Дата: 27 Март 2020 година

Опис на програмата:

Цел на оваа обука е да ја демонстрира клучната разлика помеѓу традиционалниот менаџмент и инспирационото лидерство. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да се запознаат со  многу важни аспекти од организациониот живот вклучувајќи ги темите како однесување на тим, мотивација, делегирање, организациона култура, системи за управување со резултати од работа и многу други.

За време на обуката учесниците ќе се запознаат со уметноста на ефективно лидерство и начините како да се инспирира секој член на тим да го постигне својот вистински потенцијал.

Од оваа обука ќе научите:

  • Клучните разлики помеѓу менаџирање и лидерство
  • Улога и одговорности на супервизорски и менаџерски позиции
  • Како ефективно да мотивирате и инспирирате тим
  • Напредни вештини за управување со конфликт на работно место
  • Важност на веродостојна комуникација на работно место
  • Како да евалуирате и утврдите потенцијал и резултати од работа на вработен
  • Управување со слаби резултати од работа

Програма на обука

  1. Основни вештини за раководење со тим
    • Важност на делегирање
    • Способност за мотивирање на тим
    • Способност за развој на тим
    • Способност за комуникација во и вон тим
    • Управување со дисциплина
  2. Улоги на раководител
  3. Подобрување на ефикасност на тим
  4. Динамика на тим
  5. Градење на доверба на тим
  6. Развој на тим
  7. Мотивирање на тим
  8. Мерење на резултат и квалитет во работењето
  9. Неприфатливо однесување на работа
  10. Намалување на боледувања и отсуства од работа
  11. Управување со негативност на тим
  12. Од реактивно до проактивно раководење
  13. Дефинирање на очекувања од вработен
  14. Дефинирање на цели
  15. Утврдување на ниво на зрелост на вработени
  16. Делегирање
  17. Методологија на давање на повратна информација
  18. Одговор на негативни ситуации
  19. Управување со конфликт
  20. Работа во чувствителни ситуации

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Отворени дискусии;

Времетраење: 8 часа ( 1 ден ) од 09:00 до 17:00 часот

Обучувач:

Наташа Алексовска

  • Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс

За учесниците ќе биде обезбедено:

  • Материјали – презентација, вежби, тестови, студии на случај;
  • Сертификат за учество;
  • Закуска и освежување;

Пријава за учество:

Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 25.03.2020 година, преку потполнување на пријава за учество.

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk  или на телефон 071-337-592.