Основана во 2014 година, Вивендум Ратио Солушнс е компанија за деловен консалтинг, посветена на креирање на промени и организациона агилност на организациите од приватниот и јавниот сектор, потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија.

За потребите на деловното работење потребен ни е Практикант за платена пракса во период од 3 месеци, со можност за вработување.

Одговорностите на практикантот вклучуваат:

• Под менторство на деловен консултант прави анализа на работењето на организацијата на клиентите и на нејзините постоечки практики, политики и деловни процеси

• Учествува во ревизија на постоечки и подготовка на нови процедури, правилници и политики и се грижи истите да се согласни со законските регулативи и стандарди

• Учествува во имплементација на решенија

• Учествува во организација на проекти преку Центарот за евалуација на вработени

• Учествува во организација на обуки, комуницира со учесниците и се грижи за логистичка поддршка при одржување на обуките

• Учествува во процес на евалуација на одржани обуки

• Помага во подготовка на административна документација

Кандидатите е потребно да ги имаат следните:

Kвалификации:

• Завршено или последна година ВСС

• Со или без искуство

• Одлично познавање на англиски јазик (говор/пишување)

• Одлични компјутерски вештини (MS Office)

Способности:

• Одлични комуникациски и интерперсонални вештини

• Одлични организациски и аналитички способности

• Способност за креативно размислување и наоѓање иновативни решенија

• Личност упорна и ориентирана кон постигнување на резултати

• Способност за себе-мотивирање и тимска работа

Вивендум Ратио Солушнс ги нуди следните услови:

• Практична работа во период од 3 месеци, со можност за вработување,

• Месечен надоместок,

• Службен лаптоп и телефон,

• Флексибилно работно време и можност за работа од дома.

Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV на info@vivendumsolutions.com.mk, најдоцна до 30.11.2022 година.