Способност за критичко размислување – клучна вештина за деловен и образовен успех

Светскиот Економски Форум ја рангираше способноста за критичко размислување на второ место на листата од топ 10 вештини за 2020 година, кои вработените треба да ги поседуваат за да постигнат успех и напредување на работно место.

Често во секојдневниот живот не обрнуваме внимание на критичкото размислување. Секојдневно носиме одлуки кои имаат влијание на нас, нашите семејства, средината во која функционираме и генерално општеството. Во ситуации кога ризикот и последиците од одлука се високи, способност за критичко размислување и клучна.

Способност за критичко размислување е важно во образованието. Учењето бара јаки и развиени способности за размислување, интерпретација и интеграција на ново знаење и соодветна и практична примена на наученото. Оваа е особено важно при соочување со несекојдневни ситуации, проблеми и иновативни можности.

Способност за критичко размислување е клучна за деловен успех, поради што претставува една од клучните вештини кои работодавачите ги вреднуваат.  Способност за критичко размислување, способност за ефикасна комуникција и решавање на комплексни проблеми претставуваат клучни компетенции кои работодавачите ги бараат при селекција на кандидати.

Модерната култура, комплексност и преоптовареност со информации од разновидни извори ја засилува потребата од примена на методи на критичко размислување, каде што е потребно континуирано да интерпретираме, анализираме, евалуираме и интерпретираме подаоци како би можеле да донесеме објективни и точни одлуки за неизвесни, непредвидливи и ризични ситуации.

Истражувањата укажуваат на врска помеѓу способност за критичко размислување со успех во образование и успех на работно место.  

Опис на програмата:

Развиена способност за критичко размислување и решавање на проблеми придонесуваат до подобра способност за носење на одлуки и препораки – која претставува клучна компетенција во денешното време и современата работна средина.

Способност за критичко размислување придонесува при анализирање и подобрување на процесот на размислување, поставување на вистински прашања, преиспитување на претпоставки и разгледување на различни ставови.

Способност за ефективно решавање на проблеми помага соодветно да се идентификува и систематски е сеопфатно да се работи на проблемот, обезбедувајќи јасност при носење на одлуки и препораки.

Оваа обука на учесниците ќе им демонстрира како критичкото размислување и способност за носење на одлуки оптимално функционираат заедно и ќе им обезбеди практични примери и алатки кои можат да бидат применети во секојневниот личен и професионален живот и на задачи и проекти без разлика на нивната големина и комплексност.

За кого е наменета  

  • Менаџери  на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции
  • Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера, способност за критичко размислување и носење на одлуки
  • Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите способности за критичко размилсување и носење на одлуки

Од оваа обука ќе научите:

  • Да го дефинирате критичкото размислување и да го идентификувате својот личен стил за критичко размислување
  • Да го изградите својот процес на критичко размислување и да изградите, анализирате и евалуирате различни погледи и ставови
  • Да ги подобрите клучните вештини поврзани со критичко размислување кои вклучуваат и активно слушање и техники на прашување
  • Јасно да анализирате контекст и информација за да го раберете и идентификувате проблемот
  • Примена на постапки и алатки за носење на одлуки
  • Да идентификувате соодветни решенија користејќи специфични пристапи
  • Да ја одберете најдобрата техника за носење на одлуки
  • Да избегнете најчести грешки при носење на одлуки

Програма:

Ден 1: Основи на критичко размислување

  • Вовед во критичко размислување
  • Логика и критичко размислување
  • Недостатоци во човечко размислување
    • Верување, мотивација и причина
    • Мотивација, емоции и однесување
    • Грешки во перцепција
  • Препознавање на шеми
  • Логика и аргументи
  • Логички грешки
  • Хеуристичкa и когнитивнa пристрасност
  •  Способност за предвидување – цифри и случајност
  • Наука и критичко размислување
    • Експериментални vs методи на набљудување
  • Наука vs псеудонаука
    • Видови на псеудонаука и размислување
  • Маркетинг, измами и урбани легенди
  • Наука, медиуми и демократија
  • Критичко размислување и наука во секојденвниот живот
    • Примена на принципи на критичко размислување во секојдневниот живот

Ден 2: Методи за носење на одлуки

  • Индукција, пропорција, корелација
  • Индукција, дедукција, конфирмација
  • Идентификување на причина и причински поврзаности
  • Анализа и синтеза
  • Апстракција и конкретизација
  • Генерализација и специјализација
  • Сценарија за практична примена на работно место и секојдневен живот

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Отворени дискусии;

Времетраење: 2 дена

Обучувач:

Наташа Алексовска

  • Основач и деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс

За да извршите регистрација за учество на обуката потребно е да испратете потполнета Пријава за учество на info@vivendumsolutions.com.mk најдоцна до  13.12.2022 година.