Неделните проверки претставуваат многу добар начин да се охрабрат вработените да превземат сопственост на своите индивидуални задачи и проекти. Обезбедува можност за самостојна и несихронизирана проверка за вработените кои сеуште ја градат самодовербата и култура на двонасочна повратна информација. Оваа практика овозможува агилно движење и промена.  

Неделните проверки не се замена за индивидулани 1 на 1 состаноци помеѓу менаџерот и вработениот. Личниот пристап претставува основна менаџерска практика, особено при работа со виртуелни тимови во кои face-time не се случува спонтано на работното месо.

Редовни 1 на 1 состаноци

Face-time e особено важно за градење на меѓусебни односи и доверба и претставува основа за лична одговорност и постигнување на резултати. Претставува пракса преку која менаџерите го подржуваат растот и развојот на своите вработени и има помагаат во решавање на проблеми и предизвици со кои се соочуваат.

Неделните состаноци сепак претставуваат можност за максимизирање на ефектот на состаноците 1 на 1 поради фактот што овие состаноци бараат повеќе време и заедничко закажување на одреден термин во неделата, кои со добро структуирани неделни проверки добиваат на ефективност и ефикасност.

Преку неделните состаноци менаџерите добиваат редовен статус за задачите кои претставуваат теми за разговор на состаноците 1 на 1 на кои се решаваат можните проблеми и предизвици на вработените. Исто така овозможуваат фокус на најбитните теми и креирање на листа на теми за следните состаноци 1 на 1.

Се препорачува редовен ритам на состаноци еден на еден, ист ден и ист термин а фреквенцијата може да биде на една или две недели во траење од 30 до 60 минути.

Спонтани пораки, телефонски или видео повици за проверка на состојба на тимот

Претставува добра практика при раководење со виртуелен тим, на одреден период, менаџерот да ги контактира вработените преку порака, видео или телефонски повик само да ги провери како се чувствуваат и каква е состојбата. Овие пораки или повици треба да бидат кратки и да содржат кратки прашања како на пример:

  • Како си?
  • Каков е статуст на проектот Х?
  • Кој е последниот статус на задачата Y?
  • Дали постои нешто со што можам да ти помогнам?
  • Кое е твоето мислење за темата XYZ?

Понекогаш овие проверки можат да траат неколку минути па се до 45 минути, но кај овие проверки е карактеристично што не постои некоја особена агенда.

Период за достапност за вработените

Со самиот факт што тимот не работи во канцеларија и не е физички лоциран заедно, вработените немаат можност да го контактираат менаџерот во секое време, за прашање, предизвик или добивање на одредена насока.

Менаџерите е потребно да дефинираат неколку часа достапност неделно во својот календар, период во кој вработените или колегите ќе можат да ги контактираат за сите важни прашања или пак едноставен совет.

Овозможувањето на достапност за сите важни предизвици и проблеми кои се појавуваат во текот на неделата, ја зголемува блискоста со вработените и колегите и дава чувство на поврзаност и очекувана поддршка.

Оценување на резултати и квалитет во работењето

Неделните проверки и состаноци еден на еден даваат добар ритам за проценка и одржување на контрола и следење на исполнување на задачи и проекти. Оваа практика сепак не претставува доволна основа за долорочна оценка и развој.

За оценување на резултати и квалитет во работењето се препорачува, разгледување на исполнување на задачите и проектите ретроспективно на фреквенција 2 до 4 пати во годината каде што пред–мет на евалуација нема да претставуваат само исполнувањето на задачите и проектите туку ќе се даде поголем фокус на иден развој на вработените во иднина.

Доколку ви е потребна помош или совет поврзан со раководење на виртуелни тимови контактирајте на e-mail адреси и телефонски броеви кои се наоѓаат на нашата web  страница: www.vivendumsolutions.com.mk , услугите во период на вонредна сосотојба се бесплатни за сите компании.

Можете да ја искористите и можноста да се пријавите на бесплатната обука „Раководење со виртуелни тимови“ која се одржува на LMS платформата на Вивендум Ратио Солушнс www.vivendumratiosolutions.learnworlds.com секој петок. Поканата и програмата за обуката може да ја преземете на овој линк.