Иако постојат многубројни придобивки од виртуелна/работа од дома, сепак постојат и бројни лични предизвици кај луѓето меѓу кои можат да се вбројат – осаменост, попречување од страна на семејството, психолошки импликации од недостаток на поделба помеѓу време на работа и време дома како и немање на фокус или денгубење.

Во овој текст ќе споделиме со вас неколку важни лични работни практики кои ќе ви помогнат да бидете продуктивни додека работите од дома. Сепак, потребно е да се напомене дека не сите  луѓе се соочуваат со ваков вид на предизвици, така да за компаниите е особено важно на сите вработени да им обезбедат насоки, ресурси и обука за виртуелна/работа од дома.

  • Навременост = 1 минута порано

Воспоставете правило дека да се биде на време на видео состанок значи да се биде online 1 минута порано. Што значи ако видео состанокот е закажан за 09:00 часот, бидете вклучени во 08:59.

Оваа практика не се разликува многу од пркатиките кои ги имаат вработените кога се наоѓаат на своите работни места, сепак поради користење на технологија, линкови, поврзувања, вклучување на повеќе луѓе, од особено значење е да бидете јасни со своите стандарди, практики, интегритет за време како не би го трошеле времето на другите и покажете почит кон нивното време.

Секако возможно е да се случат и пропусти, а во тие ситуации е од особено значење навреме да се известат другите учесници доколку се доцни. Усвојувањето на ова правило придонесува соработката со другите луѓе вклучени во работата да биде подобра и конструктивна.

  • Време за e-mail, chat vs. време за самостојна работа

Доколу сте цело време вклучени на e-mail или chat, секогаш работите на мултитаскинг. Многубројни студии укажуваат за да се постигне најголема ефективност и продуктивност, потребно е да се посвети време на една задача и да се влезе во фаза на задлабочена работа.

Се препорачува воведување на практика на однапред планирање на време за задлабочена и фокусирана работа на една задача.

За ова време на фокусираност, важно е да ги менаџирате потенцијалните попречувања во домот, затворете го e-mail-от, chat-от и другие апликации кои испраќаат нотификации. Потребно е оваа правило да биде искомуницирано со сите соработници, како и да се дефинираат периоди на достапност за да се избегне очекувањето за моментална достапност и брз одговор.

Понекогаш е потребна брза реакција, одговор и координација, поради што вработените треба да бидат потсетени периодично во текот на еден работен ден да ги проверат платоформите за комуникација и обезбедат навремен и соодветен одговор.

  • Дефинирана локација за работа

При работа во компанија, секој вработен има свое дефинирано место за работа каде што може да има приватност и да ги минимизира попречувањата како неопходните телефонски повици за да се посвети на фокусирана работа.

Во услови на работа од дома се препорачува вработените да создадат една дефинирана локација за работа, во која ќе можат да се фокусираат на работата, да имаат чувство на приватност и одредена заштита од попречувања во домот.

  • Помодоро техника и музика

За да се создаде простор за фокусирана работа особено помага Помодоро техниката ( каде што поставувате аларм за работен блок од 25 или 50 минути, кои следат со 10 минутна пауза). Оваа практика во пракса се покажува како многу ефектива за фокус.

Помодоро техниката може да се комбинира со музика, постојат многу канали кои нудат музика која е создадена за зголемување на фокус и која можете да се интегрира со Помодоро алармот.

  • Препораки за менаџерите кои раководат со тимови во време на криза

Скоро да е излишно да се напомене дека голем број од вработените се чувствуваат вознемирено, исплашено, обременети се или фрустрирани со моменталната ситуација.

Членовите на тимовите од менаџерите очекуваат да добијат чувство на сигурност, јасност и насока како и чувство дека се безбедни, заштитени и поддржани.

Поради овие причини од особено значење е компаниите и менаџерите да креираат социјално поврзана, online култура која ќе овозможи регуларна и нормална комуникација, соработка, меѓусебна поддршка професионална и лична.

Еден од најдобрите и наједноставни начини е преку креирање и прифаќање на компаниски практики за социјална поврзаност заедно со работна продуктивност. Многубројните искуства укажуваат дека нивото на доверба, другарство и кохезија која се гради преку примена на овие практики води кон подобри деловни резултати, подобри компании и имаат позитивно влијание врз клиентите и заедницата во која компанијата функционира.

Доколку ви е потребна помош или совет поврзан со раководење на виртуелни тимови контактирајте на e-mail адреси и телефонски броеви кои се наоѓаат на нашата web  страница: www.vivendumsolutions.com.mk , услугите во период на вонредна сосотојба се бесплатни за сите компании.

Можете да ја искористите и можноста да се пријавите на бесплатната обука „Раководење со виртуелни тимови“ која се одржува на LMS платформата на Вивендум Ратио Солушнс www.vivendumratiosolutions.learnworlds.com секој петок.