, усогласите и ефективно имплементирате интегрирана рамка на компетенции која ќе ги опфати сите работни позиции и која ќе овозможи лесна идентификација на барања кои произлегуваат од работна позиција а кои гарантираат високи резултати во работењето. “

Плата и дополнителни бенефити

“Добро дефиниран, изграден и балансиран систем за плати и дополнителни бенефити на организацијата и помага во привлекување и задржување на вработените. “

Систем за мерење на резултати и квалитет во работењето

“За било каков систем за мерење на резултати и квалитет во работењето да биде успешен и ефективен, од клучно значење е иднивидуалните, тимските и организациските цели да бидат усогласени. Ние можеме да ви помогнеме да изградите персонализиран систем за мерење на резултати и квалитет во работењето кој во потполност ќе одговара со вашата организациона култура и ќе ви помогне во постигнување на вашите стратешки цели. “

Управување со таленти

“Фокусирајте се на развој на таленти за иднината, а не на регрутација на кадри за минатите потреби.”

Технологии во човечки ресурси

“Постојат софтвери кои ги покриваат основните задачи на човечки ресурси, но и постојат софтвери со кои се забрзува исполнување на стратегијата на функцијата човечки ресурси. Ние можеме да ви помогнеме да направите ре-дизајн на вашите деловни процеси во човечки ресурси, да изберете и персонализирате технолошко решение за функцијата кое ќе одговара со вашата стратегија за управување со човечки ресурси. “

Организационен дизајн

“При дизајн и ре-дизајн на организација потребно е да се редефинира и интервенира фукнкција по функција поединечно што ќе допринесе до придвижување кон иднината. “

Управување со промени

“Успехот на организацијата во деловното работење не лежи само во способност за промени. Успехот лежи во способност за промени побрзо од конкуренцијата, клиентите и другите организации.”

Систем за мерење на резултати и квалитет во работењето

“За било каков систем за мерење на резултати и квалитет во работењето да биде успешен и ефективен, од клучно значење е иднивидуалните, тимските и организациските цели да бидат усогласени. Ние можеме да ви помогнеме да изградите персонализиран систем за мерење на резултати и квалитет во работењето кој во потполност ќе одговара со вашата организациона култура и ќе ви помогне во постигнување на вашите стратешки цели.

Ре-дизајн на деловни процеси

“Ре-дизајн на деловни процеси претставува нов принцип – дека дизајнот на работата не треба да биде заснован на хиерархиско управување и специјализација на работна рака, туку на дизајн на целокупниот деловен процес и создавање на вредност за клиентите.”

180⁰&360⁰ повратна информација

“Повеќе од 85% од сите Fortune 500 компании го користат процесот на 360⁰ повратна информација како основа за целокупниот процес за развој на лидери. Доколку вашата оргнаизација нема воспоставено ваков систем, ние можеме да ви помогнеме во дизајн и воспоставување на процес на 360⁰ повратна информација.”

Ангажираност на вработени

“Извонредното искуство на клиенти е изградено од високо ангажирани вработени. Неангажираните вработени негативно влијаат на искуство на клиентите. “

Задоволство на вработени

“Секоја организација која сака да овозможи дологорочна одржливост на пазарот, не може да ја оствари својата цел без задоволни вработени кои веруваат во мисијата и имаат разбирање како можат да придонесат во исполнување на истата.”

Развој на лидерство

“Организациите кои постигнуваат високи резултати во работењето го должат својот успех на лидерите кои го подржуваат развојот на идни лидери на сите хиерархиски нивоа во организацијата.”

Center of excellence на човечки ресурси

“Вредноста на организацијата зависи од тоа колку успешно човечкиот капитал управува со финансискиот и интелектуалниот капитал на организацијата. “
„Ние го мериме нашиот успех по позитивниот импакт и вредноста која ја создаваме за нашите клиенти, соработници и општеството“

Outsourcing

“Ние овозможуваме разновидни и персонализирани услуги од областа на човечки ресурси соодветни за видот и големината на вашата организација..”
Повеќе

Ревизија на функцијата човечки ресурси

“Оценете ги јаките страни на вашата организација и идентификувајте ги областите за подобрување поврзани со вашите практики за управување со човечки ресурси.”
Повеќе

Трансформација на функцијата чр

“На нашите клиенти им помагаме во трите главни области на трансформација на функцијата човечки ресурси: воспоставување на стратегија на функцијата, подршка низ процесот на промени и ре-дизајн на процеси во човечки ресурси. ”
Повеќе

Аналитика во човечки ресурси

“Најголем дел од софтверите можат да ги оптимизираат постојаните деловни процеси, но аналитика (правилно поставена) може да генерира потполно нови иницијативи. Аналитиката во човечки ресурси треба да даде одговор на тоа дали вашата работа има импакт, а не само како ги завршувате работите. ”
Повеќе

Системи и политики на човечки ресурси

“Ние овозможуваме стратешки, практични и трошковно ефективни решенија за управување со човечки ресурси кои ќе допринесат до исполнување на вашите оперативни и стратешки цели. “

Рамка на компетенции

“Разбирајќи ја вашата деловна стратегија и организациона структура, можеме да ви помогнеме да развиете, усогласите и ефективно имплементирате интегрирана рамка на компетенции која ќе ги опфати сите работни позиции и која ќе овозможи лесна идентификација на барања кои произлегуваат од работна позиција а кои гарантираат високи резултати во работењето. ”

Повеќе

Плата и дополнителни бенефити

“Добро дефиниран, изграден и балансиран систем за плати и дополнителни бенефити на организацијата и помага во привлекување и задржување на вработените. ”
Повеќе

Систем за мерење на резултати и квалитет во работењето

“За било каков систем за мерење на резултати и квалитет во работењето да биде успешен и ефективен, од клучно значење е иднивидуалните, тимските и организациските цели да бидат усогласени. Ние можеме да ви помогнеме да изградите персонализиран систем за мерење на резултати и квалитет во работењето кој во потполност ќе одговара со вашата организациона култура и ќе ви помогне во постигнување на вашите стратешки цели. ”
Повеќе

Управување со таленти

“Фокусирајте се на развој на таленти за иднината, а не на регрутација на кадри за минатите потреби.”
Повеќе

Технологии во човечки ресурси

“Постојат софтвери кои ги покриваат основните задачи на човечки ресурси, но и постојат софтвери со кои се забрзува исполнување на стратегијата на функцијата човечки ресурси. Ние можеме да ви помогнеме да направите ре-дизајн на вашите деловни процеси во човечки ресурси, да изберете и персонализирате технолошко решение за функцијата кое ќе одговара со вашата стратегија за управување со човечки ресурси. ”

Повеќе

Организационен дизајн

“При дизајн и ре-дизајн на организација потребно е да се редефинира и интервенира фукнкција по функција поединечно што ќе допринесе до придвижување кон иднината. ”
Повеќе

Управување со промени

“Успехот на организацијата во деловното работење не лежи само во способност за промени. Успехот лежи во способност за промени побрзо од конкуренцијата, клиентите и другите организации.”
Повеќе

Систем за мерење на резултати и квалитет во работењето

“За било каков систем за мерење на резултати и квалитет во работењето да биде успешен и ефективен, од клучно значење е иднивидуалните, тимските и организациските цели да бидат усогласени. Ние можеме да ви помогнеме да изградите персонализиран систем за мерење на резултати и квалитет во работењето кој во потполност ќе одговара со вашата организациона култура и ќе ви помогне во постигнување на вашите стратешки цели.

Повеќе

Ре-дизајн на деловни процеси

“Ре-дизајн на деловни процеси претставува нов принцип – дека дизајнот на работата не треба да биде заснован на хиерархиско управување и специјализација на работна рака, туку на дизајн на целокупниот деловен процес и создавање на вредност за клиентите.”
Повеќе

180⁰&360⁰ повратна информација

“Повеќе од 85% од сите Fortune 500 компании го користат процесот на 360⁰ повратна информација како основа за целокупниот процес за развој на лидери. Доколку вашата оргнаизација нема воспоставено ваков систем, ние можеме да ви помогнеме во дизајн и воспоставување на процес на 360⁰ повратна информација.”
Повеќе

Ангажираност на вработени

“Извонредното искуство на клиенти е изградено од високо ангажирани вработени. Неангажираните вработени негативно влијаат на искуство на клиентите. ”
Повеќе

Задоволство на вработени

“Секоја организација која сака да овозможи дологорочна одржливост на пазарот, не може да ја оствари својата цел без задоволни вработени кои веруваат во мисијата и имаат разбирање како можат да придонесат во исполнување на истата.”
Повеќе

Развој на лидерство

“Организациите кои постигнуваат високи резултати во работењето го должат својот успех на лидерите кои го подржуваат развојот на идни лидери на сите хиерархиски нивоа во организацијата.”
Повеќе

Center of excellence на човечки ресурси

“Вредноста на организацијата зависи од тоа колку успешно човечкиот капитал управува со финансискиот и интелектуалниот капитал на организацијата. ”
Повеќе
„Ние го мериме нашиот успех по позитивниот импакт и вредноста која ја создаваме за нашите клиенти, соработници и општеството“

Сесии на обуки

Задоволни Учесници

Години Постоење

Основана во 2015 година, Вивендум Ратио Солушнс е компанија за деловен консалтинг, посветена на креирање на промени и организациона агилност на организациите од приватниот и јавниот сектор, потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија.

посветеност, темелност и прецизност

Се соочив со предизвик поврзан со реорганизација на работните места и процеси, како и со потреба од поддготовка на вработени, кои од извршителски преминуваа на раководни позиции на средно менаџерско ниво, што подразбираше унапредување на нивните вештини во планирање, управување со ресурси и водење тимови, но и поддршка во редефинирањето на работните места.

Соработката со Вивендум ја доживеав како вистински партнерски процес. Преку обуки и насочена стручна поддршка, успеавме да ја олесниме транзицијата на нашите вработени и да го зајакнеме нивниот менаџерски капацитет, што резултираше со подобрена организираност во одделите, поефикасни процеси без празни одови, повисока одговорност и посветеност кај вработените.

Кај учесниците во едукациите се забележа поголема самодоверба, проактивност и креативност – кои директно влијаеја на работната атмосфера и резултатите.

За тимот на ВРС можам да кажам само најпофални зборови – нивната посветеност, темелност, професионалност и прецизност во пристапот беа препознатливи во секоја сесија. Соработката ја доживеав како инспиративна и мотивирачка, бидејќи не беше само обука, туку вистинска трансформација во начинот на кој размислуваме и работиме.

_____________

Раководител на Човечки ресурси и Техничка поддршка

Фармацевтска индустрија

Целосна трансформација

Вивендум ни помогна во трансформација на функцијата Човечки ресурси, најпрво преку ревизија на организациска структура и систематизација на вработени.

Беа воспоставени процеси и политики за управување со персонална администрација и подготовка на спецификација за персонализиран HR софтвер.

Соработувавме на воспоставување на главните HR системи – менаџмент перформанс, наградување, управување со таленти, планови за наследување, менторски и ориентациски програми, како и механизми за кревање на свесноста во организациската култура.

Соработката беше исклучително професионална, со постојана комуникација и континуирана поддршка преку менторство и coaching од страна на Вивендум.

_____________

Раководител на сектор за Човечки ресурси 

Дистрибуција и продажба

Исклучително позитивно искуство

Тимот на Вивендум реализираше обуки кои ни помогнаа во развој на лидерски способности, да ја подобриме тимската соработка, комуникацијата, мотивацијата кај вработените и да примениме стратегии за подобрување на задоволството и ангажираноста на вработените.

Дополнително, добивме насоки за идентификација на потребите за развој, како и за креирање на програми за обука со цел континуирано унапредување на компетентноста на вработените.

Како резултат на обуките беа забележани зголемена ангажираност и мотивација, подобрена продуктивност, намалување на конфликтите и притисокот во работењето, како и подобрување на меѓучовечките односи и општата атмосфера во работната средина.

Соработката со ВРС претставуваше исклучително позитивно искуство. За време на процесот се чувствуваше зголемена мотивација за личен развој и за унапредување на процесите во организацијата.

_____________

Управител

Фармацевтска индустрија 

Ориентирани и фокусирани кон целта

Вивендум креираше и реализира специфично наменета програма за развој на менаџерски вештини за раководители од средно и стратешко ниво. Пред и по завршување на програмата за развој беше спроведена формална евалуација, која демонстрира зголемување на самодовербата на учесниците за примена на стекнатите вештини и знаења.

Соработката со Вивендум е секогаш високо професионална, ориентирана кон постигнување на планираните цели преку обезбедување квалитетни услуги и базирана на заедничка почит, доверба и несебично споделување на знаење.

_____________

Специјалист за човечки ресурси

Фармацевтска индустрија – веледрогерија

Висококвалитетна реализација

Со Вивендум соработувавме на неколку проекти и целата соработка се одвиваше на високо професионално ниво, со навремено и квалитетно исполнување на договорените активности.

Преку проект за евалуација на вработените во службата имавме успех во назначување на менаџери и координатори согласно предлогот за вработени со висок потенцијал, назначување на тимови согласно задачите што најмногу одговараа на нивните компетенции. Ова резултираше со поголема ефикасност која се гледа во подобра организација на работните задачи, намалување на времето за завршување на проектите кој ги координира ОК, зголемена мотивација и ангажираност кај вработените.

Како придобивки од ревизија на организациска структура и систематизација добивме дефинирање на јасни улоги и одговорности, избегнување на преклопувања и празнини во процесите, подобра комуникација и координација во рамки на одделот, со другите оддели во компанијата и капитално поврзаните друштва, поголема транспарентност и отчетност. Дополнително, тимот на ВРС реализираше обуки за преку 50 вработени од службата, со цел нивен личен и професионален раст и развој.

_____________

Раководител на Обезбедување квалитет

Фармацевтска индустрија

Одлична соработка

Во текот на нашата соработка, која се одвиваше во три фази, беа дизајнирани и имплементирани повеќе специфично креирани програми за професионален развој, усогласени со конкретните организациски приоритети и развојни потреби на различни целни групи вработени. 

Секоја од овие интервенции беше изведена со висок степен на професионалност, методолошка прецизност и практична релевантност, што придонесе за постигнување мерливи резултати и значајно унапредување на менаџерските капацитети во нашата организација.

Соработката се одвиваше на исклучително високо професионално и партнерско ниво, одликувана со висок степен на посветеност, квалитетна комуникација и доследно и навремено исполнување на сите договорени активности. Од самиот почеток, ВРС покажа длабоко разбирање на нашите организациски потреби и контекст, што резултираше со прецизно прилагодени решенија и извонредна имплементација на програмите за развој.

Повратните информации добиени од учесниците по завршување на програмите недвосмислено укажуваат на високо ниво на задоволство – обуките беа оценети како содржајно релевантни, практични и применливи во секојдневниот менаџерски контекст, со одличен баланс меѓу теоретски концепти и интерактивна дискусија. Особено беше истакнат професионалниот и ангажиран пристап на обучувачот, кој придонесе за позитивна динамика и ефективно учење.

Врз основа на ваквото искуство, можеме со целосна увереност да ја препознаеме оваа соработка како пример за ефективен и стратешки ориентиран партнерски однос.

_____________

Директор на човечки ресурси и правни работи

Металургија

Искрена благодарност

Како менаџер во производство на финална електрична инсталација за автомобили, раководам со повеќе од 500 вработени. Моите главни одговорности опфаќаат планирање и организирање на производството, раководење со тимови, контрола на квалитетот на производот и оптимизирање на процесите.

Голема благодарност до тимот на Вивендум Ратио Солушнс за нивната професионалност и постојана поддршка која ја добивав секогаш кога ми беше потребна консултација. Нивниот пристап ми помогна значително во подобрување на личната ефикасност, зголемување на тимската продуктивност и постигнување подобри резултати во производството по парчиња.

_____________

Менаџер во производство

Автомобилска индустрија

Управување со промени

Со Вивендум работевме на целосен change management во одделот, преку ревизија на организациската структура и систематизација на работни места, евалуација на вработени, редизајн на деловните процеси и целосна ревизија на процедурите и СОП-овите за работа, дефинирање на KPI’s и воспоставување систем за нивно следење и мерење, креирање платформа за обука и тестирање на вработени, како и воспоставување на систем на бодови и бонуси, со дефинирање на соодветни механизми за промоција на вработени. Со цел успешна имплементација и идна самостојна реализација на овие промени, имав целосна поддршка од страна на Наташа, во вид на менторство и континуиран coaching.

По завршување на проектот, имавме успех во намалување на рекламации од купувачи, подигнување на задоволство на вработени, забелешките од интерни и екстерни audit-и се трансформираа во препораки, целосно се смени организациската култура на вработените и истата ја усогласивме со визијата и целите на компанијата.

Тимот на ВРС во целост беше навлезен и имаше познавање за потребите на одделот како и организациските потреби на компанијата па затоа нашата соработка беше на високо ефикасно ниво. Сите предизвици заедно ги надминуваме со одличен партнерски однос. И покрај тоа што проектот во нашиот оддел заврши ние оставаме во континуирана комуникација и поддршка.

_____________

Менаџер на магацини

Фармацевтска индустрија

Подобрена ефикасност

Добив задача од генералниот директор да подобрам ефикасност, да намалам флуктуација на вработени и да подобрам квалитет во нов оддел во истата компанија, каде што ефикасноста во тој момент беше 72%, флуктуацијата на вработени повеќе од 6%, а во однос на квалитет имаше 30 – 40 рекламации на неделно ниво.

Преку менторските и coaching услуги од страна на Наташа Алексовска, кои помогнаа во поставување на таргети и нивно следење, комуникација со вработените, решавање на проблеми, градење на доверба и многу важно – развој на соработка со другите оддели, дојдовме до развој на тим кој што понатаму беше спремен да работи самостојно, подобрување на ефикасноста на 103%, намалување на флуктуација на >1% и намалување на рекламациите на 0-1 во текот на една седмица.

_____________

Директор на производство

Автомобилска индустрија

Висока професионалност

Преку услугите на Вивендум добивме професионална подршка во процесот на регрутирање и ефикасно управување со персоналната администрација. За време на проектот максимално не запознаваа и вклучува во сите чекори кои ги превземаа се со цел да добиеме персонализирана документација, која е целосно усогласена со нашите потреби и внатрешни процеси.  Дополнително, беше воспоставен систем за мерење на перформансите на вработените, преку квалитативни и квантитативни мерки како и изготвени прашалници за мерење на задолството на клиентите.

Со систематизирање на документацијата успеавме побрзо и поедноставно да ја водиме администрацијата. Ја зголемивме продуктивноста кај вработените, ги намаливме рекламациите од клиенти, отсуствата од работа, односно ја зголемивме ефикасноста во сите процеси.

Соработката беше крајно професионална, точна и ориентирана кон конкретни, практични решенија. Тимот на ВРС беше секогаш достапен и подготвен да помогне, предложи конкретни алатки што веднаш можевме да ги примениме во секојдневното работење.

_____________

Оперативен менаџер

Компанија за хигиенски услуги

Аналитички пристап

Со зголемување на обемот на работа и бројот на вработени, се појави потреба од ревизија на процесите за управување со човечки ресурси, усогласеност со законските прописи, како и ревизија на правилници за работа.

Услугите на Вивендум ни овозможија успешна трансформација на деловниот процес, не подготвија за самостојно справување со предизвиците и ни помогнаа во зголемување на ефикасноста согласно мерен учинок, целосна усогласеност со прописите за работа и во намалување на стапката на флуктуација на работната сила во компанијата.

Соработката со Вивендум е препознатлива по нивната професионалност, приспособувањето на потребите на компанијата и по нивниот аналитички пристап кој одлично детектира аномалии во работењето.

_____________

Генерален менаџер

Угостителство, индустриски кетеринг

Jасна и Oтворена Kомуникација

Од страна на Вивендум беше подготвена и одржана обука за развој, прилагодена на нашите специфични предизвици, која помогна вработените да се здобијат со нови знаења, вештини и примена на алатки за подобрување на меѓусебната соработка, комуникација, ефикасна организација на работа и време, мерење и достигнување на KPIs, како и подобрување во тимското работење.

По завршувањето на обуката, беше спроведена формална евалуација за задоволството од обуката, согласно која можеше да се заклучи дека учесниците беа задоволни од обуката и предавачот, сметаа дека истата е интересна и навистина интерактивна, а темите кои беа обработувани се релевантни и дека ќе придонесат во нивното понатамошно работење.

Наташа, како предавач на оваа обука, покажа висока професионалност, одлични презентациски вештини, сподели многу примери од досегашното искуство и имаше јасна и отворена комуникација со сите учесници на обуката.

_____________

Директор на човечки ресурси

Железничка индустрија

Трансформации што Траат

Истражете како Вивендум предизвика трајни промени за бизнисите преку консалтинг за човечки ресурси, коучинг и технологија.

Оптимизација на организацискиот дизајн и компензација за фармацевтски дистрибутер

Оптимизација на организацискиот дизајн и компензација за фармацевтски дистрибутер

Вивендум ги подобри работните улоги и изгради конкурентен систем на плати за трговец на големо со фармацевтски производи, поттикнувајќи го лидерството, кариерниот раст и задржувањето на талентите.
View Showcase →
Иницијативи за управување со промени во специјализирани магацини

Иницијативи за управување со промени во специјализирани магацини

Вивендум ги трансформираше специјализираните магацини со нови структури, стандардни оперативни процедури и системи за таленти — зголемувајќи ја усогласеноста, ефикасноста и ангажманот на вработените.
View Showcase →
Oрганизацискиот дизајн и компензација во малопродажба

Oрганизацискиот дизајн и компензација во малопродажба

Вивендум ја поедностави структурата на малопродажната компанија и воведе фер, конкурентен систем на плати и бонуси, зголемувајќи ја ефикасноста, стабилноста и задржувањето на продажната сила.
View Showcase →
лидерски успех преку менторство и коучинг

лидерски успех преку менторство и коучинг

Преку менторство и коучинг, Vivendum ја зголеми ефикасноста на 103%, го намали прометот на персонал под 1% и ги намали поплаките на речиси нула за само три месеци.
View Showcase →
оптимизација на HR процеси

оптимизација на HR процеси

Vivendum го поедностави администрирањето на човечки ресурси во автомобилската индустрија, намалувајќи го работното оптоварување за 53%, елиминирајќи ги заостанатите предмети и обезбедувајќи брзи, усогласени процеси.
View Showcase →
Трансформација на функција Човечки Ресурси во FMCG индустријата

Трансформација на функција Човечки Ресурси во FMCG индустријата

Vivendum го трансформираше одделот за човечки ресурси на компанија за производи за широка потрошувачка од само административен во стратешки партнер со нови политики, ERP автоматизација и системи за таленти што поттикнуваат трајна ефикасност и раст.
View Showcase →
успешна регрутација

успешна регрутација

Vivendum го скрати времето за регрутирање од 30 на 7 дена со главна база на податоци, поедноставени процеси и претходно квалификувани таленти за автомобилската индустрија.
View Showcase →
Раст на мал бизнис преку структурираност

Раст на мал бизнис преку структурираност

Од хаос до јасност: Vivendum им помогна на три семејни бизниси да се прошират со структура, јасни процеси и одржливи системи за човечки ресурси.
View Showcase →

Преземете ја нашата бесплатна е-Книга

Откријте ги „10-те клучни фактори за трајна трансформација на бизнисот и функцијата човечки ресурси“ – вашиот водич за оптимизирање на функцијата човечки ресурси, коучинг и ефикасност.

Во овој водич, ќе научите како да:

✔ Ја усогласите вашата визија, структура и таленти за да постигнете траен раст

✔ Ги оптимизирате процесите и вработените за поголема ефикасност и ангажираност

✔ Воспоставите системи базирани на податоци и поедноставени решенија кои поттикнуваат трансформација

Закажете ја вашата консултација

Vivendum Ratio Solutions 10 Years Anniversary

Вивендум Ратио Солушнс ДООЕЛ
Ул.Аминта III, 33А, кат.4, стан.17
1000 Скопје
Северна Македонија

Телефон: +389 71 33 75 82 или +389 71 33 75 92
E-mail: info@vivendumsolutions.com.mk