Дата: 16 Октомври 2025 година
Продажните претставници кои имаат висока емоционална интелигенција (EQ) остваруваат двојно повеќе приходи од оние со просечен резултат за EQ.
До ваков резултат довеле повеќе истражувања, меѓу кои и истражувањето на The hay Group – компанија за менаџмент консалтинг во глобални рамки, извршено на 44 компании од Fortune 500. Во една од компаниите, измериле дека продажните претставници кои добиле обука за EQ, ги надминале резултатите за склучени зделки на тие од контролната група за 12%.

Програма на обука:
- Профил на клиент
- Емоција – Логика – Време
- Експеримент на Антонио Демасио
- Основи на Бихејвиорална економија
- Видови клиенти
- Процес на носење одлука за купување
- Профил на продавач
- Самосвесност
- Емоции
- Вредности
- Комуникациски, работен и личен стил
- Стил на управување со конфликт
- Развој на самосвесност
- Емоционална самоконтрола
- Способност за постигнување на цели
- Развој на свесност за другите
- Идентификување на продажни можности
- База на клиенти
- Чекори во утврдување на продажни можности
- Квалификување на продажни можности
- Градање на односи со купувачи
За кого е наменета
- Продажни тимови – луѓе кои директно работат со клиенти и треба да градат доверба, да препознаваат потреби и да влијаат позитивно на процесот на одлука.
- Менаџери за продажба – кои треба да водат и мотивираат тим, но и да развијат понапредни вештини за преговори и затворање на договори.
- Претприемачи и сопственици на бизнис – бидејќи секој бизнис подразбира продажба, а емоционалната интелигенција е клучна за изградба на односи со клиенти, партнери и инвеститори.
- HR Професионалци, консултанти, финансиски советници итн. – кај кои продажбата најчесто се темели на доверба и долгорочна соработка.
- Секој што сака да ја подобри комуникацијата со клиенти и колеги, особено во ситуации на преговори, приговори или тешки разговори.
Методологија на предавање:
- Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
- Пренесување на современи практики и решенија за подобрување;
- Учење преку индивидуални и тимски вежби;
- Отворени дискусии;
Времетраење: 1 ден
Обучувач:
Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс.
Вивендум Ратио Солушнс е компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна трансформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност.
Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечки ресурси со повеќе од 20 годишно искуство од областа, а во последните 10 години е посветен предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 160 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1900 вработени од сите хиерархиски нивоа.
Наташа има докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Има широко познавање и практично искуство во законска регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациска усогласеност, управување со промени и односи со синдикати и вработени..
Пријава за учество
Цената на обуката изнесува 7.200 денари (+ддв), а за рана пријава и корпоративно учество следува попуст. Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 14.10.2025 година, преку потполнување на пријава за учество (Пријава) или аплицирање преку формата подолу.
За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.
Recent Comments