Дата: 12 Јуни 2025

Опис на програмата:

За успех во менаџментот потребно е разбирање на психологија која помага во дефинирање како на индивидуални, така и на однесувања на група. Успешните менаџери имаат карактеристики на високо ниво на самосвесност и емпатија, и имаат способност да ги искористат однесувањето на тимот, нивните ставови и верувања за да ги инспирираат и мотивираат за постигнување на високи резултати.

Цел на оваа обука е да ја претстави рамката и принципите кои на учесниците ќе им овозможи да ги истражат своите претпоставки за другите, да имаат подобро разбирање зошто луѓето го прават тоа што го прават и ќе можат поефективно да управуваат со себе и со другите.

Обуката е наменета за:

  1. Менаџери од сите хиерархиски нивоа – кои сакаат да ја подобрат својата ефикасност во водење на луѓе и тимови,
  2. ЧР професионалци – кои се вклучени во развој на вработени и управување со организациска култура,
  3. Претприемачи и сопственици на мали бизниси – кои се соочуваат со предизвиците на водење тимови и донесување одлуки,
  4. Индивидуалци – кои сакаат да се развиваат во оваа област.

Програма:

  1. Вовед во психологија на менаџмент
    1. Функции и приници на лидерство
    1. Психолошки теории на менаџмент
    1. Менаџмент
    1. Практични теории на лидерство
    1. Лидерство
    1. Лидерство vs Менаџмент
    1. Формирање на група во организација и управување со организација
    1. Формирање на група и нивна класификација
    1. Главни карактеристики на организација, формирање и контрола
    1. Организација како систем
    1. Разбирање на организациона култура
    1. Визија на организација како насока кон успех
    1. Животен циклус на тим
    1. Мотивација и лојалност
    1. Правичност и фер третман во организација
    1. Организационен стрес
    1. Градење на оптимизам и фокус

Бенефити од обуката:

  1. Подобро разбирање на однесувањето на вработените и соработниците
  2. Подобрување на лидерски вештини
  3. Ефикасно управување со тимови и поединци
  4. Подобрување во носење одлуки
  5. Зголемување на мотивација и ангажираност во тимот
  6. Подобрување на организациската култура.

Методологија на предавање:

  • Пренесување на теоретско знаење поврзано со реални примери од секојдневниот живот и случувања во организациите;
  • Пренесување на современи практики, алатки и решенија за подобрување;
  • Учење преку индивидуални и тимски вежби;
  • Проектна задача од работењето на компаниите на учесниците;

Обучувач:

Наташа Алексовска – Основач и Постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс. Професионалец со повеќе од 19 години искуство во областа на човечки ресурси, предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 130 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 1500 вработени од сите хиерархиски нивоа.

За да извршите регистрација за учество на обуката потребно е да испратете потполнета Пријава за учество (клик за download) на info@vivendumsolutions.com.mk најдоцна до 10.06.2025 година.

За сите дополнителни информации, контактирајте не на 071 337 592.