Модел на компетенции на консултант

by | Oct 13, 2019 | blog

Податоците од последните неколку години укажуваат дека на глобално ниво пазарот на консултантски услуги забележува се поголем раст, секако со различен процент на раст во зависност од зрелост на пазарот и растечките економии.

Овој тренд може да се забележи и на локално ниво преку се поголемото присуство и популаризација на компании и поединци кои работат во оваа област.

Со самото појавување на се повеќе компании и поединци на пазарот, се поставува прашањето за кои услуги е потребно да се ангажира консултант, како да го изберам вистинскиот консултант и секако што е потребно да се стане консултант?

За да одговориме на овие прашања, ќе почнеме од почеток со дефинирање на тоа што што претставува консалтингот.

На кратко, консалтинг е дејност која се занимава со давање на експертски совет на специфична група на луѓе.

Со самата дефиниција на поимот консалтинг се утврдува и областа на работењето на консултантите, а тоа е советување. Консултантите врз основа на својата експертиза, разбирање на индустријата и трендовите, способности за решавање на проблеми нудат совети од специфична област на клиент или одредена група на луѓе.

Постојат консултанти специјализирани во различни области како што се маркетинг, човечки ресурси, информатички технологии, системи за квалитет, деловен консалтинг и др.

Генерално консултантите се ангажираат со цел подобрување на структура и продуктивност на организациите. Понекогаш консултантите се користат за решавање на специфичен проблем со кој организацијата се соочува.

Врз основа на горенаведеното можеме да заклучиме дека консултантите се личности кои поседуваат голем акумен на знаења кои не се поврзани исклучиво со степен на обазование стекнат во тек на формалното образование, туку и други знаења и повеќегодишно искуство во работењето прикажано преку мерливи резултати како и збир на други компетенции.

Во продолжение ќе ви го претставиме моделот на евалуација на консултант, кој на компаниите може да им помогне во избор на соодветен консултaнт за проблемот со кој се соочуваат, додека на поединците кои својата кариера сакаат да ја развиваат во таа насока алатка за самоевалуација и насока за иден развој.

Како што можеме да видиме од моделот, за успех на консултант потребно е да се поседуваат три основни видови на вештини и знаења и тоа: деловни, технички и консултантски.

За да можеме да направиме евалуација на истите потребно е детално да утврдиме кои знаења и вештини припаѓаат во трите основни групи. Истите се прикажани во табелата подолу.

 

Деловни знаења и вештини

Консултантски знаења и вештини

Технички знаења и вештини

Развој на стратегија Градење на меѓусебни односи Различни методологии за стратешко планирање
Планирање и поставување на цели Јавно говорење Историски развој и познавање на методологии за стратешко планирање
Комплементарни функции( финансии, право, IT,осигурување и др) Деловно пишување Дијагностичко интервјуирање
Финансиско планирање и развој на буџет Лидерство во водење на состаноци Аналитичко читање и точно интерпретирање на деловни документи
Утврдување на профитабилност и ценовни политики Интерперсонална комуникација Истражување на пазар
Деловни модели и модели на соработка Активно слушање Анализа на конкуренција
Ефективно дефинирање на понуди и конкурентни стратегии за наддавање Посредување Ефикасно користење на алатки за стратешко планирање: персонализирана употреба
Долгорочни планови за раст Интервјуирање Дизајн на состаноци
Системи за плати и бенефиции Пишување на понуди Лидерство во водење на состаноци
Развој и имплементација на деловни процеси: комуникации, решавање на проблеми, носење на одлуки Дијагностицирање: идентификување на корен на проблеми Пишување на стратешки планови
Проектен менаџмент Креативност: создавање на решенија, дизајн на проект, планирање на имплементација Раководење со состаноци за ревизија кај клиент
Обука, coaching, развој на таленти Coaching,раководење Ефикасно давање и примање на повратна информација
Односи со јавност, маркетинг Управување со проекти и ангажираност Управување со процеси на ревизија
Ефикасно управување со време Саморегулација и самодисциплина Дизајн на планови за имплементација
Преговарачки вештини Ефикасно управување со време Водење и соработка со менаџмент на клиент со цел носење на соодветни одлуки за развој на стратегии
Акумен на знаење: основи на деловно работење и финансии Ефикасно давање и примање на повратна информација Анализа на ризик и планови за елиминирање на ризик
Ефикасно поврзување со сите нивоа на организација и хиерархија Вештини за ефективна презентација
Собирање на податоци и анализа

Соработка

 

Следен чекор во евалуација е поставување на систем за мерење на ниво на секоја од областите на знаења и вештини потребни да ги поседува еден консултант.

Како помош со вас ќе споделиме скала која се состои од 5 нивоа на знаења и вештини:

0 – не поседува знаења и вештини

1 – ниско ниво на знаења и вештини

2 – задоволително ниво на знаења и вештини

3 – напредно ниво на знаења и вештини

4 – експертско ниво на знаења и вештини

 

И секако финален чекор е примена на моделот при селекција на консултант!

За поединци кои сакаат својата кариера да ја развиваат во оваа насока, употребата на моделот ќе им помогне во идентификување на јаките и слаби области и работа на областите кои се идентификувани како слаби со цел да ја достигнат својата лична конкурентска предност на пазарот на консултантски услуги.