Center of excellence ве поканува на обука : “Оценување и мерење на ефекти на програми за обука и развој на вработени – модел Kirkpatrick 2016”

by | Nov 4, 2019 | News

Дата: 13 и 16 Декември 2019
Локација: Center of exellence на Вивендум Ратио Солушнс

Опис на програмата:

Обука и развој на вработени во една организација подразбира зголемување на нивните знаења, вештини и однесувања во насока на остварување на организациските цели. Во оваа обука фокусот е ставен на процесот од анализа за утврдување на потреба и вид на програми за обука и развој, креирање план за нивна реализација со алатки кои ќе овозможат поефикасен трансфер на знаење до методи за евалуација со цел обезбедување ефикасен систем на обука и развој насочен кон континуирано учење и напредок на вработените.

За кого е наменета

Менаџери за човечки ресурси и професионалци од областа на човечки ресурси од сите видови организации, како и сите други професионалци кои имаат цел развој на луѓе и управување со таленти,  подобрување на ефикасноста во работењето, зголемување на влијанието од програмите за обука и развој врз успешноста на организациите и градење култура која го поддржува учењето, развојот и ангажираноста на вработените.

Од оваа обука ќе научите:
  • Како да направите анализа за утврдување потреба од обука и да ги идентификувате тековните и идните потреби за обуки во рамки на организацијата;
  • Начини како да изберете методи и технологии на обука кои се најсоодветни за видот и демографијата на вработените;
  • Како да се олесни учењето на работно место, и како да се овозможи соодветна подршка од менаџерот и другите надредени;
  • Како да се измери и евалуира ефектот од иницијативите за програми за обука и развој;
  • Како да се покаже поврат на инвестиција од спроведените програми за обука и развој;

Придобивки за учесниците и нивните организациии од имплементација на научените знаења и вештини

  • Поставување на стандардизиран систем за обука и развој на вработените;
  • Градење на култура на учење и постојан напредок;
  • Поставување основа за квалитетни системи за мерење на резултатите и квалитетот од работењето, управување со таленти, програми за кариерно напредување и планови за наследување;
  • Подобрување на мотивацијата, ангажираноста и лојалноста на вработените;
  • Поттикнување на креативна и иновативна работна средина;
  • Поголема конкурентска предност на пазарот;
  • Основа за зголемување на ефективност и ефикасност во деловното работење;
Програма:
Ден 1:
  • Обука и развој на вработени – основа
  • Системско размислување
  • Утврдување на потреба од обука и развој
  • Компетенции
  • Компетентност наспроти компетенции
  • Култивирање на компетенции
Ден 2:
  • Програми за обука и развој
  • Видови на програми за обука и развој
  • Начини на имплементација
  • Евалуација на обука
  • Ефективна стратегија за евалуација
  • Методи и алатки за евалуација
Методологија на предавање:
  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневните предизвици на организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Отворени дискусии;
  • Проверка на знаењето;
Времетраење: 16 часа ( 2 дена) од 09:00 до 17:00 часот
Обучувач:

Наташа Алексовска

Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс,

За учесниците ќе биде обезбедено:
  • Материјали – презентација, вежби, тестови, студии на случај;
  • Сертификат за учество;
  • Закуска и освежување;
Пријава за учество:

Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 12.12.2019 година, преку потполнување на Пријава за учество.

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk или на телефон 071-337-592.