Успешно одржана обука „Оценување и мерење на ефекти на програми за обука и развој на вработени – модел Kirkpatrick 2016“ во Вивендум Ратио Солушнс
Во просториите на Center of Excellence на Вивендум Ратио Солушнс, на 13 и 16 Декември оваа година, беше успешно одржана дводневна обука на тема „ Оценување и мерење на ефекти на програми за обука и развој на вработени – модел Kirkpatrick 2016“.
Оваа обука беше наменета за професионалци од областа на човечки ресурси од сите видови организации, како и сите други професионалци кои имаат цел развој на луѓе и управување со таленти, подобрување на ефикасноста во работењето, зголемување на влијанието од програмите за обука и развој врз успешноста на организациите и градење култура која го поддржува учењето, развојот и ангажираноста на вработените.
На обуката присуствуваа учесници од домашни и интернационални компании, кои имаа можност практично да научат како да:
- Ги дефинираат и категоризираат знаењата и вештините потребни за соодветни работни позиции,
- Креираат рамка на компетенции,
- Дефинираат и утврдат програма за обука и развој,
- Дефинираат и утврдат методологија за имплементација на програмите за обука и развој, согласно стилот на учење на учесниците,
- Прикажат ROE & ROI од програмите за обука и развој на вработени,
- Измерат влијание од програмите за обука и развој врз успехот на организациите,
- Дефинираат критериуми за data analytics,
- Дефинираат позитивни двигатели и насоки за развој.
Евалауација од учесниците
По завршување на обуката, учесниците имаа можност анонимно да извршат евалауција за истата, преку која го изразија своето задоволство од учество на обуката.
Во продолжение неколку коментари за обуката од нашите учесници:
- „Пофалби за организација на обука со врвен квалитет, како од аспект на содржина, така и од аспект на логистика.“
- „Презадоволна сум.“
- „Добив многу повеќе знаења од што очекував.“
- „Многу ми се допадна тоа што обучувачот има многу искуство и низ практични примери знае да го пренесе своето знаење.“
- „Целата обука е од огромна важност и може да има влијание врз мојата работа како одговорна за тренинг и едукација на корпоративно ниво.“
Вивендум Ратио Солушнс ќе продолжи со организација на обуки следната година, веќе од втората половина на јануари. Следете нè на социјалните медиуми како би биле во тек со известувањата за нашите новитети.