Дата: 20 Март 2020 година

Опис на програмата:

Живееме во динамично време во кое сме континуирано зафатени и оптоварени со многубројни обврски. Обемот на работа континуирано се зголемува, се работи со кратки рокови, промени во последна минута, дополнително модерните комуникациски алатки и фреквенција додаваат на секојдневниот притисок.

Повеќе од било кога, потребно е да бидеме ефективни во планирање на работните обврски и управување со нашето време.

Обуката за ефикасно управување со време на учесниците ќе им ги презентира стратегиите и техниките со кои времето на располагање ќе биде максимално и продуктивно искористено. На обуката учесниците ќе имаат можност да направат анализа на своите јаки и слаби страни во управување со време, да постават лични приоритети, управуваат со очекувања кои другите ги имаат од нив и како да станат повеќе ефективни на работното место.

Од оваа обука ќе научите:

  • Ефикасно да ја планирање и приоретизирате вашата работа
  • Ефикасно да управувате со попречувања
  • Да развиете практични техники и стратегии за ефективно управување со време
  • Потполно искористите бенефитите од денешната технологија
  • Да ги идентификувате вашите лични предизвици во ефикасно управување со време и како истите се појавуваат

Програма на обука

  1. Вовед во концепт на ефикасно управување со време
  2. Пречки за ефикасно управување со време
  3. Стилови на продуктивност
  4. Мит за способност за мултитаскинг
  5. Три принципи на ефикасно управување со време
  6. Основни алатки за ефикасно управување со време
  7. Ефикасно управување со документација
    • Хартиена документација
    • Електронска документација
    • e-mail
  8. Приоретизирање
  9. Scheduling
  10. Управување со лично време
  11. Концентрација и фокус

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Отворени дискусии;

Времетраење: 8 часа ( 1 ден ) од 09:00 до 17:00 часот

Обучувач:

Наташа Алексовска

  • Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс,

За учесниците ќе биде обезбедено:

  • Материјали – презентација, вежби, тестови, студии на случај;
  • Сертификат за учество;
  • Закуска и освежување;

Пријава за учество:

Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 18.03.2020 година, преку потполнување на пријава за учество.

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk  или на телефон 071-337-592.