Решенија

Outsourcing на функција човечки ресурси

Функцијата за човечки ресурси покрива широк спектар на функции, вклучувајќи плата и бенефиции на вработените, безбедност и здравје при работа, одржување персонални досиеја и записи, осигурување на правна усогласеност, развојот и обуката на вработените и слично.
Големите организации имаат можност функцијата човечки ресурси да ја организираат интерно, но, за многу организации – особено малите и средни организации – обемната природа на оваа функција е премногу сложена и сеопфатна за да се одржи на овој начин.

Вивендум Ратио Солушнс нуди оutsourcing услуги целосно прилагодени на вашите деловни потреби кои ќе поддржат исполнување на вашата стратешка агенда за функцијата на човечки ресурси и организациските цели.
Ние континуирано ги следиме и развиваме нашите услуги во областа на управување со човечки ресурси за да се осигураме дека одговараат на вашите деловни потреби и можат да донесат вистинска вредност за вашето деловно работење.

Анализа и реинженеринг на деловни процеси

Доколку деловните процеси во вашите организации се обремените со непотребни чекори, неинтегрирани со процесите на другите функции во организацијата, имате застарени информациони системи и работа во функционални „силоси“ , Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне во подобрување на ефикасност и ефективност на деловните процеси.

Ние работиме на анализа на вашите деловни процеси ,утврдување на чекори за елиминација, точки на интеграција , точки за дигитализација и автоматизација со што можеме да допринесеме со постигнување на очекуваните ефекти од работењето: ефикасност,заштеда и квалитет.

Во нашата работа користиме различни методологии да обезбедиме подобрување на процесни и деловни модели, дефинирање на клучни показатели на успех, анализа на дата од процесите и нивна интерпретација со цел да се подобри способноста за носење на одлуки базирана на податоци.

Управување со промени и агилност

Свесноста на организациите за брзината и начинот на кој управуваат со промените има директно влијание врз нивниот успех на пазарот е на високо ниво, согласно брзината на технолошкиот напредок, социјалните и економски промени.
Насоката за постигање на стратешките и финансиски цели во комбинација со брзина на промените, создава потреба од:

  • Градење на способност за брзо менување
  • Зголемување на капацитетот за промена
  • Минимизирање на ризиците од промена

Начинот на кој работат успешните организации денес е радикално различен од начинот на кој работеа пред 10 години. Сепак, многу други организации продолжуваат да работат според индустриските модели стари повеќе од 100 години, натежнати од наследните практики, системи и однесувања кои мора да се отфрлат пред да настапи вистинската промена.

Вивендум Ратио Солушнс може да ве поддржи во напорите за трансформација на вашата организација со цел побрзо имплементирање на промени, побрза адаптација, агилност на организацијата и вработените, олеснување на брзо учење и прифаќање на динамичните барања за кариера на вработените.

Организациски дизајн и развој

Организацискиот дизајн е процес на усогласување на структурата на една организација со нејзините цели и со крајната цел за подобрување на ефикасноста и ефективноста. Организацискиот редизајн може да биде инициран од потребата за подобрување на услугите или специфични деловни процеси, или заради нова технологија и процеси.

Организацискиот дизајн не се однесува само на структура, туку и:

  • Разбирање на императивот за промена и опкружување
  • Разбирање на деловните процеси, текот на работата, одговорностите, обемот на работа, анализа на активностите и ресурсите
  • Дизајнирање и тестирање на нови модели или структури
  • Планирање и управување со транзицијата од стара до нова структура
  • Имплементирање и следење на промената

Организацискиот развој е планиран, сеопфатен и системски процес насочен кон подобрување на целосната ефективност на една организација.
Вклучува интервенција во процесите, структурата и културата; има силен фокус кон организациското однесување, развојот на човечките ресурси и организациските промени.

Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне во усогласување на организационата структура со деловните процеси, редизајн на работните места согласно новата организациона структура и имплементирана технологија.

Политики во човечки ресурси

Компаниските политики и процедури се многу важен дел во секоја организација. Тие ги регулираат взаемните односи на вработените во организацијата, со цел да се избегнат сите неизвесности и проблеми што можат да се појават.

Првичната одговорност на секој вработен е да се интегрира во работната култура на организацијата, а во тоа треба да помогнат политиките на човечки ресурси кои јасно ги дефинираат правилата кои треба да се следат од страна на вработените.

Ние можеме да го поддржиме одделот за човечки ресурси во вашата организација во развој и подготовка на сите политики потребни за управување со човечки ресурси и ќе ги дефинираат и содржат сите правила, очекувани однесувања, вредности и прашања поврзани со работниот однос кои јасно ќе ги прикажат организациските правила, практики и процедури на човечките ресурси.

Рамки на компетенции

Рамките на компетенции можат да бидат исклучително корисни за поддршка на стратегијата за управување со таленти и за насочување на практиките за човечки ресурси во областите како што се креирање и одржување на организациона култура, вработување, развој на таленти и управување со резултати од работењето.

Меѓутоа, овие практики можат бидат успешни само доколку точно ги одразуваат потребите на организацијата и работните улоги во однос на вештини, искуство и однесување.
Затоа, треба да се земат во предвид специфичностите на работното место и личноста, среднорочните и долгорочните потреби на организацијата за таленти, и да ја одразуваат организациската филозофија и нејзините вредности.

Комуницирањето на целта на рамката за компетенции е од суштинско значење за менаџерите да добијат целосно и заедничко разбирање од сите во организацијата и да можат ефективно да ја имплементираат при носење одлуки за вработување и оценување на резултатите од работењето. Оваа рамка треба да е почетна точка за дефинирање на заеднички очекувања за вештини и резултати од работењето, но се имплементира флексибилно во зависност од контекстот на работното место, и развојното ниво и амбициите на вработениот.

Вивендум Ратио Солушнс може да ја поддржи вашата организација во дизајнирање на рамка на компетенции, прилагодена за вашата организација, која ќе ги опфати бараните вештини, искуства и однесувања кои се потребни за организацијата да ги исполни посакуваните деловни цели и ќе ја отсликува нејзината култура и вредности.

Селекција и регрутација

Клучот за успешно регрутирање на нови вработени е развој на системски процес за развој на описи на работни места, генерирање база на кандидати и избор на вистински кандидат.

Вработувањето може да одзема многу време, но вработените се значителна инвестиција и кога имате ограничени финансиски средства, тоа може да резултира со грешки во вработувањето кои може да бидат огромен финансиски товар.

Вивендум Ратио Солушнс може да помогне во градење и имплементирање на стратегија за селекција и регрутација, и процес кој ќе ви помогне да го најдете и ангажирате најдобриот кандидат за вашата организација, земајќи ги во предвид и имплементирајќи ги последните трендови и технологии од областа на селекција и регрутација.

Ориентација на вработени

Откако го одбравте вистинскиот кандидат за вашата организација, време e успешно да го воведете во работењето. Како и во секој однос, поставувањето цврста основа е императив за да се постигнат идните очекувања.

Имањето на солиден процес на ориентација има клучно значење за успех во поставувањето на односот меѓу работодавачот и вработениот.

Клучот за успешна ориентација на вработен вклучува воспоставување на процес за:

  • Комплетирана документација за вработување
  • Спроведување на ориентација на нововработен
  • Прегледување на организациските политики и процедури
  • Организирање запознавање со вработените и со работното опкружување
  • Обезбедување структурирана воведна обука  


Ајде да поразговараме каде сте вие во овој процес и да направиме план кој ќе ве однесе таму каде што треба успешно да ги воведете новите вработени во работењето. 

Плата и бенефиции

Вработените сметаат дека системот на плати и дополнителни бенефити е фер ако се заснова на системски компоненти. Ваквите системи користат компоненти како описи на работни места,комплексност, тежина на работно место, област на управување, влијание на организација, структура и рангови на плати и пишани процедури.

Постојат голем број на системи за плати и дополнителни бенефити за да се утврди вредноста на секоја работна позиција.

Ваквите системи освен платата, вклучува и директни и индиректни награди и бенефиции кои му следуваат на вработениот, како резултат на индивидуалниот придонес во успехот на работењето на  организацијата.

Добро структуриран систем со добра рамнотежа на плати, дополнителни бенефити и награди ќе и овозможи на организацијата да остане конкурентна и привлече талентиран кадар за работа.

Вивендум Ратио Солушнс може да ја поддржи вашата организација во градење на систем за плати и дополнителни бенефити кој ќе ја зголеми вашата конкурентска предност на пазарот за труд,  ќе ја зголеми стапката на задржување вработени и ќе стане ваша моќна алатка во процесот за привлекување на таленти во организацијата.

Учење и развој

Обуката и развојот на вработените се однесува на континуираните напори на организацијата да ги подобри резултатите во работењето на своите вработени. Организациите имаат за цел да ги обучат и развијат своите вработени преку употреба на низа едукативни методи и програми.

Во изминатите неколку години, обуката и развојот станаа клучен елемент во организациската стратегија. Повеќето организации сфатија дека инвестирањето во обука и развој на вработените не само што служи како мотивација, туку исто така и овозможува на организацијата да создаде високо квалификувана работна сила.

Вивендум Ратио Солушнс може да ја поддржи вашата организација во развој и имплементирање на план за обука и развој кој ќе биде насочен кон бараните вештини, знаења и однесувања потребни за постигнување на деловните цели, заедно со системот за евалуација на ефективност на програмите за обука и развој според методологијата на Киркпатрик 2016 за евалуација на обуки.

Системи за управување со резултати и квалитет во работењето

Ефективниот систем за управување со резултати и квалитет во работењето може да ги ангажира вашите вработени во постигнување на стратешките цели и како резултат ќе ги постави основите на системите за обука и развој, наградување, управување со таленти и планирање на наследување.

Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне да ги постигнете вашите цели преку развој и имплементација на систем за управување со резултати и квалитет во работењето заснован на вашата визија искомуницирана низ целата организација преку мерливи цели.

Управување со таленти

Клучно за долгорочен успех на секоја организација е да се идентификуваат, развиваат и задржат врвните таленти.

Вивендум Ратио Солушнс нуди персонализиран пристап во градење на ефективна стратегија за управување со таленти, работејќи со вас за развој на соодветни програми за идентификување и развој на потенцијал во рамките на вашата организација и развој на потребните вештини за вашите на идни лидери.

Планирање на наследување

Единствениот начин да се намали ефектот на губење на лидерство е преку силна програма за планирање на наследување која ќе ја идентификува и развива следната генерација на лидери преку менторство, обуки и развојни задачи, за тие да бидат подготвени да го преземат кормилото кога ќе дојде време.

Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне во идентификување на клучните позиции во вашата организација, градење и одржување на база на таленти, развој и имплементирање на програми за развој за да се обезбеди постојан и квалитетен тек на идни лидери за потребите на вашата организација.

Технологија и дигитализација во човечки ресурси

Денешните технологии овозможуваат функцијата на човечки ресурси ефикасно да управува со организацијата на работната сила. Технологијата им помага на одделите за човечки ресурси во автоматизација и рационализација на процесите поврзани со животниот век на вработените од нивното вработување, ориенација и обука до плата, дополнителни бенефити, задржување и заминување.

Покрај тоа, други важни области кои се под надлежност на функцијата човечки ресурси се комуникација, усогласеност, централизирани информации за вработените и други.

Со денешната технологија, на секој аспект на функцијата човечки ресурси може да влијаат технолошките алатки со цел понатамошно подобрување на процесите и способностите на работна сила.

Императив е професионалците за управување со човечки ресурси да бидат во чекор со технолошките трендови кои имаат големо влијание на видот на луѓето кои го водат бизнисот. Овие трендови ќе им помогнат на одделите за човечки ресурси да ги најдат и да ги ангажираат вистинските вработени и ќе им овозможат да ја подобрат организациската конкурентна предност во индустријата.

Вивендум Ратио Солушнс може да ја поддржи вашата организација и одделот за човечки ресурси во развој и имплементација на стратегија за употреба на технологија во функцијата човечки ресурси, во редизајнирање на процесите во одделот, во креирање на business blue print за вашите технолошки и дигитални решенија, и во соработка со избраниот добавувач да помогне во персонализирање на избраните технолошки решенија.

Организациска култура и однесување

Организациската култура за однесувањето на вработените е важен фактор за организација и претставува значаен дел за успехот на работното место. Опасноста од слаба организациска култура вклучува ниска мотивација на вработените, измами од страна на вработените и генерално „лоши“ однесувања на работното место.  

Организациите треба да се фокусираат на организациската култура на работното место за да бидат успешни и да напредуваат.

Можеме да ви помогнеме во вашите напори за градење и одржување на организациска култура што ќе го поддржи брендот на вашите вработени и ќе овозможи остварување на вашите стратешки цели кои ќе се рефлектираат во очекуваното однесување на вработените, преку развој и имплементација на разни политики и системи што ќе ги поддржуваат и насочуваат вработените и лидерите кон очекуваното однесување, вредности и верувања.

Реструктуирање и технолошки вишок

За да се задржи конкурентската предност, многу компании ги модернизираат процесите и имплементираат нови технологии што води до редизајн и реструктуирање на организацијата.

Вивендум Ратио Солушнс може да ве поддржи во вашите напори за редизајн и реструктуирање на организацијата  и може да го спроведе процесот на технолошки вишок за вашата организација, осигурувајќи се дека ги исполнувате сите законски обврски и давате целосна поддршка на вашите вработени во тој процес.

Аналитика во Човечки ресурси

Аналитика во човечки ресурси претставува нов пристап во управување со човечките ресурси кој е воден од дата.

Оваа нова област во управување со човечки ресурси е дефинирана како дел од област на аналитика чиј предмет е анализа на вработени и примена на аналитички процес во практиките на функцијата човечки ресурси со цел подобрување на резултати од работењето и задржување на вработените.

Аналитика во човечки ресурси не собира дата за резултати на вработените на работа, туку е фокусирана на обезбедување на подобри информации за секој од процесите поврзани со управување на човечки ресурси, собирање на релевантна дата и користење на оваа дата за носење на одлуки за подобрување на процесите базирани на резултати од анализа на дата.

Овој пристап се состои од примена на статистички, методи за креирање на модели и аналитички методи за анализа на фактори кои влијаат на вработените со цел подобрување на резултати од работење на организацијата.

Аналитика во човечки ресурси на професионалците од областа на човечки ресурси им овозможува носење на одлуки базирани на дата за привлекување, управување и задржување ма вработени кои резултираат со подобрување на поврат на инвестиции(ROI) на функцијата човечки ресурси. Дополнително на раководството на организациите им помага во носење на одлуки за создавање на подобра работна средина и подобрување на продуктивност на вработените, и има голем импакт на финансиските резултати на организациите доколку се користи ефективно.

Вивендум Ратио Солушнс може да помогне на вашата организација во воспоставување на критериуми, метрика,потребни статистистички и аналитички методи за воспоставување на аналитика за човечки ресурси. Крирање на dashboards и визуелизација на дата како и интеграција на процесите и методите во софтверот за човечки ресурси на вашата организација.

Системи за човечки ресурси

Стратегија и планирање

Планирањето и развојот на стратегијата за човечки ресурси е клучен дел од процесите на функцијата човечки ресурси. Потребно е сите процеси и иницијативи поврзани со човечки ресурси да бидат развиени како дел од генералната стратегија за вработените која треба да биде дизајнирана во насока да помогне во постигнување на организациската стратегија и цели.

Клучен дел од улогата на планирање на човечки ресурси е развој на план за работната сила. Овој план е дизајн на организацијата за привлекување, задржување и развој на потребната работна сила со цел да ги задоволи сегашните и идните потреби.

Друга клучна улога на функцијата човечки ресурси е развој и имплементација на политики и процедури. Постојат многу важни аспекти што треба да се вклучат при развивање на политика за да се обезбеди точна интерпретација и имплементација во организацијата.

Вивендум Ратио Солушнс ви нуди поддршка во градење на вашата организациска стратегија за човечки ресурси и планирање на иницијативи, системи и процеси. Ние градиме персонализирани решенија усогласени со барањата на организацијата, организациската култура и целокупните деловни цели на нашите клиенти.

Консултантски услуги за човечки ресурси 

Вивендум Ратио Солушнс нуди веродостојни, високо квалитетни консултантски совети за човечки ресурси, менаџирање и прашања поврзани со работните односи.

Нашето искуство во индустријата, во комбинација со практичниот пристап може да ве поддржи во следниве области:

  • Закон за работни односи, Закон за здравје и безбедност, Колективни договори
  • Влијание на промените во законодавството во однос на работните односи
  • Спроведување на дисциплински постапки
  • Управување со спорови
  • Управување на проекти за човечки ресурси
  • Односи со синдикати

    Трансформација на функција човечки ресурси

    Човечките ресурси треба да бидат во чекор со брзото менување на светот. Професионалците за човечки ресурси е потребно да се подготват, и да ги подготват своите  процеси да функционираат согласно брзите промени во глобалното опкружување.

    Постојат многу пречки за успех на човечките ресурси: недостаток на таленти, недостаток на работна сила, буџетски притисоци, генерациски разлики, побарувања на вработените и проблематични нови технологии. Соочувајќи се со овие предизвици, клучно е функцијата човечки ресурси да ги подобри способностите и вештините со цел да стане клучна деловна функција која што ќе води до постигнување на крајните резултати.

    Со искуство во секој сегмент на функцијата човечки ресурси, Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне да ја претворите вашата визија во реалност – преку редизајнирање на вашата стратегија, процеси, организација и технологија за човечки ресурси на начини што даваат трајна вредност.

    Нашите сеопфатни услуги за трансформација на функцијата човечки ресурси вклучуваат:

    • Трансформација на функцијата човечки ресурси и организацискиот дизајн
    • Стратегија за извршување на услуга, дизајн и имплементација
    • Проценка на зрелост на способноста на функцијата човечки ресурси
    • Интеграција на програма за управување со таленти
    • Развој на модел на компетенции
    • Технологија и стратегија за селекција од надворешни извори
    • Стратегија за управување со промени, менторство и имплементација
    • Организациска ефикасност на функцијата човечките ресурси и обука на тимот

      Ревизија на функција човечки ресурси

      Ревизијата на функцијата човечки ресурси е сеопфатен метод за анализа на тековните политики, процедури, документација и системи за човечки ресурси за да се идентификуваат потребите за подобрување и зајакнување на функцијата, како и да се процени нејзината усогласеност со промените на законите и регулативите. Ревизијата вклучува систематска анализа на сите аспекти на функцијата човечки ресурси.

      Областите на ревизија вклучуваат:

      • Вработување и ориентација
      • Бенефиции
      • Надоместоци
      • Процес на евалауција на резултати од работењето
      • Процес на престанок на работен однос и излезни интервјуа
      • Описи на работни места
      • Преглед на формулари
      • Преглед на лични досиеја
      • Преглед на политики и процеси во човечки ресурси
      • Ефективност и ефикасност на функцијата човечки ресурси

      Целта на ревизијата на функцијата човечки ресурси е да ги препознае јаките страни и да ги идентификува сите потреби за подобрување. Правилно извршената ревизија ќе ги открие проблематичните области и ќе даде препораки за отстранување на овие проблеми. Причините за спроведување на ваква ревизија вклучуваат:

      • Овозможување ефикасно искористување на човечките ресурси на организацијата
      • Ревизија на усогласеноста во однос на администрацијата на организацијата
      • Поттикнување чувство на доверба во менаџментот и во функцијата човечки ресурси
      • Одржување или подобрување на угледот на организацијата и на самата функција
      • Due diligence за акционерите или потенцијалните инвеститори / сопственици
      • Воспоставување основа за идно подобрување на функцијата

      Вивендум Ратио Солушнс  може да го поддржи напредокот на вашата организација кон конзистентност на функцијата човечки ресурси. Дополнително, може да станеме ваш партнер со широка експертиза и длабоко разбирање на вашите предизвици што ни ќе  овозможи да развиеме персонализирани решенија кои ќе и помогнат на вашата организација во носење на клучни одлуки за човечките ресурси кои ќе придонесат за целокупниот деловен успех.