14 и 17 Февруари 2020 во просториите на Вивендум Ратио Солушнс

Емоционална интелигенција или EQ – клучен елемент за нашиот личен и професионален развој и успех

Светскиот Економски Форум ја рангираше емоционалната интелигенција на шесто место на листата од топ 10 вештини кои вработените треба да ги поседуваат за да постигнат успех и напредување на работно место.

  • 58% од случаевите на професионален успех се должат на поседување на висок коефициент на емоционална интелигенција.
  • 90% од вработените кои постигнуваат високи резултати во работата поседуваат висок коефициент на емоционална интелигенција.
  • Емоционална интелигенција претставува основа за развој на многу од клучните вештини на работни место, некои од нив се:
    • Вештини за ефикасна комуникација
    • Ефикасно управување со време
    • Управување со промени
    • Иновативност
    • Продажни вештини и услуга на клиенти
    • Способност за решавање на проблеми
    • Ориентираност кон континуирано учење и постигнување на резултати
    • Менторски вештини
    • Лидерски вештини
    • и други.

Опис на програмата:

Оваа обука јасно го дефинира концептот на емоционална интелигенција, објаснува колку е клучна за приватниот и професионалниот развој и дава практични решенија и алатки како учесниците да ги применат знаењата во секојдневниот живот а со тоа да ја подобрат својата лична самодоверба како и професионалниот успех.

Емоционална интелигенција претставува збир од способности и вештини кои определуваат колку успешно ќе управуваме со личниот живот и нашата способност да ги разбереме луѓето околу нас, како да комуницираме и соработуваме успешно со нив.

Во денешната комплексна и променлива средина, техничката експертиза или специјалистичко знаење за извршување на работните задачи не е повеќе доволно за успех. Секојневно сме соочени со нови и зголемени барања на работните места, повеќе притисок и стрес и потреба од поголема комуникација со другите за што е потребно да бидеме проактивни, отворени во пристап и соработка со другите, да знаеме како да управуваме со нашата продуктивност, меѓусебните односи и луѓето со кои сме опкружени.

Здобиените способности и вештини кои произлегуваат од емоционалната интелигенција на учесниците ќе им овозможат полесно справување и проактивност во управување со промените во приватниот и професионалниот живот и ќе им даде можност за развој на перспектива и самодоверба за управување со личните и емоции како и очекувањата и емоциите на луѓето со кои се опкружени.

За кого е наменета  

  • Менаџери на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции
  • Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера и продуктивно управување со личниот живот преку развој на емоционална интелигенција
  • Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите лидерски вештини

 Од оваа обука ќе научите:

Да ги разберете и примените принципите на емоционален развој на двете полиња во животот, личен и професионален

  • Подобро разбирање на врската помеѓу мислите и емоциите, да направите разлика помеѓу нив со цел да направите подобри одлуки
  • Да станете отпорни и проактивни кога сте соочени со предизвици, стрес, притисок и големи очекувања
  • Да идентификувате начини на кои преку практична примена на емоционална интелигенција ќе постигнете подобри резултати со луѓето за кои сте одговорни
  • Да ги разберете различните модели на однесувања и очекувања и како да работите со луѓе кои имаат различно однесување и очекувања
  • Да го разберете лидерскиот модел и пристап кој е потребно да го примените кога се наоѓате во тешка ситуација
  • Важноста на конфликт и како преку конфликт може да се изградат односи со другите
  • Развој на социјални вештини и емоционална интелигенција
  • Подобрување на лидерски вештини преку примена на емоционална интелигенција

Програма:

Ден 1:

  • Историја на настанок и развој на емоционална интелигенција
  • Модел на емоционална интелигенција на Daniel Goleman
  • Четири основни области на емоционална интелигенција
  • Компетенции кои произлегуваат од емоционална интелигенција
  • Самосвесност
    • Емоции
    • Вредности
    • Способности и вештини
    • Комуникациски стил
    • Работен стил
    • Личен/персонален стил (карактер)
    • Стил на справување со конфликт
    • Лидерски стил
  • Развој на самосвесност
    • Разбирање на сопствени чувства
    • Објективна перцепција за себе
    • Развој на самодоверба
  • Развој на самоконтрола
    • Емоционална самоконтрола
    • Интегритет
    • Способност за постигнување на цели
    • Флексибилност и агилност

Ден 2:

  • Развој на свесност за другите
    • Запознавање на другите
    • Развој на емпатија
    • Предвидување на потреби на другите
    • Култивирање на социјална свесност
    • Почитување на различитости
  • Градење на односи со другите
    • Ефективна комуникација
    • Развој на другите
    • Придонес кон резултатите на тимот
    • Управување со конфликти
    • Катализатор на промени
    • Градење на влијание
    • Инспирационо лидерство

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Отворени дискусии;

Времетраење: 16 часа ( 2 дена) од 09:00 до 17:00 часот

Обучувач:

Наташа Алексовска

  • Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс,

За учесниците ќе биде обезбедено:

  • Материјали – презентација, вежби, тестови, студии на случај;
  • Сертификат за учество;
  • Закуска и освежување;

Пријава за учество:

Сите заинтересирани учесници потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 12.02.2020 година, преку потполнување на пријава за учество .

За дополнителни информации контактирајте не преку info@vivendumsolutions.com.mk  или на телефон 071-337-592.