Основана во 2014 година, Вивендум Ратио Солушнс е компанија за деловен консалтинг, посветена на креирање на промени и организациона агилност на организациите од приватниот и јавниот сектор, потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија.
За потребите на деловното работење потребен ни е Практикант за платена пракса во период од 3 месеци, со можност за вработување.
Одговорностите на практикантот вклучуваат:
• Управување и администрирање на страниците на социјалните медиуми на Друштвото (Facebook, Instagram, Twitter),
• Управување и администрирање на веб страниците на Друштвото,
• Учество во подготовка на креативни содржини за маркетинг кампањи,
• Следење и анализа на резултати од преземените активности на социјалните медиуми и подготовка на Извештаи,
• Да помага на деловниот консултант и на помлад деловниот консултант во анализа на предизвиците на клиентите и во пронаоѓање решенија за нивно надминување,
• Да помага во администрирање на документацијата на Друштвото.
Кандидатите е потребно да ги имаат следните:
Kвалификации:
• Завршено или последна година ВСС (Предност има Економски факултет – Маркетинг / Е-бизнис / Менаџмент)
• Со или без искуство
• Одлично познавање на англиски јазик (говор/пишување)
• Одлични компјутерски вештини, познавање и работа со алатки за дигитален маркетинг
Способности:
• Способност за управување и администрирање на веб страници и страници на социјални медиуми (Facebook, Instagram, Twitter)
• Одлични комуникациски вештини и однос со клиенти
• Способност за креативно размислување и наоѓање иновативни решенија
Вивендум Ратио Солушнс ги нуди следните услови:
• Практична работа во период од 3 месеци, со можност за вработување,
• Месечен надоместок,
• Службен лаптоп и телефон,
• Флексибилно работно време и можност за работа од дома.
Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV на info@vivendumsolutions.com.mk, најдоцна до 31.01.2022 година.
Recent Comments