Центар за Евалуација

Евалуациите на вработените обезбедуваат голем број на информации кои им помагаат на организациите и на лидерите да разберат зошто луѓето размислуваат и се однесуваат на одреден начин.

Организациите и лидерите честопати имаат прашања во врска со своите вработени, како:

  • Колку се мотивирани нашите вработени?
  • Дали се однесуваме кон нив фер?
  • Колку ни се ангажирани вработените и што може да направиме за да ја зголемиме нивната ангажираност?
  • Кој вработен е најдобар избор за да превземе менаџерска работна позиција?
  • Како функционираат вработените во тим?
  • И така натаму …

Вивендум Ратио Солушнс може да помогне на вашата организација во идентификување и мерење на однесувањето на вработените. Користиме различни и комплексни модели кои можат да ви помогнат во процесот на селекција, идентификување на лидерски вештини, потреби за обука и развој, планирање на човечките ресурси, утврдување на ниво на задоволство и ангажираност, и во подготовка на програми кој ќе овозможат зголемување на моралот и ангажираноста на вработените. 

Центарот за евалауција на Вивендум Ратио Солушнс користи комбинација на различни методи за идентификација на компетенциите и карактеристиките на вработените,  наведени подолу:

Методологии

180⁰и 360 Повратна информација

180 и 360 повратната информација (исто така наречена и 180 и 360 анкета/прашалник или повратна информација од повеќе извори) е популарна алатка која обезбедува повратна информација што доаѓа од целото опкружување на вработениот. Обично повратната информација се обезбедува од менаџерот на вработениот, директниот надреден, колегите на исто ниво и од самиот вработен. Може да вклучува и повратни информации од надворешни извори – клиенти, добавувачи или други страни на интерес.

180 и 360 повратната информација може да се употребува за мерење на  компетентноста и однесувањето на вработените, како и за собирање на повратни информации од вработените и организацијата.

Задоволство на вработени – 7 категории на ЕСИ прашалник

Прашалници за мерење на задоволство на вработени на Вивендум Ратио Солушнс содржи погрупа на прашања базирани на истражувања, и дизајнирани да го мерат општото задоволство на вработените.

Другите прашања се наменети за мерење на факторите кои влијаат на ангажираноста и задоволството во организацијата.

Прашаниците се персонализираат според потребите на секоја организација.

Прашалници за мерење на задоволство на вработени на Вивендум Ратио Солушнс мери  повеќе области кои  директно влијаат на задоволството на вработените.

Некои од нив вклучуваат:

  • Добивање обука потребна за добро извршување на работата.
  • Алатки и ресурси што се потребни за добро извршување на работата.
  • Третирање на луѓето со праведност и почит од страна на претпоставените.
  • Јасни разбирања што се очекува од вработените.
  • Добивање редовни повратни информации за сработеното од претпоставените.
  • Можности за напредок во организацијата.
  • Ефикасно работење во одделенијата и функциите.
  • Добра комуникација на организацијата со сите вработени за се што се случува.

Ангажираност на вработени

Ангажираност на вработените претставува концепт според кој  доколку се обезбедени одредени услови во работната средина,  вработените континуирано го дават својот максимум на работното место,  посветени се на целите и вредностите на организацијата, мотивирани се да придонесат за организацискиот успех, и имаат силно чувство за сопствената благосостојба.

  • Ангажиран вработен станува наутро со мисла „Супер, одам на работа. Знам што ќе правам денес. Имам неколку одлични идеи како да го направам тоа навистина добро. Едвај чекам да го видам тимот и да им помогнам да завршиме добра работа денес.“
  • Ангажиран вработен има јасно разбирање за својата улога во организацијата, и својот придонес во исполнување на целите на организацијата.
  • Ангажиран вработен има  јасно разбирање како организацијата ги исполнува своите цели, како се менува за да може да ги подобри резултатите, и допринесува со свои идеи и иновативност во работењето во процесот на континуирано подобрување во работењето
  • Ангажиран вработен е потполно вклучен во работа на тим, има јасни цели на кои е фокусиран, има соодветни овластувања во работењето и потребна автономија, Редовно добива конструктивни повратни информации, има потполна подршка за развој на нови вештини, и неговите достигнувања се препознаени и вреднувани.
  • Организациите кои имаат висока ангажираност на вработени поседуваат јаки и автентични вредности, со однесувања кои демонстрираат меѓусебна доверба и фер третман кој се базира на меѓусебно почитување. Каде што односот на обврски и права е двонасочен помеѓу работодавачот и вработените и истите се јасно искомуницирани и исполнети.

Ангажираност на вработените е комплексно прашање кое бара употреба на неколку методи и техники со цел да се измери точното ниво на ангажираност на вработените.

Нашата платформа за ангажираност на вработените може да и помогне на вашата организација да задржи континуирана стапка на ангажираност на вашиот тим.

Нашата платформа користи техники како што се:

  • Анкети за истражувања на „пулс“ – прашалник
  • Интервјуа еден-на-еден
  • Интервјуа за задржување/заминување
  • ENPS метода – прашалник
  • Анализа на отсуство на вработени / стапка на заминување на вработени

Мерењето е само прв чекор во подобрување на ангажираност на вработените.

Вивендум Ратио Солушнс може да ви помогне во практиките за подобрување на ангажираноста на вашите вработени, не само преку платформата за утврдување на ниво на ангажираност на вработените но и со развој и имплементирање на политики и системи персонализирани за потребите на вашата организација и согласно измерените нивоа. 

Мапирање на компетенции

Мапирањето на компетенции претставува процес кој е од голема важност за секоја организација.

Предуслов за ефективно мапирање на компетенции се  добро дефинирани улоги и рамка на компетенции потребни за ефективно извршување на секоја улога. Рамка на компетенции  се користи при вработување, управување со резултати од работењето, промоции и идентификација на потребите за обука.

Мапирање на компетенции е процес на евалуација и утврдување на силните страни на индивидуален вработен и во некои случаи, како дел од една организација. Општо земено, се испитуваат две области: емоционална интелигенција (EQ) и јаките страни на поединецот во области како тимска работа, лидерство и носење одлуки.

Вивендум Ратио Солушнс може да и помогне на вашата организација во мапирање на компетенциите на вработените преку бихејвиорално интервју, користејќи ги следниве техники за интервјуирање:

  • Техника STAR
  • Repertory grid техника на интервјуирање
  • Техника на критични инциденти

Нашата методологија опфаќа создавање на матрица за компетенции, јасно покажувајќи го нивото на компетенција потребна за секоја работна позиција, наспроти секоја компетенција и мерење на недостатоците по процесот на мапирање на компетенциите.

Психометриско тестирање

Психометриските тестови се стандардизирани и научни методи користени за мерење на стилот на однесување на луѓето. Тие се дизајнирани да ја мерат соодветноста на кандидатот за бараната улога врз основа на потребните лични карактеристики и способности (или когнитивни способности). Психометриските тестови го идентификуваат степенот до кој личните и когнитивните способности на кандидатите се совпаѓаат со потребните за извршување на бараната улога.

Вивендум Ратио Солушнс може да ја поддржи вашата организација во градење на когнитивниот и стилот на однесување на вашите вработени преку употреба на сертифицирани психометриски тестови како што се:

  • DISC – Тест на лични карактеристики
  • Belbin – Тест за улога во тим
  • McClelland – Тест за утврдување на мотивациски фактори

    Методологии