Системско размислување – Најголем тренд на Човечки Ресурси за 2016

by | Jun 16, 2016 | blog

„ Вештина на создавање на позитивно искуство на вработен“

Системското размислување се појавува како најголем тренд во Човечки Ресурси согласно истражувањето направено од страна на Deloitte и издадено во 2016 Global Human Capital Trends извештајот, заснован на повеќе од 7.000 одговори на прашалник спроведен во 130 земји во светот.

Глобалните трендови на Човечки Ресурси го навестија овој тренд пред две години кога го идентификуваа „вработениот кој е преоптоварен“ како значаен ризик за развој и задржување на таленти во организација. Овој тренд го актуелизира вработениот кој пред себе има предизвик ефикасно да управува со наплив на елекронски пораки и информации додека се „бори“ да одговори на зголемените и комплексни работни обврски и одговорноста да биде достапен 24/7.

Во 2015 Глобалните трендови на Човечки Ресурси ги забележаа првите обиди на Човечки Ресурси за „поедноставување“ на работната средина како одговор на преоптовареност на вработените.

Во денешно време, иновативните оддели за Човечки Ресурси ги насочуваат своите активности кон инкорпорирање на системско размислување во раководење, подршка и обука на вработените во нивните организации.

Наместо градење на „програми“ и „процеси“ одделите за Човечки Ресурси ги евлауираат вработените со цел создавање на апликации и алатки преку кои ќе го намалат стресот на вработените и ќе ја зголемат нивната продуктивност.

Во истражување на Deloitte 79% Извршните Директори го оцениле системското размислување како највисок приоритет кога станува збор за промените во областа на управување со таленти, додека 12% од испитаните сметаат дека системското размислување е застапено во нивните програми за управување со таленти во организацијата.

50% од овие Извршни Директори кои ги оцениле нивните програми за управување со таленти како извонредни поради примена на системско размислување спаѓаат во категорија на компании кои имаат високи резултати во работењето.

Станува јасно дека системското размислување се појавува како најдобра практика за водечките компании и инвативните оддели за Човечки Ресурси.