Дата: 21 и 22 Ноември 2025
Online Обука
Опис на програма:
Обуката е фокусирана на чекор-по-чекор трансформација на HR функцијата според фазите на развој на компанијата, со акцент на актуелната македонска HR реалност. Програмата ги опфаќа методите за дијагностика на сегашната фаза, оптимизација на процеси, воведување skills-based практики и интеграција со бизнис цели. Учесниците ќе научат како да преминат од административни задачи кон стратешка поддршка, користејќи едноставни алатки и шаблони без претерана возбуда за AI. Фокусот е на почетна, управувана и дефинирана фаза од HR зрелоста, со најава за напредни фази преку коучинг.
Обуката е наменета за:
- HR професионалци
- Менаџери и лидери – кои бараат практични методи за мерење и подобрување на тимската ефикасност.
- Човечки ресурси во мали/средни компании
- Вработени и аналитичари – кои сакаат да ги разберат фазите на HR еволуција и да придонесат за компанискиот раст.
- Сите кои сакаат да го намалат административното време и да зголемат ROI во HR.
Програма:
- Вовед во HR трансформација
- Дефиниција на „кадровско“ vs. стратешки партнер.
- Разлика меѓу фазите на зрелост
- Врска со организациските цели и реалноста во Македонија.
- Клучни фази на HR зрелост
- Што се фазите и како да да ги дефинирате.
- KPI за мерење на напредок по фази.
- Практични критериуми за самоевалуација.
- Методи за дијагностика и мерење
- Vivendum HR Maturity Scan
- Мерење на индивидуална и тимска ефикасност.
- Идентификација на трендови и јазови.
- Од почетна фаза до управувана фаза
- Оптимизација на основни процеси (шаблони, checklists).
- Воведување skills-based hiring и стандарди.
- Практични вежби за job descriptions.
- Дефинирана/интегрирана фаза
- Интеграција со бизнис цели (системи за мерење на резултати и квалитет во работењето).
- Основни алатки за аналитика и менторство.
- Идентификација на области за подобрување.
- Анализа на податоци за HR развој
- Основна статистика и визуелизација.
- Автоматизација на извештаи за фазите 1–3.
- Интерпретација на резултати.
- Практични шаблони и dashboard-и
- Како да креирате табели за следење на фази.
- Групни вежби со реални податоци.
- Case studies од македонски компании.
- Планирање и имплементација на подобрувања
- 90-дневен акционен план за фази 1–3.
- Следење на напредок и ROI.
- Најава на стратегиска и оптимизирана фаза
Бенефити од обуката:
- Подобрување на секојдневните резултати – Учесниците ќе научат да намалат административно време и да зголемат retention.
- Зголемена ефикасност – Преку едноставни шаблони и алатки, ќе оптимизирате процеси без голем буџет.
- Информирани одлуки – Развивање вештини за дијагностика и анализа, што води кон стратешки HR.
- Развој на ресурси – Вработените ќе стекнат знаења за менторство и интеграција, за континуиран раст.
- Конкурентска предност – Компаниите ќе бидат спремни за фази 4–5 преку напреден коучинг, за побрза адаптација на пазарот.
Методологија на предавање:
- Пренесување теоретско знаење поврзано со реални примери од македонски компании.
- Практични вежби, групни дискусии и case studies.
- Учење преку индивидуални шаблони и дигитални алатки
- Интерактивни Q&A сесии за персонализација.
Времетраење: 8 часа (2 дена – Петок 17:00 – 20:00 и Сабота 09:00 – 14:00)
Online обука (Microsoft teams)
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и постар консултант во Вивендум Ратио Солушнс, предавач во Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
- Докажано лидерство во трансформација на HR функции.
- Експертиза во регрутирање, талент менаџмент и мерење на резултати и квалитет во работа.
- Практично искуство во законска регулатива, буџетирање и управување со промени.
Пријава за учество:
Цената на обуката изнесува 9.200 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува 10% попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 20.11.2025 година, преку потполнување на пријава за учество (Пријава) или аплицирање преку формата подолу.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”