Како да ја добиете “војната за таленти“ преку обезбедување на работна средина која вработените ја посакуваат, алатки кои им требаат и организациона култура која ќе ја ценат и подржуваат

Опис на програма:

Што претставува EX – искуство на вработен?

Временски период во кој кандидатот за вработување ќе го забележи огласот за работа, до момент кога вработениот ќе ја напушти компанијата. Се што вработениот ќе научи, работи, доживее, сведочи и чувствува влијае врз градење на нeговото искуство со компанијата.

Позитивно искуство на вработен претставува основа за добри деловни резултати.

Оваа обука ќе ви даде одлична основа за концептот на EX (искуство на вработен), важноста на искуство на вработен како и причините поради која сите водечки глобални компании сè повеќе инвестираат во оваа поле.

Во оваа обука ќе бидат покриени едни од најчестите недоразбирања за „искуство на вработен“, вклучувајќи ги сличностите и разликите со други области во управување со човечки ресурси како што е сличноста со концептот на ангажираност на вработени.

Дополнително, на обуката ќе се разгледуваат предизвиците кои се поврзани со EX (искуство на вработен) и додадената вредност која една компанија ги добива со успешна имплементација на концептот.

Од оваа обука ќе научите:

  • Разлика помеѓу ангажираност на вработен и искуство на вработен
  • ROI – поврат на инвестиција од искуство на вработен
  • Трендови кои го дефинираат искуството на вработениот
  • Зошто компаниите имаат ниско ниво на успех кога се работи за ангажираност на вработени
  • Три области кои го креираат искуството на вработениот
  • Како да се креира извонредно искуство на вработен

Од обуката ќе добиете знаења со кои ќе можете :

  • Намалите % на заминување на вработени
  • Привлечете и задржите најдобрите таленти
  • Создадете континуирана промена и станете лидер на трансформација
  • Напредувате во кариерата

За кого е наменета  

  • Раководители на оддели за управување со човечки ресурси  
  • Професионалци од област на човечки ресурси
  • Професионалци заинтересирани за концепт на градење на искуство на вработен

Програма:

16.03.2023 – Ден 1 :

Еволуција на концепт на „Искуство на вработен“

  • Дефиниција на “ Искуство на вработен “
  • Истражувања на тема “ Искуство на вработен “
  • Носители на позитивно искуство на вработен
  • “ Војна за таленти“
  • Технологија
  • People analytics
  • Транспарентност

Три области за градење на позитивно искуство на вработен

  • Работна средина
  • Технолошка средина
  • Организациона култура
  • Формула за пресметка на ниво на искуство на вработен

17.03.2023 – Ден 2:

Додадена вредност од инвестирање во градење на позитивно искуство на вработен

  • 9 вида на организации
  • Парето анализа на “Искуство на вработен“
  • Додадена вредност на „Искуство на вработен“
  • Клучни показатели на успех и финансиски резултати
  • Трошок за градење на позитивно искуство на вработен

Како да се изгради организација насочена кон градење на позитивно искуство на вработен

  • Систем 1 наспроти Систем 2
  • Дизајн на систем за „Искуство на вработен“
  • „ Животен циклус“ на вработен
  • Моменти кои значат и „ Искуство на вработен“
  • Пирамида на “Искуство на вработен“
  • Чија сопственост е „Искуство на вработен“
  • Улога на вработените

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Проектна задача од работењето на компаниите на учесниците;

Времетраење: 2 дена

Обучувач:

Наташа Алексовска – Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 18 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 130 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1500 вработени од сите хиерархиски нивоа.

За да извршите регистрација за учество на обуката потребно е да испратете потполнета Пријава за учество (download) на info@vivendumsolutions.com.mk најдоцна до  14.03.2023 година.