Дата: 26 и 27 Февруари 2026

Опис на програмата:

Во 2026 година, улогата на менторот значително ја надминува традиционалната функција на „пасивен консултант“ или извор на техничко знаење. Менторот сè почесто има улога на точка на насочување, филтер на информации, поддржувач на расудување и културен модел за новите или помалку искусните вработени.

Обуката е дизајнирана да одговори на реални предизвици со кои се соочуваат менторите денес:

  • нововработени кои доаѓаат со очекување за брза автентичност и смисла;
  • изобилство од информации, „совети“ и AI-генерирани решенија;
  • потреба од психолошка безбедност и јасни граници;
  • менаџерски и менторски улоги кои често се преклопуваат.

Цел на обуката

Обуката има за цел да развие компетентни, свесни и одговорни ментори кои:

  • разбираат како учат и се адаптираат возрасни луѓе во реални работни услови;
  • умеат да поддржат развој без преземање на одговорност за туѓи одлуки;
  • препознаваат кога знаењето не е доволно и е потребна ориентација, рефлексија или етичка рамка;
  • знаат како да се позиционираат во дигитална и AI-поддржана работна средина.

За кого е наменета  

  • вработени кои се назначени или се подготвуваат за улога на ментор;
  • менаџери и тим лидери со развиена поддржувачка и развојна улога;
  • HR и L&D професионалци кои дизајнираат или имплементираат менторски програми;
  • искусни професионалци кои учествуваат во ориентација, трансфер на знаење и организациско учење.

 

Програма:

Ден 1: Контекст, улога и менторска врска

  1. Зошто менторството е клучно денес

Наместо класично “onboarding”, организациите се соочуваат со потреба за брза ориентација, културна интеграција и поддршка на адаптација.

Темите опфаќаат:

  • зошто менторството станува стратешка HR практика;
  • каква е разликата помеѓу обука, менторство и коучинг;
  • кои очекувања нововработените ги носат со себе во 2026.

Дискусија: што навистина му треба на нововработениот – одговори или разбирање?

  1. Знаење, систем и одговорности

Менторството не се одвива во вакуум, туку во организациски систем каде постојат улоги, процеси и граници.

Фокус:

  • видови на знаење (експлицитно, искуствено, социјално);
  • улогата на HR, менаџерот, тимот и менторот;
  • каде менторската поддршка започнува – и каде завршува.

Вежба: јасно позиционирање на својата улога како ментор во сопствен контекст.

  1. Улога, одговорност и влијание на менторот

Менторот има влијание – дури и кога не го забележува.

Ќе се работи на:

  • поддршка без контролирање;
  • разлика помеѓу советување и развој;
  • менторот како модел за професионално однесување;
  • етичка одговорност и психолошка безбедност.

Рефлексија: кои пораки ги испраќам – со зборови и без зборови?

  1. Градење менторска врска

Ефективната менторска врска не започнува со содржина, туку со доверба.

Опфатени теми:

  • фази на менторската врска;
  • поставување очекувања и граници;
  • менторство во хибридна и дигитална средина;
  • доверба, конфиденцијалност и одговорност.

Практична работа: изработка на менторски договор.

 

Ден 2: Алатки, расудување и современи влијанија

  1. GROW модел – како рамка, не како рецепт

GROW моделот се користи како структура за размислување, не како формална техника.

Ќе се работи на:

  • поставување развојни цели во нестабилна средина;
  • прашања што поттикнуваат самостојно размислување;
  • препознавање момент кога менторот треба да молчи.

Вежба: менторски дијалог со GROW пристап.

  1. Менторот и носењето одлуки

Една од најчестите „скриени улоги“ на менторот е влијанието врз одлуките на менторираниот.

Теми:

  • когнитивни пристрасности кај ментор и менториран;
  • како да се поддржат одлуки без сугестија;
  • кога искуството помага, а кога попречува.

Сценарио: „јас на негово место би…“ – ризици од оваа реченица.

  1. Менторство во време на социјални медиуми и AI

Менторираниот доаѓа со информации, видеа, совети, па и AI-генерирани решенија.

Фокус:

  • како да се реагира без да се обесхрабрува;
  • разлика помеѓу информација и расудување;
  • AI како поддршка, но не како авторитет;
  • етички и безбедносни граници.

Вежба: разговор со менториран кој носи „готово решение“.

  1. Повратна информација, евалуација и затворање на процесот

Квалитетното менторство остава трага дури и кога формалната врска завршува.

Се опфаќа:

  • типови повратна информација;
  • справување со отпор и емоции;
  • евалуација на менторската улога и процес;
  • затворање на менторска релација со зрелост.

Завршна задача: личен акциски план како ментор (90 дена).

Методологија на предавање:

Обуката комбинира:

  • теоретскa основа;
  • практични вежби и сценарија;
  • фасилитирани дискусии;
  • лична рефлексија и размена на искуства.

Времетраење: Дводневна обука

Обучувач:

Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.

Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.

Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.

Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени.

Пријава за учество:

Цената на обуката изнесува 10.000 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 24.02.2026 година, преку аплицирање преку формата подолу.

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk  или на телефон 071-337-592.

Пријава

Пријава

Име и презиме
Име и презиме
First
Last

“Сите права на оваа обука се задржани и претставуваат интелектуална сопственост на Вивендум Ратио Солушс. Ниту еден дел од идејата, програмата, концептот  и презентацијата за оваа обука не смее да биде репродуциран или пренесен во ниту една друга форма, електоронска или печатена, вклучувајќи фотокопирање, снимање или зачувување без дозвола на авторот.”